Осумаголник
| Правилен осумаголник | |
|---|---|
Правилен осумаголник | |
| Вид | правилен многуаголник |
| Рабови и темиња | 8 |
| Шлефлиев симбол | {8}, t{4} |
| Коксетер–Динкинови дијаграми | |
| Група на симетрија | диедарска (D8), ред 2×8 |
| Внатрешен агол | 135° |
| Својства | испакнат, впишан, рамностран, изогонален, изотоксален |
Осумаголник – многуаголник со осум темиња и осум страни.
Правилен осумаголник
[уреди | уреди извор]Правилниот осумаголник е осумаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.
Внатрешните агли на правилен осумаголник имаат по 135° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било осумаголник изнесува 1080°.
Плоштината на правилен осумаголник со страна се пресметува според формулата:
Ако со го означиме полупречникот на опишана кржница околу осумаголникот, тогаш неговата плоштина е еднаква на .
Ако со го означиме полупречникот на впишана кружница во осумаголникот, плоштината е еднаква на .
Периметарот на осумаголник чија страна е со должина е еднаков на .
Конструкција
[уреди | уреди извор]Правилен осумаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Постапката е илустрирана во 18 чекори, од седмиот до десеттиот чекор отворот на шестарот не се менува.

Неправилни осумаголници
[уреди | уреди извор]Секој осумаголник кој не е правилен се нарекува неправилен.
- Неправилен осумаголник
- Вдлабнат осумаголник
- Комплексен осумаголник
Каде може да се види осумаголник
[уреди | уреди извор]Осумаголник во градежништвото
[уреди | уреди извор]- Кула на ветровите во Атина од 50 година п.н.е.
- Тврдината Дел Монте од 1242 година, Италија. На ќошовите на тврдината се наоѓаат осум осумаголни кули.
- Православна црква Св. Ѓорѓи од 1896 година, во Адис Абеба, Етиопија
Друга примена
[уреди | уреди извор]- Шари „слоново стапало“ на туркменски ќилим
- Чанги или корејски шах.
- Јапонска лотaриска машина
- Прочуениот осумаголен златен пехар
- Наставата во колеџот Шимер традиционално се одржува на осумаголна маса
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Осумаголник“ на Ризницата ? |
- Осумаголник на Mathworld
- Дефиниција и особини на осумаголник со интерактивна анимација
| ||||||||||||||||||||||