Прејди на содржината

Јужноафриканска култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Припадници на племето Зулу во Натал

Јужна Африка е позната по својата етничка и културна разновидност. Оттаму, не постои една единствена култура на Јужна Африка. Во Јужна Африка сè уште има значителен број црно население кое живее во руралните средини и кое живее сиромашно. Сепак, кај овие луѓе најмногу се почитува традицијата, бидејќи многу црнци се урбанизирале и го прифатиле западниот начин на живот, а ја занемариле традиционалната култура. Урбанизираните црнци зборуваат англиски,[1][2] но го зборуваат и својот мајчин јазик, африканс. Тие се мала но значајна група која ги зборува Којсанските јазици,[3]кои не припаѓаат во групата на единаесетте службени јазици, но се едни од други девет признати службени јазици. Постои мала група која ги зборува јазиците на праг на изумирање, тоа се најчесто којсански семејства, кои немаат никаков статус. Сепак, некои групи во Јужна Африка се обидуваат да ја промовираат употребата на јазиците и нивното оживување.

Припадниците на средната класа, кое вклучува и црно и бело население, индиско население, имаат сличен начин на живот како луѓето од Западна Европа, Северна Америка, Австралија и Азија. Припадниците на средната класа најчесто учат и работат во странство за подобар пристап до светските пазари.

Индијците од Јужна Африка го зачувале своето културно богатство, јазик и религиозни верувања без разлика на тоа дали се христијани, хиндуисти или сунити или луѓе кои го зборуваат англискиот јазик. Индиските јазици како што се хинди, телушкиот, тамилскиот и гуџаратскиот се зборуваат многу поретко како втор јазик. Првите Индијци пристигнале со бродот Труро за да работат како чираци на полињата со шеќерна репка во Натал, додека пак други дошле како трговци. Бранот имиграција по апартхејдот на Јужна Азија ( вклучувајќи го и Пакистан ) исто така влијаел врз културата на Индијците од Јужна Африка. Постои помала заедница на Кинези од Јужна Африка, составена од првите имигранти, имигранти од Тајван од времето на апартхејдот и имигранти од Кина од времето после апартхејдот.

Државата на Апартхејдот законски ги класифицирала Јужноафриканците во една од четирите расни групи, одредувала каде би можеле да живеат и наметнала сегрегација во образованието, можностите за работа, јавните удобности и социјалните односи. Иако овие закони биле укинати во раните 1990-ти, расните категории на апартхејдот остануваат вкоренети во јужноафриканската култура,[4][5][6][7] со тоа што Јужноафриканците продолжиле да се класифицираат себеси и едни со други, како што припаѓаат на една од четирите дефинирани расни групи (црни, бели, обоени и Индијанци)[7][6] што го отежнува дефинирањето на една јужноафриканска култура која не се повикува на овие расни категории.[7]

Историја

[уреди | уреди извор]

Уметност

[уреди | уреди извор]
Еланд, пештерско сликарство, Змејски Планини, Јужна Африка

Најстарите уметнички предмети се откриени во пештера во Јужна Африка. Тоа се мали школки во форма на полжав кои се нижеле на конец и служеле како ѓердан, а датираат од пред 75000 години. Јужна Африка е лулка на човековиот род.

Распрснатите племиња на етничката група Којсанци , која се населила во Јужна Африка 10.000 години п.н.е, имаат свој сопствен уметнички стил претставен на мноштвото цртежи во пештерите. Овие цртежи биле заменети со јазични уметнички форми на етничката група Банту. Во 12 век, традиционалните племенски уметнички форми биле заменети и повторно соединети со политиките на апартхејдот. Една форма на уметност се развила во периодот на апартхејдот. Оваа нова карактеризација била наречена „Граѓанска уметност“ и станала вообичаена во 1960-тите и 1970-тите. Овој уметнички стил имал тенденција да прикажува сцени од секојдневниот живот на сиромашните црни поединци во Јужна Африка.[8]

Нови уметнички форми се создале во рудниците и областите, динамична уметност претставена од пластични ленти до велосипедски жици. Уште од 1850-тите години, холандската народна уметност, која влијаела врз африканските Трекбури и урбаните бели уметници сериозно ја следеле промената на европските традиции, воедно и придонеле за оваа еклектична мешавина која се развива и денес.

