Катедрала Сан Алесандро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Катедралата Сан Алесандро во Бергамо

Катедралата Сан Алесандро претставува главното место на католичкото проповедање во градот Бергамо, а таа е воедно и мајката црква на истоимената епархија (Бергамовата епархија).

Овој храм е посветен на Свети Александар, светецот-заштитник на градот Бергамо. Сместен е во горниот дел од градот, на плоштадот Пјаца дел Дуомо, веднаш до соседниот плоштад Палацо дела Рагионе и базиликата Санта Марија Маџоре.

Катедралата, која била градена со посветеност на Сан Винченцо, го променила своето име во периодот кога црквата Сан Алесандро, инаку најстарата црква во градот посветена на светецот, била срушена. Рушењето се случило во 1561 година и тоа од страна на Венецијанците поради изградба на венецијанските ѕидови на таа локација.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Ранохристијанската структура[уреди | уреди извор]

Историјата на катедралата била доста контроверзна и предмет на многу шпекулации, особено во неколкуте последни векови, поради недостигот на археолошки наоди и пишани извори, особено во времето од пред средновековниот период. Само за време на реставраторските работи, кои започнале во 2004 година, биле пронајдени остатоци кои воделе потекло од римскиот период, со што овозможило со особена прецизност да се реконструираат градбите кои биле поредени една до друга во просторот, и урбаната поставеност каде што се наоѓа катедралата. На местото под тротоарот при реставрацијата се појавиле различни напластени слоеви. Секој од слоевите одговарал на исто толку различни епохи (периоди).

Најстариот слој, односно наод го истакнал присуството на првото палео-христијанско место кога и се вршеле богослужби. Тој период се поклопувал со периодот на 5 век, за чие постоење до тој период само се претпоставувало.

Античката катедрала Сан Винченцо[уреди | уреди извор]

Се верува дека христијанството во областа на градот Бергамо го донеле христијанските римски затвореници од ориентално потекло таканаречените Дамнати ад Метала,[2] кои во тоа време биле осудени да работат во рудниците за железо и камен во горниот дел на областа Вал Серијана. По нивното ослободување од принудната работа, тие како организирана група се преселиле во областа на Бергамо создавајќи различни заедници. Групите од доселеници биле сиромашни заедници кои пристигнале во комплексот Сан Винченцо од Сарагоса. Верувајќи во Христа, нивен покровител бил Винченцо од Сарагоса и заштитник на нивниот дијаконат.[3]

Првото место на богослужба, во романски стил, било посветено токму на претходно споменатиот светец. Димензиите на храмот биле доста големи, толку многу што неговиот периметар бил еднаков по големина како и на новиот објект. Тој бил изграден во центарот на тогашниот урбан простор. Поради димензиите дошло до мало искривувајќи на неговиот првично замислен изглед.[4] При ископувањата бил пронајден дел од некогашниот градски потпорен ѕид и тоа во одлична состојба. Тој потпорен ѕид припаѓал на одредени патрициски вили и мозаици кои воделе потекло некаде од првиот век. Тоа укажувало на огромното значење што христијанската заедница го имала во тој период од времето. Освен ѕидот од под ископините се појавиле и гробници од таканаречено лонгобардиско време и дополнително одредени фрески кои му се припишувале на мајсторот на Рока од Анџера, автор и на други дела низ градските цркви во тој регион од периодот на втората половина на XIII век.

Првиот документ кој сведочел за постоењето на црквата посветена на Сан Винченцо водел потекло од месец мај 774 година. Тоа бил всушност еден тестаментот на Taido fu Teuderolfo со даден аманет за Пресвета Богородица и Богородица мајката Марија и Свети Винсент. Овој тестамент бил зачуван во библиотеката Анџело.[5] Во 840 година во привилегија на Лотар I имало дел со кој му дал на епископот од Бергамо Аганон можност да се распрашува за богатството на црквата посветена на блажените Александар и Винсент Маркус. Со тоа сакало да се исцелат претходно претрпените запоседнувања.[6] Моштите на светителот никогаш не биле пронајдени во базиликата, бидејќи никогаш не биле поставени таму. Во еден документ стоело дека епископот Амброџио I (971-973) заминал во Кортона за да ги подигне моштите. Тој пристигнал со неколку дена задоцнување. Негов претходник бил епископот на Мец, извесен Деодато. Местото каде што се чувале моштите сѐ уште не било познато.[7] Просторот пред црквата бил наречен улицата Сан Винченцо.

