Џиро д’Италија 2012 - етапа 12 до етапа 21

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Преглед на етапите; темните линии го претставуваат растојанието на индивидуалните етапи, додека црните испрекините линии го претставуваат растојанието поминато во трансфери помеѓу етапите.

Етапата 12 на Џиро д’Италија 2012 се случила на 17 мај, а трката завршила на 27 мај. Втората половина на трката целосно се наоѓа во рамките на Италија; започнувајќи со умерено планинска етапа од Серавеца до Сестри Леванте, пред да се случи вообичаениот завршен хронометар во Милано.

Легенда[N 1]
  A pink jersey   Го означува предводникот во генералникот пласман   A blue jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  A red jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
   и.в. означува дека возачот, кој поминал низ целта во иста група како оној, кој го добил времето над него и затоа му било доделени истото крајно време.

Етапа 12[уреди]

17 мај 2012 — Серавеца до Сестри Леванте, 155 км[1]

Етапа требала да се одржи на растојание од 157 километри,[2] но во април 2012, пред почетокот на Џиро, маршрутата била малку изменета на 155 км. Поради поројните дождови, кои предизвикале поплави и лизгања на земјиштата во октомври 2011, патиштата низ Синке Тере биле сметани за неупотреблици за трката.[3] Како таква, втората половина на трката започнала со влажна етапа долж лигурскиот брег, со четири категоризирани врвови на патеката, последниот од нив на само 11 километри пред целта во Сестри Леванте.[1] Мали напади се случувале на патеката во првиот час од етапата; додека не се создало првичното бегство по околу 40 километри.[4] Првичниот потег од седум возачи, сите од различни екипи, се одвоил од групата, додека подоцна им се приклучиле уште двајца возачи, Џексон Родригез (Андрони Џокатоли-Венецуела) и возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер,[5] кој повторно влегол во бегство.

Возачот на ФДЖ-БигМет Санди Касар бил најдобро пласиран од деветте возачи во групата, заостанувајќи зад водачот во генералниот пласман Хоаким Родригез (Тим Катјуша) четири минути и како се задржувал што подолго во бегството, станувал сè поголема закана за водството на Родригез. Предноста на бегството ја надминала таа разлика, достигнувајќи високи седум минути,[6] со уште 40 километри до целта. Кога Ликвигас-Канондејл излегле на чело на групата, воспоставиле темпо, возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Голаш нападнал сам во водечката група, но тој бил достигнат пред врвот на последното искачување на етапата, Вила Тасани.[4] Повеќе напади се случиле помеѓу лидерите пред крајот, но Ларс Бак го презел одлучувачкиот напад на 2 километри пред крајот,[4] и на крајот победил со 11 секунди предност пред другите на целта,[5] освојувајќи ја првата индивидуална етапна победа на Џиро. Касар ја предводел групата од шест возачи позади, но неговата разлика со групата била само 3' 23".[7] И покрај добиените 12 секунди бонус на целта како втор возач, Касар сè уште доцнел 26 секунди зад лидерот на трката,[5] но се сместил на третата позиција во генералниот пласман, зад Родригез и возачот на Гармин-Баракуда Рајдер Хесједал.[8]

Резултат од етапа 12
Возач Екипа Време
1  Ларс Бак (ДАН) Лото-Белисол 3ч 58' 55"
2  Санди Касар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 11"
3  Андреј Амадор (КРИ) Мувистар Тим + 11"
4  Јан Бакелантс (БЕЛ) РадиоШек-Нисан + 11"
5  Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 11"
6  Џексон Родригез (ВЕН) Андрони Џокатоли-Венецуела + 11"
7  Аметс Чурука (ШПА) Еускалтел-Еускади + 11"
8  Мартајн Кајзер (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ + 43"
9  Михал Голаш (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 48"
10  Хуан Антонио Флеча (ШПА) Тим Скај + 3' 34"
Генерален пласман по етапа 12
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 51ч 19' 08"
2  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Баракуда + 17"
3  Санди Касар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 26"
4  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 32"
5  Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 49"
6  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 52"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 52"
8  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
9  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл + 1' 02"
10  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 03"

Етапа 13[уреди]

18 мај 2012 — Савона до Червере, 121 км[9]
На најкратката етапа на Џиро 2012 (без хронометрите), возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Франческо Фаили (лево) и возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер отишле во бегство уште на почеток на етапата, но биле достигнати на околу 20 километри од крајот во Червере.