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Замокот Добра надеж, најстарото колонијално здание во Северна Африка

Архитектурата на Јужна Африка ја отсликува богатата етничка и културна разновидност на земјата и нејзиниот историски колонијален период. Понатаму, влијанијата од други подалечни земји придонеле во разновиодноста на архитектонската сцена на Јужна Африка.

Херберт Бејкер, еден од највлијателните архитекти, ги дизајнирал Јунион Билдингс во Преторија. Други позначајни објекти се Родсовиот Меморијал, катедралата „Свети Ѓорѓи“ во Кејптаун и колеџот „Свети Јован“ во Јоханесбург.

Во почетокот на 17 век значајна е архитектурата на Холанѓаните од Западен Кејп, а самото име го дава потеклото односно дека првите населувачи на Кејп биле Холанѓаните. Овој стил ја отсликува средновековна Холандија, Германија, Франција и Индонезија. Куќите градени по овој стил имаат различен и препознатлив дизајн, тие се големи, богати со кружни калкани кои потсетуваат на куќите од Амстердам градени во холандски стил.

Руралните пејзажи на Јужна Африка изобилуваат со традиционална африканска архитектура.

Литература

[уреди | уреди извор]
Оливија Шрејнер, автор на Приказната за една африканска фарма (1883)

Од единствената социјална и политичка историја на Јужна Африка се родила група на писатели од месната средина кои твореле за деновите на апартхејдот и за животите на луѓето во „новата Јужна Африка“.

Првите црни писатели на Јужна Африка се мисионерски образовани, а пишувале на англиски или африкански. Муди е првиот добро познат роман напишан од Соломон Текисо Платје во 1930 година на африкански јазик.

Надин Гордимер ја сметаат за една од „герилците на имагинацијата“, а е првата Јужноафриканка и една од осумте жени која добила Нобелова награда за литература во 1991 година. Нејзиниот најпознат роман е Луѓето на јули издадена во 1981 година, во кој е насликан колапсот на правото на белото малцинство.

Драмите на Атол Фугард се играле во дополнителни театри во Јужна Африка, Лондон и Њујорк. Приказната на една африканска фарма од Олива Шрејнер (1883 година) е откровение за викторијанската литература, а претставува предвесник во воведувањето на феминизмот во романот.

Алан Патон во 1948 година го издал романот Плачи, сакана земјо. Тој раскажува за еден црн свештеник кој доаѓа во Јоханесбург да го пронајде својот син, а романот станува меѓународно најбарана книга. Во текот на 1950-тите години, списанието Drum станува легло на политичката сатира, фикција и есеи, давајќи и глас на урбаната култура на црнците.

Писателите кои пишувале на африкански јазик започнале да пишуваат и контроверзно. Брејтен Брејтенбах бил затворен поради неговото вовлекување во герилското движење против апартхејдот. Андре Бринк е првиот африкански писател на кого владата му забранила да издава веднаш по издавањето на неговиот роман Бела сува сезона, во која се работи за бел Јужноафриканец кој ја открива вистината за црн пријател кој умира во полициски притвор.

Џон Роналд Руел Толкин роден во Блумфонтејн во 1892 година, го напишал Хобитот, Господарот на прстените и Силмарилион.

Монган Воли Серот станал истакнат поет во 1970-тите години, чие најпознато дело е Ниедно бебе не мора да плаче, го отсликал секојдневниот живот на црните Јужноафриканци под апартхејдот. Закес Мда е уште еден познат романописец, кој во ист временски период станал и поет и драматург и романописец. За неговиот роман, Срцето на Црвенилото добил Награда за писателите на Федерацијата. Џон Максвел Куци за првпат издал во 1970-тите години, а во 1983 година за неговиот роман Животот и времето на Мајкл К. ја добил Букеровата награда. За романот Бесчестие од 1999 година ја доби втората Букерова награда како и Награда за писателите од Федерацијата во 2000 година. А во 2003 година ја добил Нобеловата награда за литература.