Во 1561 година, црквата Сан Алесандро во Колона била уништена поради изградбата на венецијанските ѕидини. Телото на Сан Алесандро во тој период морало да биде пренесено во црквата Сан Винченцо.[8] На тој начин биле соединети двете побожности заедно со каноните на двете различни градби. Ова било дело на епископот Даниеле Џустиниани, кој во 1687 година го свикал синодот во црквата која сѐ уште била посветена на Сан Винченцо. Но, од 1688 година тој канон бил уништен. На 4 ноември 1689 година, бил спроведен чинот на распуштање, а малку подоцна било повторното обединување на каноните на црквата Сан Винченцо со она на Сан Алесандро и ставени во едно поглавје.[9]

Базиликата дефинитивно била посветена на Сан Алесандро во 1704 година, со чинот на пренос на моштите на светецот-заштитник, но и со пренос на мошти и на други светци со потекло од Бергамо. Сепак за Сан Винченцо не постоеле оригинални мошти. Епископот Лујџи Руцини подарил еден сандак со телото од маченикот донесен од катакомбите од Рим. На сандакот стоело името на Винченцо. Но тој чин не можел да го надомести недостатокот на оригиналните мошти. Поради тој чин од страна на граѓаните никогаш не било прифатено дека наследството потекнува од вистинскиот маченик.[10]

Страничната капела на презвитеријата била посветена на Сан Винченцо. Овој дел бил уреден од страна на Бартоломео Мани, а олтарниот дел од страна на Карло Сереза.[11] На тој начин сепак останале многу малку траги од првиот и вистински патрон на градот Бергамо. Музејот на катедралата ни овозможува да ги погледаме остатоците од старата примитивна црква, како и начинот и стилот како е изведувана нејзината трансформација.

Новата градба[уреди | уреди извор]

Во средината на XV век, бискупот Џовани Бароци решил да изградил нов верски објект со поголеми димензии на местото на претходниот, доверувајќи му го проектот на фирентинскиот архитект Филарет. Новата катедрала била, посветена не само на Сан Винченцо, туку и на Сан Алесандро. Градбата имала форма на латински крст план со еден кораб опкружен со три мали полукружни капели на секоја страна и со осумаголна павилјонска купола. Претходната црква била составена од три кораби. За изградба на црквата било потребно да се добие поголем простор од градските власти. Меѓутоа требало да се води сметка дека простор имало само од едната страна на плоштадот. Требало да дојде до отстранување на старите скали кои претходно постоеле и овозможувале пристап од страната на новиот плоштад па сѐ некаде до плоштадот Палацо дела Рагионе.

На 3 мај 1459 година бил поставен првиот камен,[12] а веќе во 1467 година била завршена првата капела од левата страна, посветена на Санта Катерина и Сан Жироламо. Меѓутоа, по неколку години работите биле одеднаш прекинати поради смртта на архитектот Филарет, но и поради изборот на епископот Бароци за патријарх на Венеција. Новонастанатата состојба довела до напуштање на почетниот проект на црквата. Напуштањето на делото, но и пожарот на соседната Палацо дела Рагионе во 1513 година го натерале Маркантонио Микиел во 1516 година да ги напише следните зборови: познатиот објект посветен на Сан Винченцо ќе остане напуштен и недовршен, поради реставрацијата врз неговите урнатини кои останаа не завршени.[13]

Вкупно околу триесет години работите на реставрацијата останале во застој, по што тие продолжиле со споро темпо. Во 1611 година архитектот Винченцо Скамоци бил назначен да ги раководи работите околу продолжувањето на изградбата. Градежните работи продолжиле на крајот на векот. Во 1689 година, објектот бил подложен на реновирање од страна на архитектот Карло Фонтана,[14] кој успеал да ја изгради куполата. Подоцна ја продолжил изградбата врз апсидата и конечно успеал да ја завршил работата некаде во 1693 година.

Во меѓувреме, на почетокот на 17 век, епископот Џовани Емо ги собрал сите канони и на 18 август 1697 година, епископот свети Григориј Барбариго го добил од страна на папата Инокентиј XI бикот одобрението во кое стоело кој основал и обединил единствена катедрала. Во тој допис во едно поглавје стоело на кого е посветена градбата и објаснување кои биле Сан Алесандро и Сан Винченцо. На Сан Винченцо му била посветена капелата од десната страна и трансептот со жртвеник кој бил насликан од страна на Карло Сереза.

