Женска национална кошаркарска асоцијација
Податотека:Women National Basketball Association.svg | |
Спорт | Кошарка |
---|---|
Основана | 24 април, 1996 |
Претсетател | Лорел Џеј Ричи |
Мото | "Expect Great" |
Прва сезона | 1997 |
Број на екипи | 12 |
Држава | САД |
Континент | ФИБА Америка (Америка) |
Тековен првак | Минесота Линкс (1-ва) |
Најмногу титули | Хјустон Кометс (4) |
ТВ-партнер(и) | АБЦ ЕСПН NBA TV |
Портал | www.WNBA.com |
Женската Национална Кошаркарска Асоцијација (ВНБА) е женска професионална кошаркарска лига во Соединетите Американски Држави. Во моментов се состои од дванаесет екипи. Лигата е основана на 24 април, 1996 година како женска копија на Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Лигата започна со натпревари во 1997 година и регуларната сезона во моментов се игра од јуни до септември со Финале во октомври.
Многу ВНБА екипи имаат НБА двојници и играат во истата сала. Конектикат Сан, Сиетл Сторм и Тулса Шок се единствените сегашни екипи кои играат без да го делат пазарот со НБА екипа. Покрај овие три екипи, Чикаго Скај е единствената друга екипа која не дели сала со НБА двојник. Четирите горенаведени франшизи, заедно со Атланта Дрим и Лос Анџелес Спаркс се под независна сопственост. Независната сопственост е важна за развојот на ВНБА бидејќи некогаш сите екипи во лигата беа поседувани од НБА.
Историја
[уреди | уреди извор]“Ние Сме Следни” (1997 година)
[уреди | уреди извор]По официјалното одобрување од страна на НБА одборот на Гувернери на 24 Април 1996 година, создавањето на ВНБА било објавено на прес конференција со присуство на Ребека Лобо, Лиза Лесли и Шерил Свупс.
Лигата започнала со осум екипи: Шарлот Стинг, Кливленд Рокерс, Хјустон Кометс и Њујорк Либерти во Источната Конференција и Лос Анџелес Спаркс, Финикс Меркјури, Сакраменто Монаркс и Јута Старз во Западната Конференција. Иако не е прва, главна, женска, професионална, кошаркарска лига во Соединетите Американски Држави (признание кое го држи распаднатата ВБЛ), ВНБА е единствената лига која доби целосна поддршка од НБА. ВНБА логото, “Лого Жена” е слично со логото на НБА и беше избрано од 50 различни дизајни.
Династијата на Хјустон Кометс (1997-2000)
[уреди | уреди извор]Непосредно по популарното освојување на зладниот медал на Женската Национална Кошаркарска Екипа на САД на Летните олимписки игри во 1996 година, ВНБА ја започна својата прва сезона на 21 јуни, 1997 година пред мал број на гледачи. Во првиот ВНБА натпревар играа Њујорк Ливерти и Лос Анџелес Спаркс во Лос Анџелес. Натпреварот беше емитуван на национално ниво во Соединетите Американски Држави на телевизиската мрежа НБС. На почетокот на 1997 сезона, ВНБА имаше потпишано телевизиски договори со НБС (кои имаат права за пренос на НБА) и заедничките канали на Волт Дизни Компанијата и Корпорацијата Харст: ЕСПН и Лајфтајм Телевизиската Мрежа. Пени Толер го постигнала првиот бод во лигата.
ВНБА ја сосредоточи својата маркетиншка кампања наречена “Ние Сме Следни” кон зведите Ребека Лобо, Лиза Лесли и Шерил Свупс. Во првата сезона на лигата, екипата на Лесли, Лос Анџелес потфрли и Свупс го пропушти поголемиот дел од сезоната поради бременост. Вистинската звезда на ВНБА во 1997 година беше МВП на ВНБА, Синтија Купер, соиграчот на Свупс од Хјустон Кометс. Кометс ја пбедија екипата на Лобо, Њујорк Либерти во првото финале на ВНБА.
Првобитната “Ние Сме Следни” реклама траеше одеше пред почетокот на секоја ВНБА сезона пред да ја заменат со кампањата “Ние Играме”.
Две екипи беа додадени во 1998 година (Детроит и Вашингтон) и уште две во 1999 година (Орландо и Минесота), зголемувајќи го бројот на екипи на дванаесет. Сезоната во 1999 започна со договорот за заедничка соработка помеѓу играчите и лигата, означувајќи го првиот потпишан договор за заедничка соработка во историјата на женските професионални спортови.
