Прејди на содржината

Кариби

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Карипските острови)
Западни Инди води тука. За други значења видете Западни Инди (појаснување)
Местоположбата на Карибите во светот:
сино = Карипско Море
зелено = Западни Инди
Средна Америка и Карибите (детална pdf мапа) Архивирано на 6 мај 2009 г..

Кариби (англиски: Caribbean, холандски: Caraïben, француски: Caraïbes, шпански: Caribe) или Карипски Островирегион во Средна Америка, кој се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои се обиколени од морето) и околните брегови. Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од копнена Средна Америка и на север и запад од Јужна Америка.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија), иако тој всушност стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји. Карабија е популарно име за групата острови во Карипското Море.

Географија

[уреди | уреди извор]
Тектонски плочи во светот
Карта на поморските граници.

Сместена највеќе на Карипската Плоча, областа зафаќа повеќе од 7.000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антили на југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските одредишта и зависните области.

Островски групи

[уреди | уреди извор]

Лукајски Архипелаг (Бахамски Архипелаг)[1]

Големи Антили

Мали Антили

  1. Архипелагот се наоѓа во Атлантскиот Океан, не во Карипското Море. Архипелагoт е дел од Западните Инди.

Поврзано

[уреди | уреди извор]