Кристијан Барнард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристијан Барнард

Кристијан Н. Барнард (англиски Christiaan N. Barnand) е роден во Бифорт Вест, 8 ноември 1922-Пафос 2 септември 2001. Тој бил јужно африкански кардиохирург кој ја извел првата успешна трансплантација на срце.

Прва успешна трансплатација на срце[уреди | уреди извор]

По првата успешна трансплантација на бубрег во 1953 година, во САД, Барнард ја извел првата првата трансплантација на бубрег во Јужноафриканската Република во октомври 1967. Барнанд неколку години експериментирал со трансплантација на срце на животни.Трансплантација на срце била извршена на повеќе од 50 кучиња. Благодарение на исчекорите кој ги направиле пионерите, меѓу кој и Норман Шамвеј, неколку хируршки тимови биле во позиција да ја подготват првата трансплантација на срце. Бернард имал пациент кој бил подготвен да се подвргне на процедурата, но му бил потребен соодветен донор.

Ја извел првата трансплантација на срце на 03 декември 1967 година, со асистенција на својот брат Маријус Бернард, а операцијата траела 9 часа и во неа учествувале 30 луѓе. Пациентот се викал Луис Вашкански, 54 годишен продавач, кој боледувал од дијабетис и од неизлечива срцева болест. Барнард подоцна напишал:

„На човекот кој умира не му е тешко да донесе тешка одлука бидејќи знае дека е на крајот. Ако ве брка лав на крајбрежје каде што има крокодили, вие ќе скокнете во водата, уверени дека имате шанса да препливате на другата страна.“

Донор била младата Дениз Дарвал, на која што мозокот и бил оштетен во несреќа на 02 декември 1967, додека преминувала улица во Кејптаун. По тоа што нејзиниот татко дозволил нејзиното срце да го искористи Барнард за трансплантација.

Барнард станал меѓународна ѕвезда преку ноќ и бил славен ширум светот поради своите достигнувања. Тој продолжил да врши трансплантација на срце. По трансплантацијата која е извршена 02.01 1968 пациентот Филип Блајберг преживеал уште 19 месеци. Дороти Фишер добила срце во 1969, и станала првиот црн примател. Живеела 12 години и 6 месеци по трансплантацијата. Дирк ван Зил кој добил срце 1971 е пациент кој најдолго живеел според новите мислења, преку 23 години.

Смрт[уреди | уреди извор]

Кристијан Барнард умрел во септември 2001, додека бил на одмор во Пафос, на Кипар. Првите извештаи покажале дека умрел од срцев удар, но аутопсијата покажала дека умрел од сериозен напад на астма.