Лешок: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 97: | Ред 97: | ||
|440 |
|440 |
||
|} |
|} |
||
=== Родови === |
|||
Лешок е македонско село. |
|||
Според истражувањата од 1940тите години, родови во селото се: |
|||
''Базовци (1 к.), Стојковци (18 к.), Ѓурлуковци (6 к.), Чочолевци (1 к.), Такаревци (6 к.), Мазарковци (3 к.), Савеввци (4 к.), Тошоќој (3 к.) и Тасевци (1 к.)'' староседелски родови; ''Коларовци (2 к.)'' доселени се од [[Старо Село (Тетовско)|Старо Село]], ја знаат следната генеологија Билбил (жив на 50 год. во 1940тите) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил; ''Качовци (4 к.)'' доселени се од соседното село [[Сетоле]], ја знаат следната генеологија Андро (жив во 1940тите) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот; ''Лалошој (11 к.)'' доселени се од селото [[Непроштено]], таму биле староседелци, ја знаат следната генеологија Мито (жив на 45 год. во 1940тите) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил; ''Гркомановци (4 к.)'' доселени се од селото [[Рогачево]], ја знаат следната генеологија Томе (жив на 40 год. во 1940тите) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци; ''Карапанџовци (3 к.)'' доселени се од некое село во [[Гостиварско|гостиварско;]] ''Китановци (1 к.) и Чапунковци (3 к.)'' доселени се однекаде; ''Николовци (5 к.)'' доселени се од [[Варвара (Тетовско)|Варвара;]] ''Сандаровци (3 к.)'' доселени се од [[Непроштено|Непроштено;]] ''Јоановци (2 к.) и Рошој (2 к.)'' доселени се од селото [[Слатино (Тетовско)|Слатино;]] ''Пејчиновци или Поповци (13 к.)'' доселени се од соседното село [[Отуње]], таму се викале Цанцаловци; ''Цинцаровци (6 к.)'' доселени се од селото [[Сетоле]], ја знаат следната генеологија Форче (жив на 50 год. во 1940тите) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил; ''Нешовци (1 к.)'' доселени се од селото [[Чучер-Сандево|Чучер]], [[Скопско|скопско;]] ''Пашини (4 к.)'' родот го основал предок доселен од селото [[Подбреге|Подбреге;]] ''Зако (1 к.)'' доселен како домазет од селото [[Палчишта|Палчишта;]] ''Здраве (1 к.)'' доселен како домазет од селото [[Мушиково]] кај [[Средска|Средска;]] ''Наљбукои (1 к.)'' стари доселеници однекаде; ''Прнџо (1 к.)'' доселен од селото [[Варвара (Тетовско)|Варвара;]] ''Богојеви (1 к.)'' доселени од [[Рогачево|Рогачево;]] ''Ончев (1 к.)'' доселен од [[Брезно|Брезно;]] ''Филиповци (1 к.)'' доселени од селото [[Јанчиште|Јанчиште;]] ''Стојан (1 к.)'' доселен од селото [[Брезно]] во 1939 година; ''Трпе (1 к.), Стеван (1 к.) и Ѓоре (1 к.)'' доселени се како домазетовци, првиот од [[Теарце]], вториот од [[Сетоле]], а третиот од [[Варвара (Тетовско)|Варвара;]] ''Сибиновци (4 к.)'' доселени се од селото Котлина кај [[Качаник]], ја знаат следната генеологија Ристо (жив на 40 год. во 1940тите) Андро-Спасо-Сибин; ''Коруновци (6 к.)'' доселени се од селото [[Варвара (Тетовско)|Варвара]], ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 45 год. во 1940тите) Стојче-Милован-Корун; ''Богојевци (1 к.)'' доселени се од [[Слатино (Тетовско)|Слатино;]] ''Манојловци (1 к.)'' доселени се од [[Глоѓи|Глоги]].<ref>{{Наведена книга|title=Полог|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=САНУ|year=1976|isbn=|location=Белград|pages=}}</ref> |
|||
== Општествени институции == |
== Општествени институции == |
Преработка од 17:58, 22 јануари 2019
Лешок | |
Координати 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД | |
Регион | Долни Полог |
Општина | Општина Теарце |
Шифра на КО | 28041 |
Надм. вис. | 560 м |
Лешок на општинската карта Атарот на Лешок во рамките на општината | |
Лешок на Ризницата |
Лешок е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово. Познато е по Лешочкиот манастир.
