Хесен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хесен
Hessen
Сојузна покраина
Знаме на ХесенГрб на Хесен
Координати: 50°39′58″N 8°35′28″E / 50.66611° СГШ; 8.59111° ИГД / 50.66611; 8.59111
ДржаваГерманија
Главен градВисбаден
Управа
 • ПремиерВолкер Бауфир (ДХС)
 • Владејачки партииДХС / Зелени
 • Гласови во Бундесратот5 (од 69)
Површина
 • Вкупно21.100 км2 (8,100 ми2)
Население (2020-12-31)[1]
 • Вкупно6.293.154
 • Густина300/км2 (770/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-HE
БДП€ 235.685 млрд. (2013) [2]
БДП/жит.€ 39,021 (2013)
NUTS-регионDE7
Мреж. местоhessen.de

Хесен (германски: Hessen) — една од шеснаесетте сојузни покраини во Германија, која има површина од 21.110 км2 и околу шест милиони жители. Главен град на Хесен е Висбаден, додека негов економски центар е Франкфурт на Мајна.

Географија[уреди | уреди извор]

Сместен во централниот дел на Западна Германија, Хесен се граничи (од северозапад и во правец на стрелките на часовникот) со германските покраини Северна Рајна-Вестфалија, Долна Саксонија, Тирингија, Баварија, Баден-Виртемберг и Рајнска област-Пфалц. Поголеми градови се Франкфурт на Мајна, Висбаден, Дармштат, Касел, Гисен, Марбург, Вецлар, Офенбах и Фулда.

Главните реки, сместени во северниот дел на Хесен, се Фулда и Лана. Хесен е претежно ридско земјиште, а главните планински вериги се Рун, Вестервалд, Таунус и Шпесарт.

Повеќето жители живеат во најјужниот дел на Хесен помеѓу реките Мајна и Рајна. Рајна е и всушност југозападната граница на Хесен. Планинската верига помеѓу Мајна и Рајна се нарекува Оденвалд.

Администрација[уреди | уреди извор]

Хесен е поделен во 21 област и пет независни градови:

  1. Бергштрасе (Хепенхајм, Бенсхајм)
  2. Дармштат-Дибург (Дармштат, Дибург)
  3. Грос-Герау (Грос-Герау, Руселшајн)
  4. Горен Таунус (Бад Хомбург)
  5. Мајн-Кинцих (Ханау)
  6. Мајн-Таунус (Хофхајм, Бад Зоден)
  7. Оденвалдкрајс (Ербах)
  8. Офенбах (Офенбах)
  9. Рајнгау-Таунус (Идштајн)
  10. Ветераукрајс (Фридберг, Бад Наухајм)
  11. Гисен (Гисен)
  12. Лана-Дил (Вецлар)
  13. Лимбург-Вајлбург (Лимбург, Вајлбург)
  14. Марбург-Биеденкопф (Марбург)
  15. Фогелсбергкрајс (Алсфелд, Лојтербах)
  16. Фулда (Фулда)
  17. Херсфелд-Ротенбург (Бад Херсфелд)
  18. Касел (Касел)
  19. Швалм-Едер (Фрицлар, Боркен)
  20. Вера-Мејснер (Ешвеге, Виценхаузен)
  21. Валдек-Франкенберг (Корбах)

21-ната област и петте независни градови се групирани во три административни региони (Regierungsbezirke): Касел, Гисен и Дармштат.

Историја[уреди | уреди извор]

Во раниот среден век, Хесен бил дел на Тирингија, но во Војната за тириншкото наследство (1247-64) Хесен ја доби својата независност и постана дел од Светото Римско Царство. По кратко време таа прерасна во земја со првенствено значење под власта на Филип Великодушниот, кој бил еден од водачите на германското протестантство. По смртта на Филип во 1567 година, територијата била поделена меѓу неговите четири синови од неговиот прв брак (Филип бил бигамист) на следните четири линии: Хесен-Касел, Хесен-Дармштат, Хесен-Рајнфелс и претходно постоечката Хесен-Марбург. Иако последните две линии биле уништени по скоро време (1583 и 1605, соодветно), Хесен-Касел и Хесен-Дармштат биле двете најважна држава меѓу Хесенските земји. Неколку колатерални линии се одделиле низ вековите, како во 1622 година, кога Хесен-Хомбург се одделил од Хесен-Дармштат. Во доцниот 16 век, Касел го прифатил калвинизмот, додека Дармштат останал лутерански. Како резултат на ова, двете линии често стапувале во различни видови на конфликти, како оној за Хесен-Марбург и триесетгодишната војна, кога Дармштат се борел на страната на царот, а Касел бил сојузник на Шведска и Франција.