Во 1999 година, главниот соперник на лигата, Американската Кошаркарска Лига, се распадна. Голем број на звезди на оваа лига, вклучувајќи неколку освојувачи на златен Олимписки медал (како што се Ники Мекреј и Дон Стели) и голем број на истакнати колеч играчи (меѓу кои и Кејт Старбирд и Џенифер Риѕоти) се приклучија на ВНБА екипи и со тоа го подобрија целокупниот квалитет на играта во лигата. Кога локаутот резултираше во скратена НБА сезона, бројот на телевизиски гледачи на ВНБА падна.
До 2000 сезона, ВНБА двојно се зголеми од својата прва сезона. Четири нови екипи се приклучија за 2000 сезона (Индијана Фивер, Сиетл Сторм, Мајами Сол и Портланд Фајр).
На 23 мај, 2000 година, Хјустон Кометс станала првата ВНБА екипа која е поканета во Градината на Розите во Белата Куќа. Ова било важно за развојот на ВНБА бидејќи пред оваа покана, само машки спортски екипи биле гости во Белата Куќа.
На крајот на 2000 сезона Хјустон Кометс ја освоија својата четврта титула, освојувајќи ги сите титули од почетокот на лигата. Водени од “Големата Тројка” од Шерил Свупс, Тина Томпсон и четирикратниот освојувач на МВП наградата во Финалето, Синтија Купер, Кометс доминираа над секоја екипа во лигата. Под водство на главниот тренер Вен Ченселор, екипата забележа скор од 98 победи и 24 порази во своите први четири сезони (16-3 во плејофот). По 2000 година, Купер се пензионира од лигата и дојде крајот на династијата на Кометс.
Лиза Лесли и Лос Анџелес Спаркс (2001-2002)
[уреди | уреди извор]Пред почетокот на сезоната 2001, Хјустон попуштил без Купер и паднал на четврто место во конференцијата на крајот на сезоната. Главен фаворит станал популарната екипа Лос Анџелес Спаркс. За Спаркс се предвидуваше дека ќе ги освојат претходните титули, но екипата никако не можеше да ги надмине доминантните Кометс. Под водство на Лиза Лесли, најдоминантниот играч под обрачите во тоа време, Спаркс остварија неверојатен скор од 28-4 во регуларната сезона. Настапија во своето прво ВНБА Финале и ги збришаа на нула четвртите носители од Источната Конференција, Шарлот Стинг. Целејќи да го повторат успехот во 2002 година, Спаркс повторно додадоа гас пред плејофот, остварувајќи скор од 25-7 во регуларната сезона под водство на главниот тренер Мајкл Купер, порано тренер на Лос Анџелес Лејкерс. Повторно, Лесли доминираше над противницити низ Плејофот, носејќи ги Спаркс до перфектен скор од 6-0 низ сите три кола, победувајќи го соперникот Њујорк Либерти во 2002 Финалето.
Екипите и лигата беа под заедничка сопственост на НБА сè до крајот на 2002 година, кога НБА ги продаде ВНБА екипи или на НБА двојниците од истиот град или на трета странка. Ова донесе до преселување на две екипи: Јута во Сан Антонио и Орландо во Конектикат. Со преселбата, Сан станаа првата ВНБА екипа во сопственост на трета странка, наместо на НБА франшиза. Оваа продажба на екипи исто така доведе и до распаѓање на две екипи, Мајами Сол и Портланд Фајр, бидејќи не можеа да најдат нови сопственици.
Бил Лембиар остава своја трага врз ВНБА (2003-2006)
[уреди | уреди извор]По преземањето на неуспешна франшиза во 2002 година, поранешното Лошо Момче на Детроит Пистонс, Бил Лембиар имаше големи очекувања за Детроит Шок во 2003 година. Екипата постигна скоро од само 9-23 во 2002 година, но Лембиар предвиде дека Шок ќе ја освојат титулата во 2003 година. Тргна добро за Шок, кои имаа 3 ол-стар играчи на Ол-стар Натпреварот од 2003 година (Свин Кеш, Шерил Форд и Деана Нолан). Зачудувачки, Лембиар беше предводник на реток пресврт од последно на прво место и Шок со скор од 25-9 ја завршија сезоната на прво место во Источната Конференција. По победите во првите две кола од Плејофот, Шок мораа да се соочат со двократните шампиони Лос Анџелес Спаркс и сегашниот МВП на Финалето, Лиза Лесли, во Финалето во 2003 година. Шок ги победија Спаркс, добивајќи го третиот натпревар со тројка во последната секунда од Деана Нолан.