Со 121 километар, етапата 13 била најкратка[10] етапа, без хронометрите на целиот Џиро; повторно, етапата била влажна, со само едно категоризирано искачување кај Монтеѕемоло, 31,7 километри пред крајот.[9] Етапата била идеална за спринтерите,[11] можен нивен последен обид за победа на некоја етапа, бидејќи последната на Џиро ќе биде посветена за специјалистите по искачување и кандидатите во генерален пласман. Првичното бегство на етапата била создадено рано на етапата, кога возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Франческо Фаили се одвоиле во првите километри од етапата.[12] До 30. километар од етапата, водството на двајцата бегалци напред го постигнало својот максимум, кога ти биле пет и пол минути, додека потоа групата - предводена од Тим Скај и ФДЖ-БигМет – го забрзала своето темпо.[13]

Групата постојано ја намалувала предноста на двоецот напред по искачувањето и на околу 20 километри пред крајот на етапата,[13] Кајзер и Фаили биле достигнати од главната група. Кога биле сите во една група, темпото повторно се намалило, а многу екипи се обиделе да ги донесат нивните добри возачи во доволно добра позиција за завршницата во Червере. Пред да се намали темпото, ФДЖ-БигМет биле повторно на чело,[13] надевајќи се да го постават добро нивниот спринтер, Арно Демар; подоцна тие биле придружени на врвот од екипите Рабобанк и Орика-ГринЕЏ, обете екипи да ги донесат нивните соодветни австралиски спринтер Марк Реншо и Метју Гос. Во рамките на последните 10 километри, три возачи – Жилиен Берар од Аг2р-Ла Мондијал, возачот на Омега Парма-Квик Степ Жилиен Вермот и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Фабио Фелине се обиделе да се одвојат од групата пред очекуваниот масовен спринт,[12] но спринтерските возови на {{{име на тимот-2012}}} и Тим Скај успеале да ги соберат нив. Брет Ланкастер го довел Гос до неговиот спринт, со Марк Кевендиш (Тим Скај) на неговото тркало. Кевендиш се обидел да дојде од левата страна на Гос во последните метри, но Гос ја затворил таа страна и Кевендиш попушил на неговото темпо, но се вратил успешно и го поминал Гос, освојувајќи ја третата негова етапа на Џиро.[14] Со неговата 33. етапна победа на Гранд Тур,[15] Кевендиш исто така го зголемил неговото водство во бодовниот пласман,[16] бидејќи Гос завршил само шести зад возачот на Тим Катјуша Александер Кристоф, Реншо, возачот на Колнаго-ЦСФ Бардијани Сака Модоло и Елија Фавили од Фарнезе Вини-Селе Италија.[12] Гос ја напуштил трката по етапата,[17] со што Кевендиш, дополнително го зголемил водството.

Резултат од етапа 13
Возач Екипа Време
1  Марк Кевендиш (ВБР) Red jersey Тим Скај 3ч 02' 07"
2  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша и.в.
3  Марк Реншо (АВС) Рабобанк и.в.
4  Сака Модоло (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани и.в.
5  Елија Фавили (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија и.в.
6  Метју Гос (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
7  Арно Демар (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
8  Лукас Себастијан Аедо (АРГ) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
9  Сони Колбрели (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани и.в.
10  Мануел Белети (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
Генерален пласман по етапа 13
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 54ч 21' 15"
2  Рајдер Хесједал (КАН) Гармин-Баракуда + 17"
3  Санди Касар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 26"
4  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 32"
5  Иван Сантаромита (ИТА) БМЦ Рејсинг Тим + 49"
6  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 52"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 52"
8  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 57"
9  Дамијано Карузо (ИТА) White jersey Ликвигас-Канондејл + 1' 02"
10  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 03"

Етапа 14[уреди]

19 мај 2012 — Чераско до Червинија, 206 км[18]

Првата категоризирана планинска етапа на трката вклучувала рамни делници во воведните 137 километри од етапата, пред да дојдат 50 километри искачувања на остатокот од етапата, со две искачувања од прва категорија, Кол де Жу – искачување на височина од 1.640 метри – и последното искачување во Червинија, достигнувајќи висина од 2.001 метар со просечен наклон од 5,5% на 27 километри.[18] Искачувањето Червинија било користено на трката по првпат од 1997, кога победникот на трката Иван Готи го презел водството во трката од Павел Тонков,[19] и не го повратил водството до крајот. Пред етапата била одржана една минута молк како знак на почит кон жртвите во бомбашкиот напад пред училиште во Бриндизи, кој се случил претходно во текот на денот.[20]

Возачот на Мувистар Тим Андреј Амадор го предводи бегството на етапата. Амадор на крајот ја освоил етапата во червинија пред возачот на Тим НетАп Јан Барта и Алесандро де Марки од Андрони Џокатоли-Венецуела; победата на Амадор бил прва победа на Костариканец освоена на некоја голема трка.