Додека многу странски филмови се продуцирани за Јужна Африка (најчесто во нив станува збор за расни односи), неколку месни продукции се познати надвор од границте на Јужна Африка. Исклучок е филмот од 1980 година, „Боговите паднаа на теме, поставен во Калахари. Станува збор за тоа како животот на една традиционална заедница на Бушманите се менува кога шише од кока-кола било фрлено од авион. Џејми Јуис, кој го напишал и режирал филмот „Боговите паднаа на теме“, а во 1970-тите години се здобил со успех во прекуокеанските земји со неговите филмови Смешни луѓе 1 и 2 , слични на телевизискиот серијал Скриена камера во САД. Во истиот жанр спаѓа и филмот на Леон Шустер, Мора да се шегувате! кој е доста познат меѓу Јужноафриканците.

Филмот Дистрикт 9, кој го режирал Нил Бломкамп и продуцирал Питер Џексон, несомнено најдобро ја отсликува Јужна Африка во последните години. Акцијата/ научна фантастика ја прикажува подкласата на бегалци вонземјани кои се присилени да живеат во сиромашните квартови на Јоханесбург, она што многумина го сметаат за креативна алегорија за апартхејдот. Имало критики за филмот но имал комерцијален успех низ светот, а бил номиниран за најдобар филм на Осумдесет и второто доделување на наградите Оскар.

Енох Сонтонга

Музиката на Јужна Африка претставува вистинско богатство. Многу музичари кои за време на апартхејдот пееле на африкански или англиски, нивната кариера ја започнале на традиционалните африкански јазици и го развиле единствениот стил наречен Кваито. Најпозната е Бренда Фаси и нејзината песна испееана на англиски „Weekend special“. Меѓу познатите традиционални музичари спаѓа и Лејдисмит Блек Мамбацо, додека пак квартетот Совето Стринг изведува класична музика со африкански стил. Историски гледано, на пејачите од Јужна Африка влијаеле европските музички стилови.

Од Јужна Африка потекнуваат и светски познатите џез музичари како што се Хју Масакела, Јонас Гвангва, Абдула Ибраим, Миријам Макеба; Џонатан Батлер, Крис Мекгрегор. Африканската музика опфаќа повеќе жанрови, како што е современиот Стив Хофмејор и панк рок бендот Фокофполисикар. Верити , Џони Клег и неговите бендови Јулука и Савука доживеале повеќе успеси како тајни музичари така и јавно и во странство.

Новиот музички жанр Кваито се развил во средина осумдесеттите години и оттогаш станал најпознатата социјално-економска форма на претставување меѓу населението. Несомнено е дека по апартхејдот, политичките аспекти на Кваито се намалиле, а во секојдневниот живот интересот кон политиката се намалил. Некои сметаат дека Кваитото всушност претставува политичка сила која покажува активизам на неговите аполитички дејствувања.

Денес, големите корпорации како што се Сони, БГМ и ЕМИ се присутни на јужноафриканската сцена за да ја произведуваат и распространат музиката. Што се однесува до популарноста, Кваито музиката се пренесува преку радио, телевизија и списанија.[9]

Јужноафриканската рок музика е многу популарна субкултура, особено во регионот на Јоханесбург. Алтернативниот рок и метал бенд Seether стекнал меѓународна популарност во раните 2000-ти, со пет од нивните албуми кои добиле златна или платина сертификација во Соединетите Американски Држави.[10] Четири други рок бендови, KONGOS, Civil Twilight, Prime Circle, The Parlotones и исто така постигнале успех во странство кон крајот на 2000-тите. Додека метал бендовите како Vulvodynia постигнале умерен успех во 2020-тите.

Храна и пијалаци

[уреди | уреди извор]
Традиционална јужноафриканска кујна

Јужноафриканската кујна која е всушност збир од повеќе кујни, уште се нарекува и „виножитна кујна“ и содржи мноштво од мултикултурни извори и стадиуми.

Готвењето е практикувано од страна на етнички групи од Јужна Африка како што се: Којсаните, Коса, Зулу и Басото.

За време на колонијалниот период, како последица на големиот бран на доселувања Бурите (Африканери), Индијците, Британците и нивните робови и слуги ја пренеле нивната кујна. Туку спаѓа и кујната на етничката група ’Ртски Малајци која е доста слична со онаа на Малезија и Јава, како и рецепти од Мозамбик (Португалија).