По 2003 сезона, Кливленд Рокерс, еден од оригиналните осум екипи во лигата, се распаднала бидејќи споствениците не беа заинтересирани да продолжат да ја водат франшизата.
На 21 октомври, 2004 година, Вал Акермен, првиот ВНБА претседател, поднел оставка, која стапила во ефект на 1 февруари, 2005 година, со причина да помине повеќе време со нејзиното семејство. Акермен подоцна станал претседател на САД Кошарка. На 15 февруари, 2005 година, НБА Комесарот Дејвид Стерн објави дека Дона Орендер, која работеше како Постар Заменик Претседатен на ПГА (Професионална Голф Асоцијација) Турнејата и која играше за неколку екипи во моментот распаднатата Женска Про Кошаркарска Лига, ќе ја наследи Акермен од Април 2005 година.
ВНБА ја додели својата прва развојна екипа на Чикаго (подоцна именувана Скај) во февруари 2006 година. Во вонсезоната , одобрени беа сет од правила што ја направија ВНБА повеќе како НБА.
Во 2006 година, лигата стана прва екипна женска професионална лига која постои десет последователни сезони. По повод десетгодишнината, ВНБА ја објави екипата на Декадата сочинета од десетте играчи кои најмоногу придонеле за женската кошарка на и надвор од теренот за време на постоењето на лигата.
По пропуштените Финалиња во 2004 и 2005 година, Шок се опоравија во 2006 година водени од ново-донесената Кејти Смит. Заедно со Смит, Шок сè уште во екипата имаа шест членови од шампионската екипа од 2003 година (Кеш, Форд, Холанд-Корн, Пауел и Рајли). Тренерот Лембиар знаеше колку е само тешко да се дојде до Финалето по вторпат и Шок го прифатија предизвикот. Завршија втори во Источната Конференција, но ги победија првите носители Конектикат во второто коло од Плејофот. Шок се соочија со бранителите на титулата Сакраменто Монархс во серија од 5 натпревари. Победија на петтиот натпревар на домашен терен, повторно зацвртувајќи ја својата доминација во лигата.
Донесување на “Пол Бол” во ВНБА (2007-2009)
[уреди | уреди извор]Во Декември 2006 година, организацијата Шарлот Бобкетс изјави дека веќе нема да управува со Шарлот Стинг. Набргу, ВНБА објави дека Стинг нема да функционираат за 2007 година. Драфт за проширување се одржа на 8 Јанурари, 2007 година. Екипите избираа во обратен редослед од нивните скорови во 2006 година. Чикаго го имаа првиот иззбор и ја избраа Моник Кури.
Поранешниот шампионски тренер на Лос Анџелес Лејкерс Пол Вестхед беше назначен за главен тренер на Финикс Меркјури на 11 Октомври, 2005 година, донесувајќи го неговиот стил на игра со брзо темпо во ВНБА. Овој напад со брз ритам беше идеален за неговата екипа, особено откако лигата го намали времетраењето на еден напад од 30 секунди на 24 секунди во 2006 година. Слично како шампионските екипи на Хјустон Кометс, Финикс Меркјури се истакнаа под водство на својата “Голема Тројка” од Кепи Пондекстер, Дајана Тауреси и Пени Тејлор.
Меркјури беа подобни за овој брз напад благодарение на овие три играчи. Финикс во просек постигна рекордни 88,97 бода по натпревар во 2007 година, екипите не можеа да се носат со ова брзо темпо на игра , па така Финикс се издигнаа на првото место во Западната Конференција. Во двобој со бранителот на титулата Детроит Шок, Меркјури ја наметнаа својата брза игра со многу бодови со надеж да ја освојат првата титула во историјата на франшизата. Со просек од 93,2 бода по натпревар во Финалето, Меркјури ги победија Детроит пред нивните 22 076 навивачи во петтиот натпревар за да ја освојат својата прва ВНБА титула. Во Октомври 2007 година, ВНБА додела нова франшиза на Атланта. Стопанственикот од Атланта, Рон Тервилигер беше првиот сопственик на новата екипа. Граѓаните на Атланта беа во можност да го изберат новиот прекар на екипата и боите. Го избраа името Дрим и го одиграа првиот натпревар од регуларната сезона на 17 Мај, во кој беа поразени со 67-100 од Конектикат Сан.