Поради теренот на етапата во првиот дел немало никакви движење од групата во првиот час тркање, пред да се променат временските услови; дождот одиграл голема улога во остатокот од денот. Осум возачи се одвоиле на околу 60 километри од етапата,[21] успевајќи да направат разлика од над 13 минути пред главната група.[22] Тројца од осумте возачи отпаднале во пониските делови на Кол де Жу, додека Ликвигас-Канондејл поставиле темпо на чело на групата, намалувајќи ја нивната предност на околу 10 и пол минути. Возачот на Тим НетАп Јан Барта се одвоил од другите членови на бегството, додека Хосе Рухано (Андрони Џокатоли-Венецуела) се поврзал со возачот на Лампре-ИСД Дамијано Кунего да се обидат да го ловат. Тие не успеале во тоа и наместо тоа било оставено Андреј Амадор од Мувистар Тим да продолжи да го достигне Барта.[22] Тој го достигнат и на крајот и го поминал, одржувајќи предност од половина минута до последното искачување кај Червинија. Тој го зголемил водството до пониските делови на искачувањето и набрзо имал предност од над една минута пред колегата на Рухано Алесандро де Марки, возачот на Аг2р-Ла Мондијал Матео Монтагути, Барта и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Пјер Пабло де Негри.[21]

Подоцна, Де Марки и Барта со посебни напади се издвоиле од групата и на крајот стигнале до Амадор, како што групата сè повеќе се доближувала.[21] Групата била околу пет минути позади на 10 километри пред крајот, но разликата била преполовена на околу 5 минути до крајот. Де Марки се обидел да се ослободи од другите возачи, но не успеал во тоа; додека во групата имало неколку неуспешни движење, но Рајдер Хесједал од {{{име на тимот-2012}}} успеал да се одвои од групата, со што внел голема напнатост во самата група.[22] Хоаким Родригез се обидел да го следи неговиот ривал, но не бил успешен во тоа. Меѓутоа, напред во бегството, членовите се спремале за спринт; најпрвин Барта се обидел со неговиот спринт, но бил краток на линијата на целта пред Амадор, кој ја постигнал првата етапна победа за Костарика на некоја голема трка.[23][24] Де Марки завршил неколку секунди зад нив како трет, додека Хесједал успеал да дојде пред групата на Родригез за 26 секунди, со што ја презел maglia rosa.[25] Подоцна, Хесједал изјавил дека неговиот напад на планината бил „непланиран“ и дека е убеден за добивање на трката во Милано.[26]

Резултат од етапа 14
Возач Екипа Време
1  Андреј Амадор (КРИ) Мувистар Тим 5ч 33' 36"
2  Јан Барта (ЧЕШ) Тим НетАп и.в.
3  Алесандро де Марки (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 2"
4  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 20"
5  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 46"
6  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај + 46"
7  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша + 46"
8  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 46"
9  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 46"
10  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 46"
Генерален пласман по етапа 14
Возач Екипа Време
1  Рајдер Хесједал (КАН) Pink jersey {{{име на тимот-2012}}} 59ч 55' 28"
2  Хоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша + 9"
3  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 41"
4  Санди Касар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 1' 05"
5  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 06"
6  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 1' 07"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 1' 07"
8  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 1' 19"
9  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 20"
10  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 1' 21"

Етапа 15[уреди]

20 мај 2012 — Бусто Арсицио до Леко-Пјан деи Ресинели, 169 км[27]

