Фулда (река)
Изглед
| Фулда | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Везер 51°25′16″N 9°38′54″E / 51.42111°N 9.64833°E |
| Должина | 218 |
| Особености на сливот | |
Фулда (герм. Fulda) — река во покраината Хесен, Германија и една од двете реки што се спојуваат, сочинувајќи ја поголемата река Везер (другата е Вера). Реката Фулда е долга 218 км.
Реката извира кај Васеркрупе во масивот Рен. Оттука тече на североисток, опкружена со планините од венецот Книл на запад и шумата Зојлингсвалд. Кај Бебра врти кон северозапад.
Откако ќе ѝ се придружи притоката Едра, Фулда тече северно право до Касел, па врти на североисток, каде на исток е шумата Кауфунген, а на северозапад е почетокот на шумата Рајнхардсвалд. На северниот крај кај Хановерски Минден, Фулда се спојува со реката Вера и го образува Везер.
Населени места
[уреди | уреди извор]Населени места долж течението на Фулда:
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Фулда на Ризницата ?- Лет кај фулда Архивирано на 28 септември 2007 г. (видеоклип, 10 МБ, 1:20 мин)
|