Пол Вестхед даде оставка од позицијата тренер на Меркјури по освојувањето на титулата во 2007 година и Пени Тејлор се одлучи да остане дома за да се подготви за Летните олимписки игри во 2008 година, предизвикувајќи пад во играта на Меркјури во 2008 година. Екипата постигна скор од 16-18 и стана првата екипа во историјата на ВНБА да го пропучти плејофот по освојување на титула во претходната сезона. На нивно место, Детроит Шок ја освои третата титула под водство на Бил Лембиар, зацврснувајќи си го местото во историјата на ВНБА, за потоа Лембиар да поднесе оставка во почетокот на 2009 година, со што дојде крај на династијата на Шок.
Подооцна во 2008 година, лигата ја презеде една од првичните франшизи, Хјустон Кометс. Кометс престанаа со работа на 1 Декември, 2008 година, бидејќи не можеа да најдат сопственик. Се одржа драфт за проширување на 8 Декември, 2008 година, и Атланта Дрим како прв пик ја избраа Санчо Литл.
По незадоволувачката завршница на 2008 сезона, Меркјури се надеваа за враќање на шампионските игри. Новиот тренер Кори Гејнс го воведе стилот на игра на Пол Вестхед и Меркјури постигнаа во просек 92,82 бода по натпревар за време на 2009 сезона. Потпомогнати со враќањето на Пени Тејлор, Меркјури повторно го освоија првтото место во Западната Конференција и се пласираа во Финалето во 2009 година. Шампионската серија беше битка на спротивставени стилови на Меркјури (најдобар напад во лигата со 92,82 бода по натпревар) и Индијана Фивр (трета најдобра одбрана во лигата со 73,55 примени бодови по натпревар). Серијата траеше пет натпревари, вклучувајќи го еден од најнеизвесните натпревари во истоијата на ВНБА во првиот натпревар од серијата кој Финикс го доби после продолжение со 120-116. Меркјури ги победија Фивр во петтиот натпревар, овојпат на домашен терен, и ја освоија својата втора ВНБА титула.
Не само што системот на Пол Вестхед имаше влијание врз неговата екипа од Финикс, туку и создаде домино-ефект низ целата лига. Млади, атлетски градени играчи беа способни да даваат повеќе бодови и да играат во побрзо темпо. Просекот од 80,35 бода по натпревар во 2010 година беше најдобар на сите времиња, далеку надминувајќи го просекот од 69,2 бода од првата сезона на лигата.
Менување на стражата (2010-до сега)
[уреди | уреди извор]На 20 октомври, 2009 година, ВНБА објави дека Детроит Шок ќе се преселат во Тулса, Оклахома е екипата ќе се вика Тулса Шок. На 20 ноември, 2009 година ВНБА објави дека Сакраменто Монархс веќе нема да постојат поради недостатокот на поддршка од нивните сегашни сопственици, семејството Малуф, кои се сопственици и на Сакраменто Кингс. Лигата објави дека ќе бара нови сопственици за да ја пресели екипата во областа околу заливот Сан Франциско, но не најдоа нов сопственик и затоа се одржа драфт за проширување на 14 декември, 2009 година.
Во 2010 сезона имаше голема борба за врвот на Источната Конференција. Три екипи го делеа првото место на последниот ден од регуларната сезона. Пет од шесте екипи од Истокот беа на прво место во одреден момент за време на сезоната. Истокот го победи Западот на 68,1% од натпреварите, што е највисок скор на сите времиња. Во Финалето во 2010 година, две нови екипи ја претставуваа секоја конференција: Сиетл Сторм и Атланта Дрим. Сиетл се најде во финалето за првпат по освојувањето на титулата во 2004 година, а Атланта како четврти носител во плејофот, ги победи двата противника во првите две кола без да загуби натпревар и се пласира во Финалето по само три години од постоењето на екипата.
По 2010 сезона, Претседателот Орендер изјави дека ќе ја напушти позицијата по 31 Декември. На 21 април, 2011 година, НБА Комесарот Дејвид Стерн објави дека, поранешниот Постар Заменик Претседател и Главен Директор за Маркетинг на Девојчињата Извидници на САД, Лорел Ричи ќе ја преземе функцијата Претседател на 26 Мај, 2011 година.