Објектот подоцна претрпел и други измени кои ги зафатиле камбанаријата, куполата, капелата на Распетието и внатрешноста. Во текот на 19 век, период кој исто така бил испишан на фасадата, била извршена инаугурацијата. Поточно, тоа се случило на 26 август 1889 година, на денот на празникот посветен на Сан Алесандро.[15]

На 26 август 2008 година, бискупот Роберто Амадеи го ставил во употреба олтарот по извршеното реновирање започнато во 2004 година. Тоа придонело да се овозможи откривање на претходно опишаните наоди.[16] Од 2012 година за јавноста бил отворен, Музејот на катедралата, кој овозможува да се погледне и разбере еволуцијата на катедралата од нејзиното примитивно или почетно формирање.

Опис[уреди | уреди извор]

Надворешен опис[уреди | уреди извор]

Надворешен поглед одозгора со куполата и камбанаријата

Надворешноста на катедралата Сан Алесандро се одликува со фасада која потекнува од деветнаесеттиот век. Изработена е од бел мермер од типот Ботичино. Фасадата има поглед кон Пјаца дел Дуомо и воедно е нормално поставена кон задниот дел на платата Палацо дела Рагионе. Фасадата на катедралата била започната во 1866 година, а завршена дури во 1889 година. На неа недостигале некои декоративни елементи предвидени со оригиналниот завршен проект, создаден помеѓу 1878 и 1879 година од страна на Анџело Боничели.[15]

На проспектот му претходи едно скалило изработено од црвено - бовен гранит, а во долниот дел постои порта со три сводови, од кои секој е составен од кружен лак потпрен на страничните столбови. Секој од двата странични заливи на тремот е украсен со мала купола која е украсена со внатрешен живописен фрескопис и надворешно надградена со бронзена статуа. На централниот свод постојат два медалјона на кои се претставени светите Петар и Павле изработени од Лујџи Пагани, а над нив има една поголема статуа, која го прикажува Светиот Александар, која била изработена од страна на Паоло Сози. Двете статуи поставени на двете странични прегради ги претставуваат теолошките доблести според Верата и Надежта изработени според делото на Лујџи Пагани.[15] Горниот дел од фасадата претставува фронтон, со голем правоаголен прозорец врамен меѓу два коринтски столбови. Одликата на крунисувањето на највисокиот дел е еден триаголен тимпан.

Во пролжение на преминот, ја имаме куполата која се издигнува над градбата. Таа е завршена во 1829 година, но била извршена уште една важна структурна реставрација некаде во 1853 година. На куполата постои висок тапан со четириаголни прозорци и бакарен покрив надграден со статуа изработена од страна на Карло Броџи која го прикажувала Сан Алесандро (1851).[17] Тоа било комплетно позлатено дело изработено во 1984 година.

На југозападната страна, различните премини од конструкцијата на базиликата останале како и во минатото. На нив можат да се забележат квадратните блокови од песочник. Горниот дел претставува ѕид оставен и непроменет, во рустикален стил од XVIII век. Делот кон палатата Палацо дела Рагионе ни овозможува пристап до археолошката област која ги прикажува различните фази од историјата на базиликата од уште од ранохристијанскиот период.

Лево од апсидата се наоѓа камбанаријата, изградена во 1690 година и подигната во 1850 година. Камбанаријата се отвора на секоја од четирите страни на камбанаријата со голем тркалезен прозорец и има концерт од 6 ѕвона кои одѕвонуваат во Е-дур скалата.[18]

Археолошка област[уреди | уреди извор]

Надворешноста на катедралата со Палацо дела Рагионе (лево од неа)