Винарство

[уреди | уреди извор]

Јужна Африка е една од поголемите производители на вино, со најдобрите лозја во долините на Стелленбос, Франсхук, Парл и Баридејл. Јужноафриканското вино датира уште од 1659 година, а видот Константија се сметало за едно од најдобрите вина во светот. Пристап кон новите пазари започнал брзо со нова енергија и нови вложувања. Производството главно се концентрирало околу Кејптаун, со лозјата и центрите за производтво во Парл, Стелленбос и Ворчестер.

Постојат околу 60 именувања на вината од Јужна Африка, кои биле воведени во 1973 година со хиерархија на назначени производствени региони, населби и одделенија. Вината мора да бидат направени 100 % грозје од назначена област. Површината на лозјата треба да изнесува најмалку 5 хектари. Одделенијата се области со различна почва и / или клима и се отприлика еднакви до оние на Европа.[11]

Образование

[уреди | уреди извор]
Поглед кон кампусот на Родсовиот Универзитет

Образованието трае 12 години, од прво одделение до дванаесетто одделение. Одделението Р се смета за предшколство. Основното образование е во времетраење од седум години.[12] Средното образование е во времетраење од пет години. Матурата се изведува на крај од дванаесеттото одделение и е потребна за високите студии на универзитетот во Јужна Африка.[13]

Државните универзитети во Јужна Африка се поделени на три групи: традиционални универзитети, на кои се добиваат теоретски ориентирани универзитетски дипломи, универзитети за технологија, на кои се добиваат стручни дипломи и универзитети на кои се добиваат и двата вида на дипломи. Во јавните институции се зборува англиски, но и африканскиот јазик се употребува. Постојат голем број на образовни институции , некои од нив се локални кампуси на странски универзитети, некои држат предавања за студенти кои подготвуваат испити за универзитетот во Јужна Африка, а некои пак нудат дипломи кои се признати или непризнати.

Јавните расходи за образование изнесувале 6,1% од БДП во 2016 година.[14] За време на апартхејдот, училиштата за црнците биле предмет за дискриминација преку несоодветно финансирање и посебна програма наречена Банту Образование со кое се стекнувале со вештини само за работници. Поправање на овие нееднаквости се во фокусот на неодамнешната образовна политика.[15]

Извидништво

[уреди | уреди извор]

Јужна Африка, исто така, имала големо влијание во извидничкото движење, со многу извиднички традиции и церемонии кои потекнуваат од искуствата на Роберт Баден-Пауел (основачот на извидништвото) за време на неговото време во Јужна Африка како воен офицер во 1890-тите-1900-тите. Извидниците биле една од првите младински организации што ги отворила своите врати за младите и возрасните од сите раси во Јужна Африка. Ова се случило на 2 јули 1977 година на конференција позната како Quo Vadis.[16]

Општествени обичаи

[уреди | уреди извор]

Родови улоги

[уреди | уреди извор]

Општо гледано сите расни и етнички групи во Јужна Африка имаат посебни верувања во однос на родовите улоги, кои во основа се смета дека жената е помалку важна или не заслужува моќ отколку мажите. Во повеќето африкански традиционални организации доминира машката популација. Дури во 1990-тите години, во некои рурални области на Јужна Африка, жените оделе само неколку метри позади мажите и сето тоа во согласност со традиционалните практики. Мал број на ултра конзервативни африкански религиозни верувања се поистоветуваат со Библијата дека придонесот на жените во општеството би требало да биде одобрен од или во име на мажите. Белците кои зборуваат англиски јазик настојуваат да бидат најлиберални групи и се осврнуваат кон прашања за родовите улоги.

Економскиот и политичкиот развој во XX век им приредил жените од Јужна Африка нови пречки и нови можности за да влијаат. На пример, потребите за работна сила во градовите и рудниците ги оттргнале мажите од нивните домови со месеци, а како резултат на тоа на жените им преостанало да се грижат за сите нивни одговорности во домот и во селото. Жените требале да обезбедат опстанок за нивните семејства како и да ги извршуваат финансиските и правните трансакции, за кои пак треба да се грижи мажот.

