Знаме на Народна Република Кина
Назив | Wǔ Xīng Hóng Qí ("Петѕвездено знаме") |
---|---|
Употреба | граѓанско, државно и пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 27 септември 1949 |
Опис | Голема ѕвезда опколена со четири помали во жолта боја на црвена основа. |
Знамето на Народна Република Кина или познато како „петѕвездено знаме“ (кинески: 五星红旗|t=五星紅旗, пинјин: wǔ xīng hóng qí) е националното знаме на Кина дизајнирано до Зенг Лиансонг. Ова знаме било дизајнирано во јули 1949. Првото национално знаме на Кина датира од 1872 година. Тоа било жолто со син змеј кој ја претставува династијата Манчу (Кинг). Во 1911 година знамето било сменето после револтот на народот против династијата и се усвоило знаме со пет ленти.
Значење на ѕвездите во митологијата
[уреди | уреди извор]Во кинеската митологија петте ѕвезди го означуваат светот поделен на пет делови: средното кралство (симболизирано од жолта боја), источно кралство (зелена боја), западно (бела боја, северно кралство (црва боја) и јужно кралство (црвена боја). Секое кралство е претставено и од одредени животни.
Симболизам на знамето
[уреди | уреди извор]Сегашното знаме на Кина е црвено со пет ѕвезди во жолта боја. Црвената боја ја претставува крвта која ја пролеале кинеските војници за време на револуцијата. Златната боја ја симболизира кинеската нација и култура. Големата ѕвезда го симболизира водството на комунистичката партија на Кина, додека четирите помали ѕвезди ги означуваат четирите кинески класи на граѓанство: работници, селани, мала буржоазија и висока класа.
Чувствителност кон знамето
[уреди | уреди извор]Голем број на Кинези се однесуваат чувствително кон знамето на Кина. Сечење, лепење или пишување на знамето е табу.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Знамето на Кина Архивирано на 9 јануари 2018 г.
|