Како и на претходната етапа, првиот дел од етапата бил главно рамен, пред да настапи првото од четирите категоризирани искачувања, Валико ди Валкава.[28] По спустот на искачувањето и другото некатеризирано искачување веднаш потоа, возачите се упатиле кон врвот од трета категорија Форчела ди Бура пред двете искачувања од втора категорија; Кулмине ди Сан Пјетро со неговиот врв на 25 километри пред крајот, како и последното искачување на Пјан деи Резинели.[28] Обилните врнежи повторно биле присутни на трката, со магла на одредени места, правејќи ги условите опасни за некои поголеми напади. Бегството било поттикнато од неколку возачи на ознаката за 18 километри, кога возачот на Аг2р-Ла Мондијал Гијом Бонафон и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Матео Работини се одвоиле од групата. Бонафон и Работини набрзо направиле разлика од околу девет минути по некои 30 километри подоцна,[29] но двоецот го достигнал подножјето на Валико ди Валкава со осумминутно водство.[30]

Откако Гијом Бонафон отпаднал во текот на етапата, понатаму возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Матео Работини се натпреварувал сам до крајот на етапата. И покрај падот и притисокот од возачот на Тим Катјуша Хоаким Родригез, Работини успеал да победи на својата прва етапа на Џиро.

Во исто време, седум возачи побегнале напред од групата на {{{име на тимот-2012}}},[29] Работини набрзо го напуштил Бонафон на искачувањето, започнувајќи самостоен напад на патеката. Пет возачи исто така се придружиле на групата пред главната група, која го ловела Работини до крајот. Работини го поминал врвот со скоро пет минути разлика пред првата група,[30] додека главната група доцнела уште неколку минути зад нив. {{{име на тимот-2012}}} и Ликвигас-Канондејл продолжиле да поставуваат темпо на чело на главната група, гледајќи да ги донесат Рајдер Хесједал и Иван Басо во предност во генералниот пласман. Работини доживеал пад[31] во последните 30 километри на етапата, но сè уште ја држел предноста од над две минути пред првата група. Астана го презеле нивниот ред на чело на главната група, со што многу возачи отпаднале од групата.[30]

Работини имал предност од две и пол минути во последните 10 километри на етапата, но Стефано Пираци тргнал во напад од првата група за Колнаго-ЦСФ Бардијани; негов втор таков напад на етапата, претходно нападнал на Кулмине ди Сан Пјетро, пред да биде достигнат од другите возачи. Дамијано Кунего (Лампре-ИСД) и Аметс Чурука (Еускалтел-Еускади) се издвоиле од малата група, додека противнападот на возачот на Тим Катјуша Алберто Лосада, Кунего не можел да го испрати, додека Чурука му се придружил на Лосада. Лосада се одвоил од Чурука и Пираци и тргнал кон Работини, додека во главната група, колегата на Кунего Микеле Скарпони[29] нападнал и само Басо, возачот на Тим Скај Серхио Енао и Хоаким Родригез (Тим Катјуша) го прателе. Потоа, Родригез забрзал, достигнувајќи и поминувајќи ги Пираци и Чурука, додека колегата Лосада го чекал да му помогне во искачувањето; продолжил без Лосада, достигнувајќи го Работини во последните 300 метри.[32] Работини го затворил Родригез и му пришол од позади на последната кривина во лево и го победил на целта за негова прва победа од Трката околу Турција 2011.[33] Родригез ја повратил maglia rosa од Хесједал,[34] додека четврто пласираниот Енао го презел водството во пласманот за млад возач од колегата Ригоберто Уран.[35]

Резултати од етапа 15
Возач Екипа Време
1  Матео Работини (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија 5ч 15' 30"
2  Хоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша и.в.
3  Алберто Лосада (ШПА) Тим Катјуша + 23"
4  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 25"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 25"
6  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 25"
7  Стефано Пираци (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 29"
8  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 29"
9  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 29"
10  Аметс Чурука (ШПА) Еускалтел-Еускади + 29"
Генерален пласман по етапа 15
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 65ч 11' 07"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 1' 26"
5  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 1' 27"
6  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 1' 42"
8  Серхио Енао (КОЛ) White jersey Тим Скај + 1' 55"
9  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 2' 12"
10  Санди Касар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 2' 13"

Етапа 16[уреди]

22 мај 2012 — Лимоне сул Гарда до Фалцес-Пфалцен, 173 км[36]
Бегството било предводено од возачот на Еускалтел-Еускади Јон Изагире. Изагире нападнал на 4 километри пред крајот и сам стигнал до неговата прва етапна победа на Гранд Тур и втор победа во неговата професионална кариера.