Полова ориентација

[уреди | уреди извор]

Иако со управниот и правниот систем на Јужна Африка се обезбедува еднаквост, постои општествено неприфаќање, особено во урбаните области. Геј популацијата од малите градови се често жртви на насилство и силување. Ова е вака бидејќи се претпоставуваа дека тие се закана за традиционалните мажи.[17] Иако доказите за омраза може да влијаат во одлуките за поедини случаи, Јужна Африка нема посебно законодавство за „ злосторство на омраза“, многу организации за човекови прави ја критикуваат полицијата на Јужна Африка во нејзиниот неуспех во решавањето на злосторствата поттикнати од пристрасност.[18]

На пример, невладината организација ActionAid ја осудила неказнетоста и ги обвинила владите кои премолчале пред пријавените убиства на лејзбијки во хомофобични напади во Јужна Африка. Таканаречените „поправни“ силувања кои ги извршуваат мажите со цел дека ќе ја излечат лезбејката од нејзината сексуална ориентација. Заштитниците на човековите права веруваат дека причина за појавувањето на сексизмот и хомофобијата е тесно поврзана со фрустрацијата на мажите и нивната невработеност и сиромаштија.[19][20]

Наука и технологија

[уреди | уреди извор]

Неколку важни научни и технолошки развивања потекнуваат од Јужна Африка. Во декември 1967 година, првото пресадување на срце го извршил кардио хирургот Кристијан Барнард во болницата Groote Schuur. Мах Тејлер ја пронашол вакцината против жолтата треска, Алан МекЛеод Кормак ја пронашол рендген компјутерската томографија, а Арон Клуг ги пронашол електронските микроскопски техники. Сите овие пронајдоци (освен на Барнард) се наградени со Нобелова награда. Во 2002 година, Сиднеј Бренер добил Нобелова награда за неговата работа во молекуларната биологија.

Марк Шатлворт е основач на интернет безбедносната компанија Thawte, која ја преземал светскиот водач VeriSign. И покрај владините напори да го охрабрат претприемништвето во биотехнологијата, информатичката технологија и другите полиња на техниката, никакви други компании не биле основани во Јужна Африка. Сепак, тоа е целта на владата за измена на економијата за таа сè повеќе да се осврнува кон технологијата, со сознание дека Јужна Африка не може да се натпреварува со економиите на Далечниот Исток и дека не секогаш може да се потпре на своите минерални богатства .

Најпопуларни спортови во Јужна Африка се фудбал, рагби и крикет..[21] Преостанати спортови кои се поддржуваат се пливање, атлетика, голф, бокс, тенис и нетбол. Иако младите најмногу играат фудбал, интересот за кошарка, сурфање и скејбординг станува сè поголем.

Меѓу познатите боксери спаѓаат Џејкоб Матлата, Вујани Бунгу, Велком Нцита, Динган Тобела, Гери Кеце и Брајан Мичел. Во големите светски фудбалски клубови играле Лукас Радебе и Филемон Масинга (во ФК Лидс Јунајтед), Квинтон Форчун (Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед), Бени Меккарти (Ајакс Амстердам, ФК Порто, Блекбурн Роверс и Вест Хем Јунајтед), Арон Мокена (Ајакс Амстердам, Блекбурн Роверс и Портсмут), Делрон Бакли (Борусија Дортмунд) и Стив Пинар (Ајакс и Евертон). Џорди Смит со победата во 2010 година станал сурфер број 1 во светот. Светскиот шампион во Формула 1 од 1979 година е Џоди Шектер. Познати крикет играчи се: Хершел Гибс, Греме Смит, Џек Калис ЈП Думини и други. Повеќето од нив учестуваат во Индијанската премиер лига.

Светски познати рагби играчи од Јужна Африка се Франсоа Пинар, Џуст ван дер Вестујзен, Дани Кравен, Фрик ду През, Нас Бота и Брајан Хабана. Во 1995 година, Јужна Африка била домаќин и го освоила светското рагби првенство, а во 2007 година го освои првенствоот во Франција. Во 1996 година, Јужна Африка била домаќин на Африканското првенство на нации, каде репрезентацијата го освоила турнирот. Во 2003 година, Јужна Африка била домаќин на Светското првенство во крикет, потоа во 2007 година за Светското првенство Twenty20, а во 2010 година за првпат во Јужна Африка се одржало ФИФА Светското првенство . Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер бил презадоволен од гостопримството на Јужна Африка за кое големи пофалби.[22]

Во 2004 година, пливачкиот тим составен од Роланд Шеман, Линдон Фернс, Дариан Таунсенд и Рик Нитлинг го освоија златниот медал на Олимписките игри во Атина, каде го срушија светскиот рекорд за 4x100 слободен стил. Во 1996 година, Пени Хејнс го освоил златото на Олимписките игри во Атланта.

