Корешница

Координати: 41°26′04″N 22°14′13″E / 41.43444° СГШ; 22.23694° ИГД / 41.43444; 22.23694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Корешница

Поглед на селото

Корешница во рамките на Македонија
Корешница
Местоположба на Корешница во Македонија
Корешница на карта

Карта

Координати 41°26′04″N 22°14′13″E / 41.43444° СГШ; 22.23694° ИГД / 41.43444; 22.23694
Регион  Вардарски
Општина  Демир Капија
Население 505 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1442
Повик. бр. 043
Шифра на КО 18019
Надм. вис. 356 м
Корешница на општинската карта

Атарот на Корешница во рамките на општината
Корешница на Ризницата

Корешница — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед во селото

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено на левиот брег на реката Вардар.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 125 метри, а од градот Неготино е оддалечено 24 километри.[2] Низ селото поминува регионалниот пат Р2137 помеѓу Демир Капија и Неготино.

Селото се наоѓа на устието на реките Дренопечка и Тинкаменечка, во подножјето на ридот Гола Чука.[3]

Селото има збиен тип, поделено на три маала: Средно, Дедо-Јовско и Шукаланско.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е старо и најверојатно се наоѓало на друго место, бидејќи на Корешничка Краста над Вардар се наоѓа месноста Стари Гробишта, а недалеку се и Крстеви и Црквиште.[3]

Во Корешница до крајот на XIX век (околу 1880 година), христијаните живееле во Средно и Шукаланско Маало со свои имоти. До самата џамија на Сретсело се наоѓа црквиште, како и стари христијански гробишта.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Атарот е голем и зафаќа простор од 18,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 685 хектари, на пасиштата отпаѓаат 618 хектари, а на обработливото земјиште 344 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото во селото работеле услужни објекти.[2] Во минатото во селото постоела влачарница, која била машинска работилница со технологија од првата половина на XX век и служела за прочистување на волната после стрижење на овците.[4]

Селаните главно се занимавале со земјоделство. Исто така, селаните ловеле и доста риба на Вардар.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948679—    
1953798+17.5%
1961538−32.6%
1971315−41.4%
1981379+20.3%
ГодинаНас.±%
1991444+17.2%
1994434−2.3%
2002382−12.0%
2021505+32.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Корешница имало 563 жители, од кои 530 Македонци муслимани, 18 Македонци христијани и 15 Роми.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Корешница е средно село по големина, коешто во 1961 година имало 538 жители, од кои 118 биле Македонци, 136 Турци и 90 жители Срби, а во 1994 година бројот се намалил на 434 жители, од кои 129 биле Македонци, 172 Турци и 133 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Корешница имало 382 жители, од кои:[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 505 жители, од кои 106 Македонци, 4 Албанци, 272 Турци, 4 Роми, 103 Срби и 16 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Корешница:

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 679
1953 317 0 468 0 0 13 798
1961 118 0 136 0 90 194 538
1971 140 0 57 0 118 0 0 315
1981 111 0 125 0 126 17 379
1991 130 0 169 0 136 9 444
1994 129 0 172 0 133 0 0 434
2002 98 1 188 0 94 1 0 382
2021 106 4 272 4 103 0 0 16 505

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Корешница било муслиманско македонско село.[3]

Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:

  • Староседелци: Берберовци (1 к.), Ушиновци (3 к.), Киселковци (3 к.), Пашовци (10 к.), Зејтиновци (3 к.), Мунџевци (4 к.), Арслановци (3 к.), Халимковци (5 к.), Ќосевци (1 к.), Сулијовци (1 к.), Оџевци (3 к.), Рагиповци (3 к.), Рустемовци (1 к.), Арњевци (3 к.), Ќатиповци (3 к.), Плавевци (1 к.), Баба-Аметовци (4 к.), Ајубевци (8 к.), Еминаговци (4 к.), Алимановци (2 к.), Халимоџевци (2 к.), Чучановци (1 к.), Мендевци (1 к.), Бајрамовци (1 к.), Нолбантиновци (3 к.), Картевци (2 к.), Ширковци (2 к.), Диготовци (1 к.) и Балкановци (2 к.).
  • Доселеници: Алковци (4 к.), доселени од селото Будур Чифлик; Љатифовци (2 к.), доселени од селото Прждево; Месалковци (1 к.), доселени од селото Бесвица; Кавеџијовци (1 к.), доселени од селото Криволак; Брендовци (1 к.), доселени од селото Вешје; Далгачевци (1 к.), доселени од селото Долни Дисан; Усталијовци (1 к.), доселени од селото Бистренци; Питевци (1 к.), доселени од селото Бесвица и Леблебиџијовци (1 к.), доселени од селото Тимјаник.
  • Турски Цигани: Мустафовци (1 к.), одамна доселени како ковачи во селото.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Градинката

Во XIX век, Бистренци било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Корешница, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бистренци, во која влегувале селата Бистренци, Војшанци, Иберли, Калањево, Корешница, Кошарка, Липа и Челевец.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1242 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 368 гласачи.[10] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 372 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[12]
  • Ашичка Река — населба и некропола од доцноантичкото време;
  • Забрњик — населба и некропола од доцноантичкото време;
  • Копанец — некропола од римското време;
  • Крстевите — средновековна некропола;
  • Кула — утврдување од хеленистичко време и средниот век;
  • Маркови Кули — утврдување од хеленистичко и доцноантичко време и средниот век; и
  • Црквиште — населба од доцноантичкото време.
Цркви[13]
Џамии[13]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Корешница

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи фудбалскиот клуб ФК „Младост“.[14]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 158. Посетено на 19 септември 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 495–497.
  4. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 19 септември 2021.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 19 септември 2021.
  12. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 232. ISBN 9989-649-28-6.
  13. 13,0 13,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Најди клуб“. ФФМ. Посетено на 19 септември 2021.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]