Прејди на содржината

Историја на Јужноафриканската Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата ЈАР

Историја

Рана историја
(1652-1815)
(1815-1910)
(1910-1948)
(1948-1994)
(1994-денес)
ЈАР

Портал:ЈАР

Територијата на денешната Јужноафриканска Република била населена уште од најраните времиња. Во оваа земја денеска се наоѓа еден од најстарите археолошки наоѓалишта на светот.[1][2][3] Остатоци од австралопитек (Australopithecus africanus) биле пронајдени кај Таунг и во пештерите Стеркфонтејн, Кромдраи и Макапансгат, од кое произлегува дека овде имало живот пред околу 3 милиони години.[4] Во времето на миграциите си, племето Банту ја преминале реката Лимпопо и ја населиле територијата на денешната држава. Главно занимање на населението било земјоделството и сточарството. Племињата кои претходно живееле на овие простори околу 20.000 години биле или протерани или асимилирани.

Во 1487 година, португалецот Бартоломео Дијас бил првиот Европеец кој престигнал на ова подрачје. Во 1497 година, Васко де Гама пловел околу територијата на земјата, покрај Јужна Африка кон својот пат за Индија. Областа на исток од земјата ја нарекол Натал, бидејќи неговата експедиција овде престојувала за време на Божик. Сепак почетокот на новата историја на Јужна Африка денеска се препишува на калвинистот Јан ван Рибек. На 6 април 1652 година, по налог на Холандската источноиндиска компанија тој основал станица за снабдување на бродови. Благодарение на својата стратегиска позиција, таа станица би требало да служи за одмор на трговските бродови кои патувале од Европа кон југоисточна Азија. Кон втората половина на 17 век и почетокот на XVIII век, таа холандиска станица односно населено место започнала да се зголемува. Во почетокот, населувачите се распространувале во регионот на Весткап. Во 1770 година истите престигнале до границата со племето банту, со кое започнала редица од војни. Холандија довеле голеа број на робови од Индонезија, Мадагаскар и Индија. Во почетокот на 1743 година, бројот на т.н. црни робови бил значително поголем од бројот на местното население кое се населило на овие простори. Со текот на времето, наследниците на црните робови честопати се жениле со белите дојденци. Така, денеска заедно со бушманите тие сочинуваат 50 % од вкупното население на Западно’ртската покраина.

Велика Британија врз областа зазела целосна контрола во 1795 година. Бидејќи веќе имала свои колонии во Австралија и Индија, Велика Британија сакала Кејптаун да го користи како трговска станица за долгите патувања. Сепак, според Амбиенскиот мировен договор од 1802 година, Британија морала да ја врати територијата на Холандија, но во 1806 година тие повторно ја зазеле и повторно основале колонија, главно поради банкрот на Холандската источноиндиска копмпанија. На почетокот од XIX век, племето Зулу успеало да ги прошири своите територии. Во 1833 година, британската влада го забранила ропството, по кое следувале голем број на конфликти. Во тој период била основана Јужноафриканската република. Октривањето на дијамантот во 1867 година и златото во 1884 година на овие подрачја, дополнително придонело за економски развој и имиграција. Секојдневните конфликти доведувале до постојани војни помеѓу европското население и домородците. Следувале т.н. Бурски војни. Во Првата бурска војна (1880-1881) местното население забележило определени резултати, но во Втората бурска војна (1899-1902) сепак Британија била поуспешна.

По крајот на војните, во 1910 година бил основан Јужноафрикански сојуз од четирите колонии Натал, Трансвал, Фристејт и ’Ртската Колонија. Во 1934 година станало обединувањето на британската јужноафриканска партија со бурската национална партија во т.н. Обединета партија чија главна цел била помирувањето на белото и црното население. Тој сојуз се распаднал во 1939 година. По крајот на Втората светска војна, белото население успеало да ја зачува својата власт. Во втората половина на XX век започнала војна помеѓу истите страни. Во 1976 година, органите на редот убиле 176 црни демонстранти и студенти. Но по големите притисоци од светската јавност, сепак во 1994 година се одржиле првите избори на кои Африканскиот нациопнален конгрес победил убедливо и од тогаш сѐ уште е на власт. Нелсон Мандела станал првиот црн претседател на земјата, кој во 1993 година добил нобелова наградаза мир.

  1. Wymer, John (1982). The Middle Stone Age at Klasies River Mouth in South Africa. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0226761037. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  2. Deacon, HJ (2001). „Guide to Klasies River“ (PDF). Stellenbosch University. стр. 11. Посетено на 2009-09-05.
  3. „Fossil Hominid Sites of Sterkfontein, Swartkrans, Kromdraai, and Environs“.
  4. Stephen P. Broker. „Hominid Evolution“. Yale-New Haven Teachers Institute. Посетено на 2008-06-19.