Бесконечноаголник
Правилен бесконечноаголник | |
---|---|
Рабови и темиња | ∞ |
Шлефлиев симбол | {∞} |
Коксетер–Динкинови дијаграми | |
Внатрешен агол | 180° |
Весконечноаголник или апејрогон — дегенериран многуаголник со бесконечен број на страни. Тоа е граничен облик на низа од многуаголници со сè повеќе и повеќе страни.
Слично на многуаголникот, тој е низа од страни (рабови) и агли. Правилниот многуаголник нема крај затоа што е затворен. Бесконечноаголникот исто така нема крај, бидејќи никогаш не може да се направи бесконечен број чекори за да се стигне до крајот во која било насока. Има и затворени бесконечноаголници.
Правилен бесконечноаголник
[уреди | уреди извор]Кај правилниот бесконечноаголник сите страни се со еднаква должина и сите агли со еднаква големина. Ова е слично на обичен многуаголник. Шлефлиевиот симбол е {∞}. Коскетер-Динкиновиот дијаграм е . Групата на симетрија е бесконечна диедарска група .
Кога аглите се еднакви на 180°, бесконечноаголникот личи на права линија.
Правата линија може да се замисли како кружница со бескрајно голем полупречник.
Наклонети облици
[уреди | уреди извор]Долго време се сметало дека постојат само правилни примери на бесконечноаголнци. Но, математичарот Бранко Гринбаум (1929-2018) открил уште две.
Кога аглите се менуваат, бесконечноаголникот наликува на цик-цак шема.
...Податотека:Regular apeirogon zig-zag.svg...
Ако секој агол се помести надвор од рамнината на претходниот агол, бесконечноаголникот би наликувал на тридимензионална завојница. Таквите многуаголници се нарекуваат просторни. Цртежот од десната страна е тридимензионален приказ на таков наклонет бесконечноаголник.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Apeirogon v Glossary for Hyperspace (англиски)
|