Улрих II (германски: Ulrich; 1254 – 18 септември 1279) — гроф на Виртемберг. Тој владеел од 1265 до 1279 година.
Улрих бил син на Улрих I и Мехтилд од Баден. Тој ѝ пристапил на власта во 1265 година, на 11-годишна возраст и, според тоа, најверојатно бил под туторство на грофот Хартман II од Грининген. Тој првпат се споменува во документите околу 1270 година. Не е познато дали Улрих бил оженет. Бил наследен од неговиот полубрат Еберхард I.