Роберт Хантер (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роберт Хантер

Хантер на Тур де Романди 2010.
Лични податоци
Цело име Роберт Хантер
Прекар Роби[1]
Роден 22 април 1977 (1977-04-22) (37 г.)
Јоханесбург, Јужна Африка
Висина 1,78 м
Маса 72 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач (повлечен)
Спортски директор
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
1999–2001
2002
2003–2004
2005–2006
2007–2009
2010
2011
2012–2013
Лампре-Даикин
Мапеи-Квик Степ
Рабобанк
Фонак
Барловорлд
Гармин-Транзишанс
Тим РадиоШек
Гармин-Баракуда
Менаџер на клубови
2014– Гармин-Шарп
Значајни победи
Национален друмски првак (2012)
Последна промена
4 јануари 2013

Роберт Хантер (англиски: Robert Hunter; р. 22 април 1977 во Јоханесбург) — поранешен јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално од 1999 до 2013 година. Хантер возел за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп во неговата последна сезона.[1][2]

Кариера[уреди]

Во 2001 станал првиот Јужноафриканец, кој учествувал на Тур де Франс.[3] Во 2006 возел за екипата Фонак на UCI ProTour, но по нивното распуштање, тој потпишал за континенталната екипа Барловорлд за 2007. Неговите достигнувања вклучуваат етапи на Вуелта а Еспања во 1999 и 2001 и Тур де Франс 2007, генералниот пласман на Трката околу Катар 2004 и спринтерскиот пласман на Тур де Свис 2004.

Петпати му била доделувана наградата „Велосипедист на годината“ во Јужна Африка во периодот 2001 и 2007.

Во 2007 се вратил на Тур де Франс како лидер на екипата Барловорлд (кој добил посебна покана за трката). Хантер победил на етапата 11 на Тур де Франс 2007, прва етапна победа за возач од Јужна Африка.

Во 2008, на Хантер му било дозволено од организаторите на Тур де Франс да лета за Швајцарија на 4 јули, ден пред почетокот, за да биде со неговата жена Клаудија на раѓањето на неговата ќерка, Менди Инга Хантер.[4]

По сезоната 2013, Хантер го објавил неговото повлекување од професионалниот велосипедизам.[5][6] Хантер е моментално спортски директор на екипата Гармин-Шарп.

Достигнувања[уреди]

1999
1. Етапа 1 Вуелта а Еспања
2000
2. Краен пласман Трка околу Холандија
2001
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2002
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман Тур де Лангкави
1. Етапа 1
1. Етапа 4
2004
1. Jersey green.svg Спринтерски пласман Тур де Свис
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Класик Уника
1. Етапа 3 Класик Уника
1. Етапа 4 Трка околу Саксонија
2005
1. ГП Доха
1. Етапа 5 Медитеранска трка
1. Етапа 4 Сетмана Каталана
1. Етапа 1 Трка околу Џорџија
1. (ТТТ) Волта а Каталуња
2006
1. Африканско континентално хронометарско првенство
2007
1. Етапа 11 Тур де Франс
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Дистрито де Сантарем
1. Етапа 2
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Пикард
1. Етапа 1
1. Етапа 2 Класика Алкобендас
1. Етапа 5 Џиро дел Капо
2008
1. Серија Супер Челинџ
1. Велосипедска трка Кејп Аргус
2009
1. Етапа 4 Медитеранска етапа
2010
1. Етапа 1 Трка околу Мурсија
1. Етапа 2 Трка околу Мурсија
2011
1. Трка околу Мумбај
1. Етапа 1 Трка околу Австрија
2012
1. MaillotSudáfrica.PNG Национален друмски првак
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
4. Национално хронометарско првенство
2013
8. Трофео Платха де Муро

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 154 СО СО 141
Jersey yellow.svg Тур СО 97 СО СО СО 118 106 СО СО
Jersey red.svg Вуелта 72 118 СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Роберт Хантер во Гармин-Шарп“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  2. Екипата Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  3. Жан-Франсоа Кене (28 ноември 2003). „Интервју со Роберт Хантер: Дефокусиран по лошата сезона“. Cycling News. http://autobus.cyclingnews.com/riders/2003/interviews/?id=robert_hunter03. 
  4. Kevin McCallum (4 јули 2008). „Hunter's baby wins the sprint“. Independent Online. http://www.int.iol.co.za/index.php?set_id=6&click_id=185&art_id=vn20080704065752399C508090. 
  5. Хантер ќе се повлече по 16-годишна кариера“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 септември 2013 (конс. 24 октомври 2013).
  6. Ендру Худ. „Retirements sweeping cycling world“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 октомври 2013 (конс. 24 октомври 2013).

Надворешни врски[уреди]