По вториот и последен ден за одмор на трката претходниот ден, трката се вратила на етапа одредена како „умерено планинска“ без ниедно категоризирано искачување на 173 километри.[37] И покрај ова, етапата постојано имала наклон на патеката, пред да ја достигне највисоката точка на крајот - преку завршното искачување со наклон од 12% на одредени места, сè уште некатеризирано[38][39] – во Пфалцен, 998 метри надморска височина.[37] Откако потегот за бегство на тринаесет возачи се покажал неуспешен, вториот бран на десет возачи го направиле нивниот напад на групата на околу 60 километри, но ниеден од тие возачи не претставувал закана за водачот во генералниот пласман Хоаким Родригез (Тим Катјуша); најдобро пласиран возач во групата бил возачот на Мувистар Тим Хосе Ерада, кој бил 32 минути зад Родригез на почетокот на етапата.[40]

Со таква предност пред нивните ривали во водечката група, групата одбрала да не ги прати и со тоа, разликата постојано се зголемувала, достигнувајќи скоро 13 минути во последните 30 километри од етапата.[40] Додека главната група успеала маргинално да го намали водството, кое членовите напред успешно го одржувале, во последните 10 километри, со Тим Скај на чело, кој поставил темпо, кое им дозволувало на нивните носители на маички Марк Кевендиш (бодовен пласман) и Серхио Енао (млад возач) да останат напред со цел избегнување на опасности во последните етапи.[39][41] На чело, возачот на БМЦ Рејсинг Тим Матијас Франк го следел потекот на Ерада, возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Алесандро де Марки и Јон Изагире од Еускалтел-Еускади, но Изагире успеал да се одвои од оваа група на околу 4 километри пред крајот.[39] Изагире не бил достигнат, на крајот доаѓајќи сам до победа, прва на некоја Гранд Тур трка и втора годинава по претходната победа на хронометарот во април на Вуелта а Астурија.[42] Де Марки го победил Стеф Клемент (Рабобанк) за второто место,[43] додека групата успеала да ја намали разликата на крајот на под девет минути, по поставеното темпо од Ликвигас-Канондејл и {{{име на тимот-2012}}}.[40]

Резултат од етапа 16
Возач Екипа Време
1  Јон Изагире (ШПА) Еускалтел-Еускади 4ч 02' 00"
2  Алесандро де Марки (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела + 16"
3  Стеф Клемент (ХОЛ) Рабобанк + 16"
4  Матијас Франк (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 19"
5  Хосе Ерада (ШПА) Мувистар Тим + 21"
6  Мануеле Боаро (ИТА) {{{име на тимот-2012}}} + 37"
7  Матијас Брендле (АВТ) Тим НетАп + 43"
8  Николас Мес (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 45"
9  Ларс Бак (ДАН) Лото-Белисол + 45"
10  Лука Мацанти (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија + 48"
Генерален пласман по етапа 16
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 69ч 22' 04"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 1' 26"
5  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана + 1' 27"
6  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 1' 42"
8  Серхио Енао (КОЛ) White jersey Тим Скај + 1' 55"
9  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ + 2' 12"
10  Санди Касар (ФРА) ФДЖ-БигМет + 2' 13"

Етапа 17[уреди]

23 мај 2012 — Фалцес-Пфалцен до Кортина Дампецо, 186 км[44]
Резултат од етапа 17
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 5ч 24' 42"
2  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
3  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
4  Ригоберто Уран (КОЛ) Тим Скај и.в.
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 2"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 1' 22"
8  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 1' 22"
9  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 1' 22"
10  Јохан Чоп (ШВА) БМЦ Рејсинг Тим + 1' 22"
Генерален пласман по етапа 17
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 74ч 46' 46"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
5  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 2' 56"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 3' 04"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 3' 19"
8  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 4' 13"
9  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 4' 38"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4' 42"

Етапа 18[уреди]