Под портот на Палацо дела Рагионе има пристап до археолошката област која води директно под базиликата и која ни овозможува да ги разбереме различните периоди на историјата на катедралата уште од раниот христијански период. По минувањето на пристапните скали се наоѓате пред основата каде се наоѓаат два од големите потпорни столбови од претходната зграда кои ја делеле црквата на три кораби, а може да се види и дел од подниот мозаик од 5 век. Црквата по димензии била доста голема, со должина од 45 метри и широка од 24 метри и преставувала најголемото богослужно место во градот.[19] Неколку фрагменти од подниот мозаик од црквата и мозаици од една соседна куќа со потекло од римската ера овозможувале реконструкција на различните периоди, со тоа што деловите од мозаиците се протегаат во различни насоки. Тротоарот сведочел за тоа дека овој предел бил населен уште од 10 век п.н.е. како со граѓанско така и со стопанско живеење.[20] Било потврдено дека кон цркавата во минатото имало и гробница. Таму биле пронајдени два саркофази и уште неколку други гробници поставени во делот што бил еден вид на презвитер. Еден од гробовите содржел два ковчези кои биле богато облечени, а во едниот имало и стап обоен со полихромни ленти.

На задниот ѕид постоел плутеус со средновековен иконостас издлабен во каменот. Во делот наречен Зандобио на горните сводови имало фрески од различни епохи. Меѓу нив бил приказот на Сан Џовани и Санта Ана Метерца, опкружени со двајца непознати донатори поставени во позиција на молитва, а на истата фреска бил поставен и Свети Петар. Претставите од фрески продолжувале и на десниот столб каде биле преставени Санта Катерина и Сан Бартоломео како и распетие кое ведочело дека таму морало да постои и горен регистер, кој сепак било многу тешко да се идентификува.[21]

Некои фрески секако се од подоцнежните периоди, како што е Христовото распнување, дело доделено на Мајсторот на Дрвото на животот, кое пак водело потекло од 14 век. Кога на почетокот на дваесеттиот век Елија Форнони планирал изградба на криптата за да може да се погребуваат и епископите, пронајден е дел од старата древна катедрала. Неговото истражување поради страв од унишување не можело да продолжи сѐ до 2004 година, кога биле потребни нови потфати, но овој пат во делот на горната базилика.

Внатрешен опис[уреди | уреди извор]

Внатре кон контрафасадата

Внатрешноста на катедралата Сан Алесандро има план на латински крст, со единечен кораб што се отвора кон страничните капели. Постојат по три свода со буре со лунети од секоја страна.

Во десниот трансепт се наоѓа големиот олтар на светите Фермо, Рустико и Проколо дизајниран од страна на Филипо Јувара, а во левиот трансепт се олтарот посветен на Мадона дела Пиета (Пресвета Богородица од Пјета).

Во првата капела од десната страна посветена на свети Бенедикт се наоѓа олтарниот дел посветен на Свети Бенедикт Нурсија и светите Џером и Луј од Тулуз изработен од страна на Андреа Превитали (1524). Во левата пак капела е сместена Мадона со Детето во слава и чест на Света Катерина од Александрија и Џироламо. Овие дела се изработени од страна на Џован Батиста Морони (1576).

Во капелата на Распетието е зачувано истоименото дело од 16 век кое е сочувано од поранешната црква Санта Марија ди Росате.

Во просторот на црквата се исто така конзервирани и други слики, вклучително и тоа на Мадона со гулабите, која му се припишува на мајсторот Џовани Кариани. Таму постојат и платна изработени од Џамбетино Чињароли и Себастиано Ричи.

Купола[уреди | уреди извор]

Внатрешен изглед на куполата

Првиот проект за изградба на куполата бил претставен од страна на Карло Фонтана во 1688 година.Тој предвидувал изградба на систем кој по висина и архитектонска вредност ќе го надмине оној на соседната базилика Санта Марија Маџоре. Толку грандиозниот проект би го нарушил првичниот план поглавјето на катедралата. Па така се побарало нејзино извесно намалување. Во исто време со тоа намалување требало да се ублажат трошоците за нејзината изградба. Но, архитектот на таквите заложби одговорил дека со намалувањето на димензиите ќе дојде до минимален пад на трошоците, а ќе дојде до сериозна естетска загуба. Подоцна следувале многу различни проекти. Таков бил проектот од 1826 година на архитектот Карло Амати, кој сепак подоцна бил повлечен од реализација.[22] Во 1833 година, по желба на протоѓаконот Марко Селио Паси, изградбата му била доверена на архитектот Џузепе Кузи. Тој изработил проект со помали размери. Но, и тој проект доживеал неуспех поради дебелината на барабанот. Тоа довело до загрозување на стабилноста на ѕидарската купола која била покриена со бакар. Изгледот на куполата со бакарот врз неа била наречена груб казан. По дури осум обиди, протоѓаконот Пјетро Руска на крајот поканил тројца архитекти, меѓу кои бил и Џузепе Берлендис кој ја преземал одговорноста за изградба на новиот проект.[23] Куполата била изработена во периодот од 1853 до 1855 година.На крајот хемиосферичната купола сепак била повисока од онаа на црквата Санта Марија Маџоре, онака како што било проектирано во примарниот проект на Фонтана, но секако со помали димензии од почетниот проект. Од надворешна страна стабилноста ја обезбедуваат три скалила, над кои била поставена бакарната статуа на Сан Алесандро. Во внатрешноста на куполата имало насликани фрески од страна на Франческо Когети со мотиви од триумфот на Сан Алесандро. Тие делови хармонично се поврзуваат со остатокот од катедралата.[24][25]