Хесен-Касел бил издигнат на ниво на изборно кнежевство во 1803 година, но ова останало без ефект, бидејќи Светото Римско Царство веќе било уништено во 1806 година. Територијата била анексирана од кралството Вестфалија во 1806, но вратена на изборниот кнез во 1813. Додека другите изборни кнезови имале нови титули, станувајќи притоа кралеви или војводи, изборниот кнез на Хесен-Кесел го зачувал анахронското достоинство. Името преживеало како Kurhessen, означувајќи го регионот околу Касел. Во 1866, овој регион бил анексиран од Прусија, заедно со слободниот град Франкфурт, Хесен-Хомбург и војводството Насау, кои ја оформиле провинцијата Хесен-Насау.

Хесен-Дармштат бил издигнат на ниво на војводство во 1806 година. Во војната од 1866, Хесен-Дармштат се борел на страната на Австрија против Прусија, но ја задржал својата автономија во поразот, бидејќи поголемиот дел од земјата се наоѓал јужно од реката Мајна, а Прусија не се осмелувала да се проширува на тој дел од реката Мајна, бидејќи ова можеби би можело да ја испровоцира Франција. За разлика од јужниот дел на Хесен-Дармштат, северниот (северно од Мајна), односно регионот околу градот Гисен, наречен и Oberhessen, биле вклучени во Северногерманската Федерација (Norddeutscher Bund), слаба федерација на германските покраини, создадена од Прусија во 1867 година. Во 1871, остатокот на војводството се приклучило кон Германското Царство. Пред крајот на векот, Дармштат бил еден од центрите на Југендстил.

Со револуцијата од 1918 година, Хесен-Дармштат станал република, нарекувајќи се себеси "Volksstaat Hessen" (Народна Држава Хесен). Деловите на Хесен-Дармштат на левиот брег на Рајна (провинцијата Рајнхесен) биле окупирани од Франција до 1930, како резултат на условите од Версајскиот мировен договор, со кој и официјално заврши Втората светска војна во 1919.

По ВСВ, Хесенската територија лево од Рајна била одново окупирана од Франција, додека остатокот на земјата бил дел од окупационата зона на САД. Французите го одвоиле нивниот дел на Хесен од остатокот на земјата и го вклучиле во новосоздадената покраина Пфалц. Од друга страна, САД ја формирале покраината Голем Хесен (Groß-Hessen) веќе во 1945, надвор од Хесен-Дармштат и поранешната пруска покраина Хесен-Насау. На 4 декември, 1946 година, Голем Хесен беше и официјално преименуван во Хесен.

Политика[уреди | уреди извор]

Список на премиерите на Хесен[уреди | уреди извор]

  1. 1945: Лудвиг Бергштресер
  2. 1945 - 1946: Карл Гејлер
  3. 1946 - 1951: Кристијан Шток (СДП)
  4. 1951 - 1969: Георг-Август Цин (СДП)
  5. 1969 - 1976: Алберт Освалд (СДП)
  6. 1976 - 1987: Холгер Бурнер (СДП)
  7. 1987 - 1991: Валтер Валман (ДХС)
  8. 1991 - 1999: Ханс Ајхел (СДП)
  9. since 1999: Роланд Кох (ХДУ)

Покраински избори од 2 февруари 2003 г.[уреди | уреди извор]

Роланд Кох остана премиер од ХДУ владата. Неговиот поранешен партнер во коалицијата од Слободната Демократска Партија не беше потребен повеќе и премина во опозиција.

Партија Гласови за партијата Процентуално гласови Вкупно места Процентуално места
Демохристијански сојуз (ДХС) 1,333,863 48.8% (+5,4) 56 (+6) 50.9%
Социјалдемократска партија на Германија (СДП) 795,576 29.1% (-10,3) 33 (-13) 30.0%
Алијанса '90/Зелени 276,276 10.1% (+2,9) 12 (+4) 10.9%
Слободна демократска партија на Германија (СлДП) 216,110 7.9% (+2,8) 9 (+3) 8.2%
Републиканци 34,563 1.3% (-1,4) 0 (=) 0.0%
Сите други 78,604 2.9% (+0,6) 0 (=) 0.0%
Вкупно 2,734,992 100.0% 110 100.0%

Смртна казна[уреди | уреди извор]

Смртната казна се спомнува сѐ уште во уставот на Хесен, бидејќи уставот на Хесен беше составен во 1946 година, кога смртната казна сѐ уште беше дел од германското судство. Не е јасно дали со плебисцит ќе се укине оваа казна.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Население на општините во Хесен“. Статистичка служба на Хесен. јуни 2021. (германски)
  2. „Бруто-домашен производ“. Volkswirtschaftliche Gesamtrechnungen. Статистичка служба на Хесен. 2013. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 27 March 2014. (германски)