Лихтенштајн
Кнежевство Лихтенштајн Fürstentum Liechtenstein (германски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Für Gott, Fürst und Vaterland За Бога, Кнезот и Татковината |
||||||
Химна: (македонски: „Над младата Рајна") |
||||||
Местоположбата на Лихтенштајн (зелена) на Европскиот континент (темнозелена) — [Легенда] |
||||||
Местоположбата на Лихтенштајн (зелена) |
||||||
Главен град | Вадуц 47°08.5′N 9°31.4′E / 47.1417° СГШ; 9.5233° ИГД | |||||
Најголем град | Шан | |||||
Службен јазик | германски | |||||
Демоним | Лихтенштајнци
(Лихтенштајнец/Лихтенштајнка) |
|||||
Уредување | Парламентарна демократија под уставна монархија | |||||
• | Кнез | Ханс-Адам II | ||||
• | Регент | Алоа | ||||
• | Премиер | Клаус Чичер | ||||
• | Претседател на собранието | Артур Брунхарт | ||||
Независност како кнежевство | ||||||
• | Пресбуршки договор | 12 јули 1806 | ||||
• | Независност од Германскиот Сојуз | 1866 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 160 км2 (211та) | ||||
• | Вода (%) | занемарлив | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2014 г. | 37,340[1] (193та) | ||||
• | Густина | 227 жит/км2 (57ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $3.545 милијарди[2][3] (163та) | ||||
• | По жител | $98,432[1][2][3] (2ра) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $5.155 милијарди[2][3] (147ма) | ||||
• | По жител | $143,151[1][2][3] (2ра) | ||||
ИЧР (2014) | ▲ 0.908[4] многу висок · 13та |
|||||
Валута | Швајцарски франк (CHF ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .li | |||||
Повик. бр. | 423 |
Кнежевство Лихтенштајн (германски: Fürstentum Liechtenstein) — алпска држава во Западна Европа која се граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток.
Лихтенштајн е најмала држава каде се зборува германски јазик. Таа е уставна монархија поделена на 11 општини. Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, а најголем е Шан. Земјата има јак финансиски сектор и е често окарактеризирана како „рај за даноци“. Лихтенштајн е дел од договорот за слободна европска трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не пројавила желба да биде дел од истата.
Историја
[уреди | уреди извор]Денешната територија на Лихтенштајн во минатото била во склопот на Реција. Во текот на историјата, оваа територија останала далеку од европските стратешки планови и интереси. Пред доаѓањето на власт на актуелната династија, Лихтенштајн бил под управа на Хабсбуршката династија.
Династијата Лихтенштајн своето име го добила по дворецот Лихтенштајн, за последен пат во составот на Австрија. Низ вековите, членовите на династијата заземале големи територии под свои надлежности, како во Моравија, Долна Австрија и сепак не успевале да ги зачувуваат тие региони поради силата на Хабсбуршката династија. Грофовиите Шеленберг и Вадуц, кој биле придобиени во 1699 година станале дел од множеството грофовии, херцеговства, кнежевства и држави обединети во светата Римското Царство. Во 1719 година, териториите ѝ биле објавени за наследство од страна на Карло VI. Од 23 јануари 1719 година Лихтенштајн бил објавен за кнежевство, станувајќи суверена држава во составот на империјата. Во 1806 година, Светото Римско Царство паднала под француска власт. Ова придонесува, Лихтенштајн по првпат во својата историја да стане независен.
XX век
[уреди | уреди извор]Во текот на Втората светса војна, земјата успеала да ја зачува својата неутралност. По завршувањето на војната, Чехословачка и Полска ззазеле некои делови од Нацистичка Германија, кои биле под власта на Лихтенштајн. Овде, пред сè се смета за Бохемија, Моравија. Династијата од 1938 година живееле во Виена.
По војната следувал тежок период за династијата и државата, кое ги принудило да се откажат од некои уметнички дела како Ginevra de' Benci од Леонардо Да Винчи, која била купена од страна на САД. Лихтенштајн е дел од договорот за европска слободна трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не произјавила желба да биде дел од истата.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Лихтенштајн граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток.Климата во Лихтенштајн е континентална, со студени зими и умерени лета. Климата по долината на Рајна е умерена, а на повисоките делови од Алпите е планинска. Поголемиот дел од територијата на Лихтенштајн е планинска што ја прави добар зимски спортски центар. Пејзажот на Лихтенштајн е исполнет со мали фарми и планински терени.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Лихтенштајн е парламентарна демократија на чие чело моментално стои кнезот Ханс-Адам Втори, кој го презел престолот после смртта на неговиот татко во 1989 година. Парламентот на Лихтенштајн, Ландтаг (Landtag), е составен од 25 пратеници кои се избрани од страна на жителите. Владата,која ја сочинуваат пет министри, раководи со тековните обврски.