Апсидата на презвитерството[уреди | уреди извор]

Апсида и презвитерство

До просторот на презвитериумот се пристапува преку просторот составен од вкупно седум бели мермерни скалила украсени со црна мермерна балустрада.

Во центарот се наоѓа модерниот олтар, дело изработено во времето по Вториот ватикански собор. Овој олтар бил составен од мермерна маса со скапоцениот сребрен фронтал од седумнаесеттиот век. Во центарот се наоѓа сребрената урна со посмртните останки на Светиот маченик Александар. Ова дело било изработено од страна на златарот Пјетро Роберти, а донирано од градскиот совет на Бергамо во 1702 година.[26]

Високиот олтар изработен од страна на Чезаре Таргони бил изграден во 1588 година и бил украсен со полихроматски мермер и фигури од позлатен метал. Овој олтар има форма на полуоктагонален храм и е поделен во три реда. Во првиот ред се ликовите на четворица евангелисти, во горниот се наоѓаат свети Петар и Павле, додека на најгорниот ликот на воскреснатиот Христос. На вратата во центарот на олтарот се наоѓа сликата изработена од Енеа Салмеџија на која се прикажува Спасителот. Од страна на истиот уметник на задниот дел на олтарот е насликан приказ на Тајната вечера.

Шест големи ангели го поддржуваат цибориумот. Тие се подоцнежно дело на Антонио Фонтана, а потекнуваат од 1715 година. Тогаш се добило впечаток дека олтарот е премногу едноставен во споредба со величественоста на целата базилика, па требало да се изработат тие шест ангели. Завршниот дизајн бил на Марко Алесандри.[27]

Во просторот на главната апсида, зад олтарот, изработен во полихроматски мермер заснован на дизајни на Филипо Јувара, постојат седум големи слики. Во центарот е Мачеништвото на Свети Александар дело на Никола Малинконико од 1694 година, потоа епископското осветување на Свети Нарно дело на Франческо Полацо. Во истиот дел сместено е и Проповедањето на Сан Виаторе, изработено од Франческо Монти. Помеѓу седумте дела е и Мачеништвото на бискупот Свети Јован изработено од Џовани Батиста Тјеполо (1743 - 1745 година). Останати три дела се делата Мачеништвото на Свети Проиетицио изработено од Џан Бетино Сињароли, потоа Мачеништвото на Света Естерија од Џовани Батиста и Мартир, изработено од Силвестро Манаиго како и делото сместено во апсидата Свети Алесандро на уметникот Карло Иноченцо Карлони.

Дрвен хор[уреди | уреди извор]

Во делот на апсидатата се наоѓа и дрвен хор изработен со длабење од страна на Џан Карло Санз ( XVIII век ). Започнувањето на изработката на ова дело е во 1693 година, а работата била завршена во 1698 година. Хорот се состоел од 44 штандови (места) за каноните на Поглавјето и исто толку каријатиди кои прикажувале некои библиски теми. Местото за хорот бил со димензии по должина од 30 метри и по висина од 3,5 метри. Во дваесет и втората каријатида авторот на ова дело го вметнал автопортретот со името Џоан Каролус Санц Скулпсит и годинаѕта 1695. На Санц му се припишувало и делото, мермерниот барелеф на Животот Христов, поставено веднаш над олтарот во делот на левиот трансепт.Бискупското столче кое било поставено во центарот на дрвениот хор било дело на Андреа Фантони од 1705 година. На врвот се наоѓа грбот на епископот Лујџи Руцини и дополнително две дрвени медали со слики, едниот на Соломон и Ерусалимскиот храм и вториот на Помазанието на Самуил на цар Давид. Столот бил комплетиран со делот наречен клекнувач.

