Илирска Бистрица
| Илирска Бистрица Ilirska Bistrica | ||
|---|---|---|
| ||
| Местоположба во Словенија. | ||
| Координати: 45°34′4.5″N 14°15′9.7″E / 45.567917°N 14.252694°E | ||
| Држава | ||
| Традиционален регион | Нотрањска | |
| Статистички регион | Приморско-нотрањски | |
| Општина | Илирска Бистрица | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 34,78 км2 (13,43 ми2) | |
| Надм. вис. | 421,2 м | |
| Население (2020) | ||
| • Вкупно | 4.323 | |
| • Густина | 120/км2 (320/ми2) | |
| Час. појас | UTC+1 | |
| Пошт. бр. | 6250 | |
Илирска Бистрица (словенечки: Ilirska Bistrica) — мал град во Општина Илирска Бистрица во западна Словенија. Градот е центар на општината Илирска Бистрица. Областа е дел од историскиот регион Нотрањска. Населбата сега е вклучена во Приморско-нотрањскиот статистички регион.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Името Илирска Бистрица, своето потекло го има во времето на Австриската империја, кога областа била дел од Кралството Илирија, административна единица помеѓу 1816 и 1849 година. Придавката Илирска (германски: Illyrisch) била додадено на старото име Бистрица (Feistritz), разликувајќи го од другите градови во општата област како што е Феистриц им Розентал (словенечки: Bistrica v Rožu) или Словенска Бистрица (словенечки: Slovenska Bistrica).
Географија
[уреди | уреди извор]Центарот на градот се наоѓа на античкиот пат од Постојна и Пивка до Риека на јадранскиот брег. Сместено е во долината на реката Река, на стрмниот раб на густо пошумената висорамнина Снежник на североисток. На југозапад, ридовите Бркини ја формираат природната граница со историскиот регион на словенечкото приморје.
Црква
[уреди | уреди извор]Парохиската црква во градот е посветена на Свети Петар и припаѓа на Коперската епархија. Втората црква во градот е посветена на Свети Георги.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Koper, Škofija. „Škofija Koper“. Škofija Koper (словенечки). Посетено на 2021-12-01.