Конрад I (гроф на Виртемберг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Конрад I
Гроф на Виртемберг
На престол1099-1122
НаследникКонрад II
Починал(а)1122
Полно име
македонски: Конрад фон Виртинисберк
германски: Konrad von Wirtinisberc
ДинастијаДинастија Виртемберг
Таткофон Бојтелсбах
Дворецот Виртемберг (околу 1600)

Конрад I (германски: Konrad von Beutelsbach; ? – 1122) — првиот владетел на замокот Виртемберг од 1099 до 1122 година, а првпат се споменува во 1081 година. Се смета дека е основач на династијата Виртемберг.

Конрад бил син на благородникот, фон Бојтелсбах, а веројатно и потомок на Саличкиот војвода Конрад од Корушка. Неговиот брат бил Бруно фон Беутелсбах. Неговата сопруга се викала Вернтруд.

Околу 1083 година Конрад изградил замок на Виртемберг во близина на денешен Штутгарт. Тој го наменил замокот како свое живеалиште и ја именувал својата династија по него. На 5 мај 1092 година во Улм бил сведок на преносот на имотот во опатијата Алерхајлиген во близина на Шафхаузен. Ова е првпат неговото име да се споменува во целосен документ, но овој документ не е оригинал. Во двете ситуации Конрад I се чини дека е тесно поврзан со луѓе кои се противници на Хајнрих IV, светиот римски цар. Овој политички став е во согласност со фактот дека тој побарал од епископот од Вормс, противник на царот, да ја освети неговата капела на замокот, наместо епископот од Констанца на чија територија всушност се наоѓал замокот.

Помеѓу 1080 и 1087 година, Конрад и помогнал на опатијата Хирсау со донации како што е документирано во Хирсауер Шенкунгсбух („Регистар на подароци од опатијата Хирсау“). Во овој документ тој е окарактеризиран како „моќен човек меѓу Швабите“.