Во сакристијата биле сместени и дела на Џован Батиста Морони, а во делот на преградата е врежан и позлатен дрвен полиптих од петнаесеттиот век.

Органи на цевки (оргули)[уреди | уреди извор]

Оргулите Боси[уреди | уреди извор]

На хорската мансарда на левиот ѕид од апсидата се наоѓаат оргулите изградени во 1842 година од страна на познатиот мајстор Феличе Боси. Истите се обновени од компанијата Масиони во 1995 година.[28] Постои механичкиот менувач и единечна тастатура со вкупно 58 ноти поделени на бас/сопран на C# 3 - D 3. Говорната табла е составена од 20 педали (првите 18 се вистински ноти и постојано се приклучени на прирачникот, 19-та одговара на третата рака, а 20-та на стилот Роланте).[29]

Оргули со рогови[уреди | уреди извор]

Главната оргула на катедралата била изградена помеѓу 2009 и 2010 година од страна на градителот на оргули Пјетро Корна, со реупотреба на фонискиот материјал и преадаптирање на конзолата на претходната оргула изработена од компанијата Балбиани - Вегеци Боси, создадена во 1943 година, а дополнително доработена и надградена во 1995 година.[28]

Инструментот има електронски пренос и има вкупно две конзоли:

  • главната конзола, инсталирана во 2013 година, се наоѓа во делот на апсидата и има четири тастатури од по 61 нота и конкавна-радијална педала составена од 32 ноти, со регистри и спојки управувани со копчиња распоредени во неколку редови на страните на прирачниците;[30]
  • конзолата изработена од Балбиани—Вегеци Боси, а подоцна адаптирана, е сместена во левиот крак на трансептот. Има три тастатури од по 61 нота и конкавна-радијална педала од вкупно 32 ноти, со регистри и спојки управувани со помош на стожерни плочи.[28]

Најголемиот дел од фонскиот материјал на инструментот се наоѓа на десната хорска мансарда во делот на презвитериумот, додека другиот дел се наоѓа на десната хорска мансарда на левиот крак од трансептот.

Позитивни оргули[уреди | уреди извор]

Во капелата Адолората има позитивни оргули за придружба на хорот изграден во 2009 година од Силвио Замбети.[31] Со целосно механички менувач, има една тастатура од 54 ноти и нема педала.

Крстилницата

Крстилница[уреди | уреди извор]

Спроти фасадата на катедралата, на спротивната страна од плоштадот Пјаца дел Дуомо, се наоѓа крстилницата.

Со октагонален план, крстилницата била изградена во 1340 година од страна на Џовани да Кампионе како и базиликата Санта Марија Маџоре. На почетокот крстилницата се наоѓала на таа локација, веројатно во делот од крајот на централниот кораб. Таа била демонтирана во 1660 година и повторно изградена некаде во 1856 година. Новата ликација била во дворот на Каноните. Била изградена во 1900 година во неоготски стил.[32]

Од надворешната страна крстилницата се одликува со распрскана кружна заоблена порта и лажен чардак составен од тенки колони поставени еден до друг со наизменичен ред со осум статуи од четиринаесеттиот век. Со нив се прикажуваат трите Теолошки доблести (вера, надеж, милосрдие - љубов) и четирите Кардинални доблести (Правда, претпазливост, цврстина, умереност). Покрај седумте доблести додадена била и осмата доблест, Трпението. Покривот на градбата се состои од фенер (светилник) без тапан, дополнет со уште еден мал фенер надграден заедно со статуата на еден Архангел.[33]

