Прејди на содржината

Горна Чарлија

Координати: 41°9′10″N 21°26′0″E / 41.15278° СГШ; 21.43333° ИГД / 41.15278; 21.43333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горна Чарлија

Панорама на селото Горна Чарлија

Горна Чарлија во рамките на Македонија
Горна Чарлија
Местоположба на Горна Чарлија во Македонија
Горна Чарлија на карта

Карта

Координати 41°9′10″N 21°26′0″E / 41.15278° СГШ; 21.43333° ИГД / 41.15278; 21.43333
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7216
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02124
Надм. вис. 568 м
Слава Свети Никола Летен
Горна Чарлија на општинската карта

Атарот на Горна Чарлија во рамките на општината
Горна Чарлија на Ризницата

Горна Чарлија — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од турскиот збор „чаир“, што означува ливада.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, сместено на левиот брег на Црна Река, на надморска височина од 583 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 25 километри, а од патот Битола-Прилеп околу пет километри.[3]

Горна Чарлија е мало полско село помеѓу Долна Чарлија на југ и Воѓани на север. Други околни села се: Будаково, Вашарејца и Добрушево.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливади, Мери, Црква, Ѓошкови и Долги Слогови.[4]

Селото е мало и не се дели на маала.[4]

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, североисточно од Битола. На југ е поголемото село Долна Чарлија, а во минатото биле познати како едно село - Чарлија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во првата половина на XVII век се споменува село Чаирли во околина на Битола. Веројатно се однесува за денешните села, Горна и Долна Чарлија. Традицијата наведува дека до втората половина на XVIII век на земјиштето на денешна Горна Чарлија се наоѓале пространи ливади. Тука доаѓале сточари од селото Подмол.[4]

Познато е дека во втората половина на XVIII век на овие ливади, Сердар-бег од Прилеп, кој ги поседувал овие ливади, ја населил македонската задруга Стојковци, која тогаш имала 40 членови. Подоцна било населено и Долна Чарлија.[4]

Во XIX век, Горна Чарлија било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

До 1940 година, селаните биле закопувани во селото Ношпал, а подоцна во соседното село Долна Чарлија.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 950,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 56,6 хектари, додека шуми речиси и да нема.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194860—    
195370+16.7%
196177+10.0%
197129−62.3%
198134+17.2%
ГодинаНас.±%
199122−35.3%
19946−72.7%
20023−50.0%
20210−100.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горна Чарлија живееле 120 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горна Чарлија имало 72 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Чарлија се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[8]

Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Во 1961 година, селото броело 77 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Горна Чарлија живееле 3 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 72 60 70 77 29 34 22 6 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Горна Чарлија е македонско православно село, родовите во селото сите се доселенички, селото е основано во втората половина од ХVIII век.[4]

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото

  • Доселеници: Стојковци (2 к.), основачи на селото се, доселени се од соседното село Ношпал (сега таму немаат роднини), го знаат следното родословие: Тодор (жив на 65 г. во 1959 година) Крсте-Тале-Божин-Јоше-Стојко, основачот на родот кој дошол од Ношпал; Чадиовци (2 к.), доселени се во турско време од селото Радобор; Илијовци (1 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од Црничани, овде влегол во родот Стојковци; Грујовци (1 к.), исто така, потекнуваат од домазет кој дошол од Подмол, овде влегол во родот Стојковци, понатамошното потекло им е од Егејска Македонија; Гуржовци (2 к.), доселени се од мијачкото село Селце, најпрво купиле околу 40 хектари земја, на таа земја доаѓале на зимо со стоката, а некои и во лето живееле тука и обработувале земја, целосно се населиле во 1943 година, во Селце имаат истоимени роднини.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Алинци, се наоѓале и селата Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, Долна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0181 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долна Чарлија. Избирачкото место го опфаќа и селото Долна Чарлија.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 138 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 143 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Тумба — населба од неолитско време; и
  • Ограѓе — населба и некропола од римско време.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Свети Никола Летен — селска слава

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: Чарлинци (1 к.), кои живеат во Ношпал, Чарлинци (2 к.), живеат во Добрушево, Чарлинци (1 к.), кои живеат во Могила; сите гранки на родот Стојковци. Од овој род има иселеници и во селото Тројкрсти (1 к.).[4]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-29. Посетено на 2019-08-30.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 82. Посетено на 30 август 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 август 2019.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 30 август 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-08-30. Посетено на 30 август 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 октомври 2021.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]