24 мај 2012 — Сан Вито ди Кадоре до Веделаго, 149 км[45]
Резултат од етапа 18
Возач Екипа Време
1  Андреа Гвардини (ИТА) Фарнезе Вини-Селе Италија 3ч 00' 52"
2  Марк Кевендиш (ВБР) Red jersey Тим Скај и.в.
3  Роберто Ферари (ИТА) Андрони Џокатоли-Венецуела и.в.
4  Роберт Хантер (ЈАР) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
5  Лукас Себастијан Аедо (АРГ) {{{име на тимот-2012}}} и.в.
6  Џакомо Ницоло (ИТА) РадиоШек-Нисан и.в.
7  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша и.в.
8  Франческо Кики (ИТА) Омега Парма-Квик Степ и.в.
9  Жофри Суп (ФРА) ФДЖ-БигМет и.в.
10  Денис Ванендерт (БЕЛ) Лото-Белисол и.в.
Генерален пласман по етапа 18
Rider Team Time
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 77ч 47' 38"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 30"
3  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 22"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 36"
5  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 2' 56"
6  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 3' 04"
7  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 3' 19"
8  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 4' 13"
9  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 4' 38"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4' 42"

Етапа 19[уреди]

25 мај 2012 — Тревизо до Алпе ди Пампеаго, 198 км[46]
Резултати од етапа 19
Возач Екипа Време
1  Роман Кројцигер (ЧЕШ) Астана 6ч 18' 03"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 19"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша + 32"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 35"
5  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 43"
6  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 55"
7  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 57"
8  Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 1' 18"
9  Стефано Пираци (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 1' 22"
10  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 22"
Генерален пласман по етапа 19
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша 84ч 06' 13"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 17"
3  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 39"
4  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 1' 45"
5  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 3' 21"
6  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 3' 30"
7  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 5' 36"
8  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 5' 40"
9  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 5' 47"
10  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 6' 09"

Етапа 20[уреди]

26 мај 2012 — Калдес-Вал ди Соле до Пасо дело Стелвио, 219 км[47]
Резултати од етапа 20
Возач Екипа Време
1  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ 6ч 54' 41"
2  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 56"
3  Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 2' 50"
4  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Тим Катјуша + 3' 22"
5  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 3' 34"
6  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 3' 36"
7  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 29"
8  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 4' 53"
9  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 4' 55"
10  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 4' 55"
Генерален пласман по етапа 20
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Pink jersey Red jersey Тим Катјуша 91ч 04' 16"
2  Рајдер Хесједал (КАН) {{{име на тимот-2012}}} + 31"
3  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 1' 51"
4  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 2' 18"
5  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 3' 18"
6  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 3' 43"
7  Ригоберто Уран (КОЛ) White jersey Тим Скај + 4' 52"
8  Доменико Поцовиво (ИТА) Колнаго-ЦСФ Бардијани + 5' 47"
9  Микел Ниеве (ШПА) Еускалтел-Еускади + 5' 56"
10  Џон Гадре (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 6' 43"

Етапа 21[уреди]

27 мај 2012 — Милано, 30,1 км, индивидуален хронометар (ITT)[48]

Забелешки[уреди]