Внатрешноста на крстилницата е составена од единечна октагонална сала, со двобојна мермерна страна. Центарот на крстилницата, е дело на Џовани да Кампионе, кој го изградил во 1340 година. Тој се состои од готски украси. Веднаш зад центарот, во линија со влезната порта, се наоѓа олтарот, надграден со мермерна статуа на Свети Јован Крстител. Ова дело е поставено во огивална трофолна ниша. Ѕидовите се украсени со осум барелјефи со сцени од Животот на Исус. И ова дело е изработено од страна на Џовани да Кампионе.[33]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „San Vincenzo, patrono di Bergamo (Sant'Alessandro gli rubò il posto)“. BergamoPost. 22 maggio 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Relazione di alcuni viaggi fatti.
  3. Caccia & p. 15.
  4. „L'antica basilica alessandrina e la cattedrale di S. Vincenzo“. alessandra-creativefamily.blogspot.it.
  5. „Il Tesamento del Longobardo“. Carlus Magnus. Архивирано од изворникот на 2019-08-27. Посетено на 2023-03-12.
  6. Caccia & p.44.
  7. Caccia & p.22.
  8. „Porta di sant'Alessandro“ (PDF). comune di Bergamo. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-12-01. Посетено на 2023-03-12.
  9. „Giustiniani, Daniele“. Bergamopedia. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 2023-03-12.
  10. Caccia & p.137.
  11. Caccia & p.138 che era in precedenza di sant'Alessandro
  12. Duomo di Bergamo. Bolis.
  13. „Prosecuzione lavori della fabbrica“. Cattedrale di Bergamo.
  14. G. Berlendis & p. 3.
  15. 15,0 15,1 15,2 „Completamento architettonico e ornamentale della facciata“. cattedraledibargamo.it.
  16. „Un museo sotto la Cattedrale. Sarà pronto per Sant'Alessandro“. ecodibergamo.it. 22 ottobre 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  17. „Cupola“. cattedraledibergamo.it.
  18. „Le campane di Bergamo Alta (Duomo di S. Alessandro) - Concerto“. youtube.com. 29 agosto 2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  19. „Presentazione Museo e tesoro della Cattedrale“. Fondazione Bermareggi.
  20. „Museo e t esoro della Cattedrale“. VisitBergamo.
  21. La cattedrale & p 43/46.
  22. „Pianta del Duomo di Bergamo“. LombardiaBeniCulturali.
  23. G. Berlendis.
  24. Il Duomo di Bergamo. Bergamo: Bolis. стр. 200-212. ISBN 88-7827-021-0. Text "Graziella Colmuto Zanella" ignored (help)
  25. Francesco Coghetti e la volta del duomo di Bergamo. Silvana Editoriale.
  26. „Bergamo Alta: Paliotto d'argento, dell'altare della Cattedrale ('600), con l'urna contenente le reliquie di Sant'Alessandro (P. Roberti 1702)“. panoramio.com.
  27. „area presbiteriale“. Cattedrale di Bergamo.
  28. 28,0 28,1 28,2 „Duomo - Arte Organaria“. organday.altervista.org.
  29. „Bergamo - Duomo di S. Alessandro - Felice Bossi 1842 - Restauro 1995“ (PDF). mascioni-organs.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-18. Посетено на 2023-03-12.
  30. „Nuova Consolle dell'organo "Corna 2010" della Cattedrale di Bergamo“. pietro-corna.com. Архивирано од изворникот на 2014-03-17. Посетено на 2023-03-12.
  31. „Cattedrale di Sant'Alessandro“. duecaffeprova1.altervista.org.
  32. F. Berizzi & p. 44.
  33. 33,0 33,1 „Il Battistero“. cattedraledibergamo.it. Архивирано од изворникот на 2013-09-08. Посетено на 2023-03-12.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Principali monumenti della città e provincia di Bergamo. Bergamo: Stamperia Crescini. ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • Il duomo di Bergamo. ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • La Cattedrale di S. Alessandro martire. Gorle: Litostampa istituto grafico. ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • Il Duomo di Bergamo. Bergamo: Bolis. ISBN 88-7827-021-0. Text "Graziella Colmuto Zanella" ignored (help)
  • Bergamo. Milano: Electa. ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • La cattedrale di S.Alessandro martire. Fondazione Adriano Bernareggi.
  • Lombardia Romanica - I grandi cantieri. Milano: Jaka Book. ISBN 978-88-16-60438-4.
  • museo e tesoro della cattedrale. Litostampa istituto grafico.
  • L'antica cattedrale di San Vincenzo martire in Bergamo. Bergamo: Bolis edizioni.
  • Francesco Coghetti e la volta del duomo di Bergamo. Silvana Editoriale.

Други проекти[уреди | уреди извор]

VIAF ( ИТ ) 136476148 LCCN ( EN ) бр91004539 · Идентитети на WorldCat ( EN ) lccn-nr91004539