Географиja и местоположба
Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (Тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.
Историja
Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 200 семејства, 11 неженети и 22 вдовици, сите христијани.[1]
Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.[2]
Економија
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите Македонци.[3]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешок имало 488 Македонци, егзархисти.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението:[6]
Националност | Вкупно |
Македонци | 435 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
Други | 4 |
На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 336[3] | 320[4] | 580[5] | 861 | 915 | 785 | 718 | 666 | 542 | 399 | 440 |
Родови
Лешок е македонско село.
Според истражувањата од 1940тите години, родови во селото се:
Базовци (1 к.), Стојковци (18 к.), Ѓурлуковци (6 к.), Чочолевци (1 к.), Такаревци (6 к.), Мазарковци (3 к.), Савеввци (4 к.), Тошоќој (3 к.) и Тасевци (1 к.) староседелски родови; Коларовци (2 к.) доселени се од Старо Село, ја знаат следната генеологија Билбил (жив на 50 год. во 1940тите) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил; Качовци (4 к.) доселени се од соседното село Сетоле, ја знаат следната генеологија Андро (жив во 1940тите) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот; Лалошој (11 к.) доселени се од селото Непроштено, таму биле староседелци, ја знаат следната генеологија Мито (жив на 45 год. во 1940тите) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил; Гркомановци (4 к.) доселени се од селото Рогачево, ја знаат следната генеологија Томе (жив на 40 год. во 1940тите) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци; Карапанџовци (3 к.) доселени се од некое село во гостиварско; Китановци (1 к.) и Чапунковци (3 к.) доселени се однекаде; Николовци (5 к.) доселени се од Варвара; Сандаровци (3 к.) доселени се од Непроштено; Јоановци (2 к.) и Рошој (2 к.) доселени се од селото Слатино; Пејчиновци или Поповци (13 к.) доселени се од соседното село Отуње, таму се викале Цанцаловци; Цинцаровци (6 к.) доселени се од селото Сетоле, ја знаат следната генеологија Форче (жив на 50 год. во 1940тите) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил; Нешовци (1 к.) доселени се од селото Чучер, скопско; Пашини (4 к.) родот го основал предок доселен од селото Подбреге; Зако (1 к.) доселен како домазет од селото Палчишта; Здраве (1 к.) доселен како домазет од селото Мушиково кај Средска; Наљбукои (1 к.) стари доселеници однекаде; Прнџо (1 к.) доселен од селото Варвара; Богојеви (1 к.) доселени од Рогачево; Ончев (1 к.) доселен од Брезно; Филиповци (1 к.) доселени од селото Јанчиште; Стојан (1 к.) доселен од селото Брезно во 1939 година; Трпе (1 к.), Стеван (1 к.) и Ѓоре (1 к.) доселени се како домазетовци, првиот од Теарце, вториот од Сетоле, а третиот од Варвара; Сибиновци (4 к.) доселени се од селото Котлина кај Качаник, ја знаат следната генеологија Ристо (жив на 40 год. во 1940тите) Андро-Спасо-Сибин; Коруновци (6 к.) доселени се од селото Варвара, ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 45 год. во 1940тите) Стојче-Милован-Корун; Богојевци (1 к.) доселени се од Слатино; Манојловци (1 к.) доселени се од Глоги.[8]
Општествени институции
Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.
Администрација и политика
Културни и природни знаменитости
Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).
- Археолошки локалитети
- Кале - населба од доцна антика и среден век;[9]
- Два Бреста - населба од римско време;
- Леска - населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
- Пепело - населба од римско време;
- Црквиште - црква од среден век;
- Црници - некропола од римско време;
- Депо - депо од среден век;
- Млака - некропола од среден век;
Редовни настани
Личности
- Никанор (р. ~ 1600) — скопски и полошки митрополит
- Мирко Спироски (р. 3 февруари 1948) — македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
- Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) — македонски херој од Лешок, убиен од терористите на ОНА.
Култура и спорт
Во селото постојат клубовите ФК Оникс и ОК Лешок, кој настапува во Првата македонска одбојкарска лига.
Иселеништво
Наводи
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.298
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
- ↑ 5,0 5,1 Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
„Лешок“ на Ризницата ? |
|