Шеленберг
Шеленберг Schellenberg | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
![]() | |||
| |||
![]() Шеленберг во рамките на Лихтенштајн | |||
Координати: 47°14′N 9°32′E / 47.233° СГШ; 9.533° ИГДКоординати: 47°14′N 9°32′E / 47.233° СГШ; 9.533° ИГД | |||
Список на држави во светот | ![]() | ||
Села | ниедно | ||
Површина | |||
• Вкупна | 3,5 км2 (14 ми2) | ||
Надм. вис. | 626 м | ||
Население (31.12.2008[1]) | |||
• Вкупно | 1.042 | ||
• Густина | 294/км2 (760/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 9488 | ||
Повик. бр. | 7011 | ||
ISO 3166 | LI-08 | ||
Мреж. место | www.schellenberg.li |
Грофство Шеленберг | |||||
Herrschaft Schellenberg | |||||
вазален | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Главен град | Шеленберг, Вадуц | ||||
Уредување | Кнежество | ||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Освоено од Рим | 15 п.н.е. | |||
- | Создадено грофство од Карло Велики |
IX век | |||
- | Купено од грофовите на Вадуц |
1437 | |||
- | Припоено со Вадуц, кон Австрија |
1499 | |||
- | Лихтенштајнската династија станале грофови |
1706 | |||
- | Припоено од лихтенштајнската династија |
1719 |
Шеленберг (германски: Schellenberg) — општина во низинската областа на Лихтенштајн, на бреговите на реката Рајна.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Рана историја[уреди | уреди извор]
Областа најпрвин била населена од Келтите, потоа од Рецијанците. Римската империја ја освоила областа во 15 п.н.е. и ја припоила кон покраината Реција. Подоцна, покраината станала грофство под водство на Карло Велики. Грофството било неколку пати делено помеѓу наследниците.
Грофството Шеленберг било купено од грофовите на Вадуц во 1437 година и оттогаш двете држави биле соединети. По Швапската војна во 1499 година, обете потпаднале под австриска власт. Различни династии ги купувале и продавале, додека кон почетокот на XVIII век не биле купени од лихтенштајнската династија, која добила принцевски статус во 1706 година, но која побарувала територија со царска непосредност со цел да може да гласа во Собранието на принцовите во Империјата. Царот службено ги споил Вадуц и Шеленберг во 1719 година како Кнежевство Лихтенштајн.
Втора светска војна[уреди | уреди извор]
Во општината се наоѓа споменик во пограничниот град Хинтершеленберг, во чест на засолништето на руските војници.[2] Кон крајот на Втората светска војна, Лихтенштајн им дала азил на околу петстотина војници на Дивизијата Русија, руски сили во рамките на германскиот Вермахт. Ово дело не била мала работа за држава која била сиромашна и имала тешкотии со прехранување и гриѓа за толкава група бегалци. На крајот, Аргентина се согласила да им даде постојан азил на барателите. Спротивно, Британците ги депортирале Русите кои се бореле на германската странда на СССР.
Сообраќај[уреди | уреди извор]
Во Шеленберг постои мал патен граничен премин до Австрија, на кој се наоѓаат австриски и швајцарски погранични полицајци.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ (германски) 2008 Статистика за Лихтенштајн
- ↑ Schellenberg TravelGuide on Virtual Tourist.com
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Шеленберг на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
- Историја на Шеленберг PDF (548 KiB) (германски)
|