На референдумот одржан на 1 јули 1984 година, било одлучено да се даде право на глас и на жените, но само на државните избори (не и на локалните).
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]Само две третини од целокупното население е со потекло од Лихтенштајн (65,8%). 20,1% од населението е дојдено од државите во кои се зборува германскиот јазих (најмногу од Швајцарија, Австрија и Германија). Потоа следат Италијанците (3,3%), бегалците од Југославија (3,3%), Турци и останати (помалку од 5%).
Во Лихтенштајн, како и во целото германско говорно подрачје во Швајцарија, говорен јазик е алеманскиот дијалект кој произлегол од германскиот јазик. И покрај тоа, германскиот јазик е службен јазик во администрацијата. Лихтенштајн е единствена земја во светот која го усвоила исклучиво стандарниот германски јазик како единствен национален јазик (Германија и Австрија, на пример, признаваат и бројни малцински дијалекти).
Култура во Лихтенштајн
[уреди | уреди извор]Во Лихтенштајн се одржуваат голем број на уметнички и културни настани. Популарната култура ја создава, се разбира, младата генерација, која создала многубројни рок и поп музички групи чие реноме често ги надминува локалните граници.
Голем број на организации се основани со цел да организираат изложби и разни други манифестации. Народниот музеј (Landesmuseum), свечено отворен во ноември 2003 година, им се придружил на другите културни установи во државата: музејот на уметност (Kunstmuseum), поштенскиот музеј (Postmuseum) и електричарскиот музеј.
Единствен театар во Лихтенштајн е театарот на црвениот плоштад, кој се наоѓа во Шан. Но, од октомври 2003 година, во Вадуц се наоѓа здружение кое организира концерти, хумористични изведби и кратки театарски изведби. Лихтенштајн може да се пофали со неколку домашни уметници кои се навистина признаени во своето поле на работа, како што е вајарот Георг Малин или пак сликарите Бруно Кауфман и Мартин Фромелт.
Музичката школа работи во куќата на Рајнберг во Вадуц.
Спорт во Лихтенштајн
[уреди | уреди извор]Фудбалските тимови на Лихтенштајн играат под раководство на швајцарската фудбалска лига. Фудбалскиот куп на Лихтенштајн и овозможува секоја година на најдобрата екипа да влезе во Купот УЕФА: најчесто станува збор за фудбалскиот клуб Вадуц, кој инаку игра во Втората швајцарска лига. ФК Вадуц својот најголем успех го постигнал во Лигата на шампионите во 1996 година со победата врз Летонците од ФК Университате Рига со резултат 4:2. Во наредното коло се сретнале со Париз Сен Жермен, од чија страна биле елиминирани од натпреварувањето со вкупен резултат 7:0 (0:4 во Вадуц и 3:0 во Париз).
Фудбалската репрезентација на Лихтенштајн традиционално претставува лесен плен за било кој противник. Меѓутоа Лихтенштајн имале една извонредна недела во есента 2004 година, за време на квалификациските натпревари за влез на светското фудбалско првенство во фудбал 2006 година, изборувајќи нерешен резултат 2:2 во двобојот со Португалија (во Вадуц), за после тоа да триумфира против Луксембург со резултат 4:0. Натпреварувањето го завршиле како претпоследни во својата квалификациска група со освоени 8 бодови (нерешен резултат со Португалија, победа над Луксембург, нерешено со репрезентацијата на Словачка (0:0) и уште една победа против Луксембург (3:0).
Како планинска земја, Лихтенштајн постигнува доста добри резултати во зимските спортови, особено во алпското скијање: Хани Венцел така освоила два медала на Зимските олимписки игри во Лејк Плес (Соединетите Американски Држави) во 1980 година.
Вкупно, спортистите на оваа држава успеале да освојат 8 олимписки медали (две златни,две сребрени и пет бронзени).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 [1], Amt für Statistik, Landesverwaltung Liechtenstein. Accessed on 26 May 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Key Figures for Liechtenstein Архивирано на 17 септември 2009 г., Landesverwaltung Liechtenstein. Accessed on 1 July 2012.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 World Development Indicators, World Bank. Accessed on 1 July 2012. Note: "PPP conversion factor, GDP (LCU per international $)" and "Official exchange rate (LCU per US$, period average)" for Switzerland were used.
- ↑ „2015 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2015. Посетено на 14 December 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Лихтенштајн“ (англиски)
|
|
|