Култура во Боцвана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Културата во Боцвана е типична јужноафриканска, но со одредено влијание од европските колонијални сили. Доминантен културен елемент во државата е цванскиот, и истиот се рефлектира во спортот, уметноста, музиката и останатите општествени сегменти.

Универзитетот Боцвана.
Амантле Монтшо е позната боцванска спортистка.
Карпеста уметност во Боцвана.
Пустината Калахари.
Залез во Боцвана.

Образование[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Образование во Боцвана.

Во моментот кога Боцвана се стекнала со независност, во државата имало многу мал број дипломирани лица, и мал процент на луѓе со средно образование. Боцвана ја зголемила писменоста на возрасното население од 69% во 1991 година на 83% во 2008.[1]

Со откривањето на дијаманти и приходите кои владата ги добила од тоа, се забележал голем пораст на образованието во државата. На сите деца им се гарантира десетгодишно основно образование. Околу половина од учениците во Боцвана посетуваат дополнителни две години средно образование. Средното образование во Боцвана не е бесплатно и не е задолжително.

По завршувањето на средното образование, учениците може да се запишат на еден од шесте колеџи во државата или да се запишат на некои курсеви. Во државата функционираат Универзитетот Боцвана, Боцвански земјоделски колеџ и Боцвански сметководствен колеџЖБоцванскиот сметководствен колеџ. Покрај овие, во државата има и уште одреден број приватни високообразовни институции. Голем дел од студентите се стекнуваат со државна школарина. Владата на Боцвана е во изградба и на вториот државен универзитет - Боцвански меѓународен универзитет за наука и технологија.

Спорт[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Спорт во Боцвана.

Фудбалот е најпопуларен спорт во државата. Најголем успех на боцванскиот фудбал е квалификувањето на Африканскиот Куп 2012. Покрај фудбалот, во државата популарни се крикетот, тенисот, рагбито, ракометот и голфот[2][3] Боцвана е член на Меѓународниот совет за крикет.

Боцвана нема медал на Олимписките игри, но во 2011 година Амантле Монтшо станала светски шампион во трки на 400 метри и таа станала првиот атлетичар од Боцвана кој освоил медал на меѓународно ниво. Покрај Амантле, Кабело Кгосиеманг е исто така познат атлетичар, кој бил три пати африкански шампион во скок во височина.

Уметност и кујна[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Уметност во Боцвана“ и „Кујна во Боцвана.

Боцванската музика е вокална и се изведува без тапани. Голема улога во боцванската музика имаат жичаните инструменти. Традиционални боцвански инструменти се сетинкане и сеганкуре. Во последните години гитарата станала неопходен дел од боцванската музика.

Кујната во Боцвана е уникатна, но сепак споделува карактеристики со останатите јужноафрикански кујни. Популарни јадења во Боцвана се пап, буревурс, самп, феткек и црви мопане. Карактеристично за Боцвана е сесва, солено мешано месо.

Најстарите боцвански и јужноафрикански цртежи на луѓе, животни и лов се наоѓаат во пустината Калахари. Цртежите биле изработени од Бушмани и се стари преку 20 000 години.

Национални празници[уреди | уреди извор]

Националните празници во Боцвана се[4]:

Датум Македонско име Локално име
1 јануари Нова Година Ngwaga o mosha
2 јануари Општ празник
варира[5] Велики петок Labotlhano yo o molemo
Велигденски понеделник
варира[6] Велигден Tlhatlogo
1 јули Ден на Сереце Кама
19 јули Ден на претседателот
20 јули Општ празник
30 септември Ден на независност Boipuso
25 декември Божиќ Keresemose
26 декември/27 декември Ден на добра волја
Денот после Божиќ е исто така неработен ден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UNESCO Institute for Statistics“. Stats.uis.unesco.org. конс. 2011-08-21. 
  2. „Sparks to fly at Diamond“. Botswana Press Agency (BOPA). конс. 2008-01-18. 
  3. „Opinion the Academic World“. Botswana Press Agency (BOPA). Архивирано од изворникот на 3 October 2006. конс. 2008-01-18. 
  4. Botswana Public Holidays
  5. Вообичаено во март или април.
  6. Вообичаено во мај

Поврзано[уреди | уреди извор]