Гери Плејер е награден за најдобар голфер на сите времења и е еден од петте голфери кој го освои Гран Слемот. други јузноафрикански голфери кои освоиле поголеми турнири се Боби Лок, Ерни Елс, Ретјеф Гусен, Тревор Имелман Луис Остујзен.

  1. Posel, Dorrit; Zeller, Jochen (2011). „Home language and English language ability in South Africa: Insights from new data“. Southern African Linguistics and Applied Language Studies. 29 (2): 115–126. doi:10.2989/16073614.2011.633360. hdl:10413/8453. ISSN 1607-3614. S2CID 145123143.
  2. „ENGLISH IN SOUTH AFRICA – A DOUBLE-EDGED SWORD (2)“. Teaching English Today. 2020-11-03. Посетено на 2021-06-15.
  3. du Plessis, Menán (2019). „The Khoisan Languages of Southern Africa: Facts, Theories and Confusions“. Critical Arts. 33 (4–5): 1–22. doi:10.1080/02560046.2019.1647256. ISSN 0256-0046. S2CID 203429045.
  4. Rondganger, Lee (6 June 2006). „Being an African makes me who I am“. IOL. Посетено на 9 March 2013.
  5. du Preez, Max (9 March 2011). „Are we all 'coloured'?“. News24. Посетено на 9 March 2013.
  6. Posel, Deborah (2001). „What's in a name? Racial categorisations under apartheid and their afterlife“ (PDF). Transformation: 50–74. ISSN 0258-7696. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-11-08.
  7. 7,0 7,1 Pillay, Kathryn (2019). „Indian Identity in South Africa“. The Palgrave Handbook of Ethnicity. стр. 77–92. doi:10.1007/978-981-13-2898-5_9. ISBN 978-981-13-2897-8.
  8. Peffer, John. (2009). Art and the end of apartheid. Minneapolis: University of Minnesota Press. стр. 31. ISBN 978-0-8166-6792-5. OCLC 320842091.
  9. „South African music after Apartheid: kwaito, the "party politic", and the appropriation of gold as a sign of success|Popular Music and Society“. Архивирано од изворникот на 2007-05-11.
  10. „Gold & Platinum - RIAA: Seether“. RIAA. Посетено на 2 December 2016.
  11. „Wine of Origin booklet“ (PDF). SAWIS. 13 August 2005. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 September 2007. Посетено на 20 June 2007.
  12. „Education in South Africa“. SouthAfrica.info. Архивирано од изворникот на 17 June 2010. Посетено на 20 June 2010.
  13. „A parent's guide to schooling“. Посетено на 31 August 2010.
  14. „Government expenditure on education (% of GDP)“. United Nations Development Program. Посетено на 14 October 2016.
  15. „Bantu Education“. Overcoming Apartheid. Посетено на 20 June 2010.
  16. „History of Scouting in South Africa“. South African Scout Association. 2006. Архивирано од изворникот на 1 January 2007. Посетено на 30 November 2006.
  17. [1] Архивирано на 26 ноември 2007 г.
  18. Gandar, Sally (2021-04-27). „MAVERICK CITIZEN OP-ED: Bodies pile up as the hate crimes bill gathers dust in Parliament“. Daily Maverick. Посетено на 2021-06-22.
  19. „Press Releases“. ActionAid. Архивирано од изворникот на 20 March 2009. Посетено на 2013-05-06.
  20. [2] Архивирано на 17 март 2009 г.
  21. „Sport in South Africa“. SouthAfrica.info. Архивирано од изворникот на 29 June 2010. Посетено на 28 June 2010.
  22. Cooper, Billy (12 July 2010). „South Africa gets 9/10 for World Cup“. Mail & Guardian. Архивирано од изворникот на 15 July 2010. Посетено на 9 September 2010.