Шеснаесетаголник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Правилен шеснаесетаголник

Шеснаесетаголникмногуаголник со шеснаесет темиња и шеснаесет страни.

Правилен шеснаесетаголник[уреди | уреди извор]

Правилниот шеснаесетаголник е шеснаесетаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.

Внатрешните агли на правилен шеснаесетаголник имаат по 157° (степени) и 30 , а збирот на сите внатрешни агли на кој било шеснаесетаголник изнесува 2520°.

Ако основната страна на правилниот шеснаесетаголник е со должина , неговата плоштина ќе биде дадена со формулата:
.

Плоштината може да се пресмета и со:

каде
- е полупречник на опишаната кружница, а
- е полупречник на впишаната кружница.

Периметарот на шеснаесетаголник чија страна е со должина е еднаков на .

Конструкција[уреди | уреди извор]

Правилен шеснаесетаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар.

Анимиран приказ на конструкција на шеснаесетаголник со помош на шестар и линијар

Една од можните конструкции се надоврзува на конструкцијата на осумаголник. Доволно најпрво да се конструира правилен осумаголник, а потоа и симетрали на четирите соседни страни и во пресекот со кружницата да се добијат осум точки кои со темињата на осумаголникот ќе чинат шеснаесет темиња на правилен шеснаесетаголник.

Поврзани статии[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал „Математика