Врдомици

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ердогмуш)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Врдомици
Ποντοκώμη
Врдомици is located in Грција
Врдомици
Врдомици
Местоположба во областа
Врдомици is located in Кожани (општина)
Врдомици
Местоположба на Врдомици во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°25′N 21°46′E / 40.417° СГШ; 21.767° ИГД / 40.417; 21.767Координати: 40°25′N 21°46′E / 40.417° СГШ; 21.767° ИГД / 40.417; 21.767
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански Округ
ОпштинаОпштина Кожани
Општ. единицаДимитриос Ипсилантис
Надм. вис.&10000000000000665000000665 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,116
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Врдомици или Ердогмуш (грчки: Ποντοκώμη, Понтокоми), до 1927 г. Ερτομούς Ертомус) [2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 1.116 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источното подножје на планината Црвена Гора (Вуринос).

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Врдомици (Ердогмуш) е турско село во Кајларската Каза на Османлиската Империја. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Ердомусли живееле 875 Турци.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Врдомици станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Врдомици има 977 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 299 семејства и 1.093 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Пондокоми, што во превод значи Понтиско Село.

Наводи[уреди | уреди извор]