  1. Маичките, кои се појавуваат во табелата на левата страна и покажуваат од кој велосипедист се носени на соодветната етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна ги покажуваат оние наградени на велосипедистот по етапата.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Етапа 12: Серавеца-Сестри Леванте“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_12.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  2. Рајан, Бери. „Рутата на Џиро д’Италија 2012 сменета“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 16 октомври 2011 (конс. 17 мај 2012).
  3. Патиштата околу Синке Тере неупотребливи за Џиро“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 април 2012 (конс. 17 мај 2012).
  4. 4,0 4,1 4,2 Аткинс, Бен. „Ларс Бак избега од бегството за да дојде до победа на етапата 12“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 17 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  5. 5,0 5,1 5,2 Вестемајер, Сузан. „Бак победи во Сестри Леванте“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  6. Абрахам, Ричард. „Бак нападнал и победил на Џиро“, „Cycling Weekly“, Future Publishing Limited, 17 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  7. Ларс Бак до победа на дванаесеттата етапа на Џиро“, „The Globe and Mail“, Phillip Crawley; The Globe and Mail Inc., 17 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  8. Хоаким Родригез остана во розово на Џиро“, „BBC Sport“, BBC, 17 мај 2012 (конс. 17 мај 2012).
  9. 9,0 9,1 „Профил на етапа 13: Савона-Червере“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_13.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  10. Марк Кевендиш со спринт до победа на етапата 13, а Родригез остана во розово“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  11. „Џиро д’Италиа 2012: Преглед на етапа 13“. „Cycling Weekly“. IPC Media Limited. 2 мај 2012. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/532651/giro-d-italia-2012-stage-13-preview.html. конс. 18 мај 2012. 
  12. 12,0 12,1 12,2 Косинс, Питер. „Кевендиш со победа на етапата 13 во Червере“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  13. 13,0 13,1 13,2 Аткинс, Бен. „Марк Кевендиш повторно до победа на Џиро“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  14. Мекграт, Енди. „Кевендиш до трета етапа на Џиро“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  15. Фотерингем, Аласдер. „Кевендиш со планови за планините по етапната победа“, „Reuters“, Thomson Reuters, 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  16. Етапата 13 среќна за Кевендиш, со што дојде до трета победа на Џиро д’Италиа 2012“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 мај 2012 (конс. 18 мај 2012).
  17. Ryan, Barry. „Гос го напушта Џиро“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 мај 2012 (конс. 19 мај 2012).
  18. 18,0 18,1 „Профил на етапа 14: Чераско-Червинија“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_14.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  19. „Gotti maglia rosa“ (на италијански). „RAI“. Radiotelevisione italiana S.p.A.. http://www2.raisport.rai.it/giro97/tappa14.htm. конс. 20 мај 2012. 
  20. Амадор ја донесе првата костариканска етапна победа на Џиро“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  21. 21,0 21,1 21,2 Вестемајер, Сузан. „Амадор до победа на етапата 14 на Џиро д’Италиа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  22. 22,0 22,1 22,2 Аткинс, Бен. „Рајдер Хесједал нападнал за розово на врвот Червинија“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  23. Андреј Амадор до целта за победа на првата планинска етапа на Џиро 2012; Хесједал назад во розово“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  24. Quénet, Jean-François. „Amador puts nightmare behind him with Giro d'Italia stage win“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  25. Браун, Грегор. „Амадор победи на првата планинска етапа на Џиро, додека Хесједал го презеде водството“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  26. Кене, Жан-Франсоа. „Враќањето на Хесједал во розова на Џиро д’Италиа било непланирано“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  27. „Профил на етапа 15: Бусто Арсицио-Леко-Пјан деи Ресинели“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_15.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  28. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc15.
  29. 29,0 29,1 29,2 Косинс, Питер. „Работини победил на етапата 15 на Џиро д’Италиа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  30. 30,0 30,1 30,2 Аткинс, Бен. „Херојот Матео Работини победи на Пјна деи Резинели по целодневното бегство“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  31. Хоаким Родригез го поврати водството“, „BBC Sport“, BBC, 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  32. Матео Работини го отспринта Родригез на линијата на целта на етапата 15; Пурито останува во розово“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  33. Мекмајкл, Сајмон. „Само бегство на Работини му донесе победа од Родригез, кој премина во розово“, „Road.cc“, Farrelly Atkinson Ltd., 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  34. Вин, Најџел. „Работини дојде до тесна победа на етапата 15 на Џиро“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  35. Енао води во пласманот за млад возач“, „Тим Скај“, BSkyB, 20 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  36. „Профил на етапа 16: Лимоне сул Гарда-Фалцес-Пфалцен“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_16.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  37. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Parc16.
  38. Кене, Жан-Франсоа. „Изагире до етапна победа на дебито на некоја голема трка“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  39. 39,0 39,1 39,2 Аткинс, Бен. „Јон Изагире со бегство до победа на етапата 16“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  40. 40,0 40,1 40,2 Вестемајер, Сузан. „Изагире триумфирал на етапата 16 на Џиро“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  41. Мирен ден на Џиро“, „Тим Скај“, BSkyB, 22 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  42. Изагире победник на етапата 16 на Џиро“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  43. Мекграт, Енди. „Изагире до победа за Баскија на Џиро“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 22 мај 2012 (конс. 22 мај 2012).
  44. „Профил на етапа 17: Фалцес-Пфалцен-Кортина Дампецо“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_17.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  45. „Профил на етапа 18: Сан Вито ди Кадоре-Веделаго“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_18.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  46. „Профил на етапа 19: Тревизо-Алпе ди Пампеаго“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_19.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  47. „Профил на етапа 20: Калдес-Вал ди Соле-Пасо дело Стелвио“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_20.pdf. конс. 4 мај 2012. 
  48. „Профил на етапа 21: Милано-Милано“ (PDF). „La Gazzetta dello Sport“. RCS MediaGroup. http://www.gazzetta.it/static_images/ciclismo/giroditalia/2012/pdf/altimetria_21.pdf. конс. 4 мај 2012.