Клајнмахнов

Координати: 52°24′13″N 13°13′13″E / 52.40361° СГШ; 13.22028° ИГД / 52.40361; 13.22028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Клајнмахнов
Грб на Клајнмахнов
Клајнмахнов во рамките на Германија
Клајнмахнов
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Месни единици 2
Градоначалник Волфганг Блазиг (СДП)
Основни податоци
Површина 11,94 км2
Надм. височина 42 м
Население 20.406 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.709 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14532
Повик. бр. 033203
Портал www.kleinmachnow.de
Местоположба на Клајнмахнов во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°24′13″N 13°13′13″E / 52.40361° СГШ; 13.22028° ИГД / 52.40361; 13.22028

Клајнмахнов (германски: Kleinmachnow) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Се наоѓа 19 километри југозападно од Берлин, веднаш до берлинскиот округ Штеглиц-Целендорф и 12 километри источно од Потсдам. Општината ја сочинува населбата Драјлинден.

Историја[уреди | уреди извор]

Брана на каналот

Клајнмахнов е изграден долж поранешниот поток Беке (Bäke), денес заменет од Каналот Телтов изграден во 1906. Парво Махенов (Parvo Machenow) бил првпат споменат во земјишната книга во 1375 на царот Карло IV, потоа изборен кнез на Бранденбург. Во средновековни времиња речниот премин бил контролиран од замок, владеен од благородничкото семејство Хаке. Заедно со каналот била изградена брана кај Клајнмахнов, наскоро станувајќи негова знаменитост.

Од почетокот на 20 век, поранешното село се развило во влијателно предградие на Берлин. Во 1937 Вилхелм Онезорге, министер на Кралската пошта, го добил дворецот Хакебург (Hakeburg) како негова резиденција и воспоставил голем истражувачки објект за комуникации и електроника. Во Втората светска војна, Клајнмахнов бил место на принуден камп со околу 5.000 затвореници, вклучувајќи подкамп на Заксенхаузен.

Ноќта на 2-3 декември 1943, авионот Ланкастер на Кралскиот воздухопловни сили бил срушен над Клајнмахнов, а меѓу загинатите бил добро познатиот норвешки писател и поет Нордал Григ, во тоа време како воен кореспондент.

Во 1946, Партијата за социјалистичко единство на Германија (СЕД) го зазела Хакебург, кој бил седиште на партиската академија во следните години. Од 1961 до 1989 општината била опградена со Берлинскиот ѕид на три страни и автопатот близу Драјлинден (денес А115) бил место на главниот граничен премин. Од повторното обединување на Германија, Клајнмахнов имал голем пораст на населението, додека враќањето на бројни запленети имоти на оние сопственици кои побегнале од Источна Германија довеле до многу конфликти.

Збратимен град[уреди | уреди извор]

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]