Штировица
Штировица | |
Штировица во 1907 г. | |
Координати 41°47′20″N 20°37′55″E / 41.78889° СГШ; 20.63194° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 1.469 м |
Штировица на општинската карта Атарот на Штировица во рамките на општината | |
Штировица на Ризницата |
Штировица — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.
Географија[уреди | уреди извор]
Остатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по течението истоимената река Щировица, притока на Радика.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Штировица било шкретско село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Штировица (Chtirovitza) имала 100 домаќинства, со 235 „Албанци“ муслимани.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 400 жители „Арнаути“ муслимани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штировица се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 90 куќи.[4]
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени
- Бајазид Дода (~1888 - 1933) — албански фотограф
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Штировички овчари
-
Штировичани на ридски брег
-
Свадбари во Штировица
-
Момчиња во Штировица како ги покажуваат опинците
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
„Штировица“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.264.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.