2011 сезона започна со силен публицитет потпогнат од младите звезди во лигата и НБА локаутот. Лигата стана се позастапена во медиумите. НБА ТВ телевизиската куќа на НБА имаше во план преност на 70 натпревари од регуларната сезона (со уште многу други натпревари на ЕСПН2 и АБЦ). Новиот прилив на млади таленти во лигата им даде надеж на многу екипи. Играчи како Кендис Паркер од Спаркс, Маја Мур од Линкс, Ејнџел Мекафтри од Дрим, Силвија Фаулс од Скај, Тина Чарлс од Сан и Лиз Кембејџ од Шок внесоа ново ниво на возбуда во играта, додавајќи талент во екипите со млади ветерани како Дајана Тораси, Сејмон Огастас и Кепи Пондекстер. Нивото на играта се подобри, како што може да се види преку зголеменото бодување, подобра одбрана и подобар процент на шут. Навивачите позитивно одговорија на новите звезди во лигата и до крајот на регуларната сезона во 2011 година, девет од дванаестте екипи во лигата имаа поголема постеност на натпреварите во споредба со просекот од 2010 година.
Новиот прилив на млади талентирани играчи покажа дека долготрајноста на лигата им даде шанса на младите девојчиња да стремат кон нешто. Новите играчи кои доваѓаа во лигата ја имаа предноста да израснат гледајќи ги ветераните како Синтија Купер, Лиза Лесли и Тереза Ведерспун. За првпат, младите нади гледаа на ВНБА како можност да продолжат со кошарка после колеџ. Новите играчи се покажаа во 2011 година. Центарот на Конектикат Сан, Тина Чарлс постави рекорд во лигата за најмногу дабл-дабли во сезона со 23. Исто така, Синтија Фаулс од Чикаго Скај стана само вториот играч во историјата на ВНБА да заврши сезона со пресек од најмалку 20 бода и 10 скокови по натпревар. Сан Антонио Силвер Старс исто така се подобрија благодарение на нивните млади играчи: Даниел Адамс во својата прва сезона постигна 32 бода како резерва во јуни и Даниел Робинсон исто така во својата прва сезона имаше натпревар од 36 бода во септември. Крилото на Атланта Дрим, Ејнџел Мекафтри стана првиот играч во историјата на лигата со просек од над 20 пени по натпревар (21,6) со минутажа од помалку од 30 минути по натпревар (27,9) Мекафтри ја однесе нејзината екипа до Финалето втора последователна година, но без разлика на тоа што го сруши сопствениот рекорд за најмногу бодови во Финалето, Дрим повторно не успеаја да победат на ниту еден натпревар, овојпат губејќи од Минесота Линкс, кои ја освоија својата прва титула водени од целосно заздравената Сејмон Огастас.
Други развои
[уреди | уреди извор]Асоцијацијата на Играчите на ВНБА се закани со штрајк во 2003 година, ако не се дојде до нов договор помеѓу играчите ли лигата. Како резултат на ова, почетокот на претсезоната во 2003 година беше одложен. ВНБА Драфтот во 2003 година, исто така беше одложен и лигат се здоби со негативен публицитет од овој штрајк.
Во 2007 година, ВНБА и телевизијата ЕСПН потпишаа договор на 8 години. Ова беше прв договор според кој на екипите им се плаќаа телевизиските права за пренос. До тогаш се немаше случено да се склучи договор кој ќе и плаќа права за пренос на женска професионална лига. Овој договор тече од 2009 до 2016 година и е вреден милиони долари.
За време на 2008 регуларна сезона, се одигра првиот професионален кошаркарски натпревар на отворено во Северна Америка на Стадионот Артур Еш во Њујорк помеѓу Њујорк Либерти и Индијана Фивр пред околу 19 000 гледачи. Фивр го добија натпреварот со 71-55.
Пред 2009 сезона, максималниот број на играчи во една екипа се смени од 13 играчи (11 активни и 2 неактивни) на 11 играчи (сите активни). Секоја екипа која ќе има помалку од девет играчи поради повреда или кој и да е друг фактор надвор од контролата на екипата може, по барање, да добие исклучок за потешкотија во екипата кој ќе и дозволи да потпише со дополнителен играч или играчи така да екипата има девет играчи за игра во наредниот натпревар или натпревари. Откако повредениот (или од која и да е друга причина отсутен) играч може да игра, играчот (играчите) за случај на потешкотија во екипа, и никој друг играч во екипата, мора да биде ослободен.
Во 2009 година, Финикс Меркјури станаа прва професионална кошаркарска екипа да стави реклами на нивните дресови откако продадоа рекламен простор на ЛифеЛоцк осигурување на предната страна од дресовите, по што многу луѓе се прашуваа дали овој чекор ќе го следи и НБА лигата. По ова уште неколку ВНБА екипи го направија истиот чекор, но ниту една НБА екипа сè уште нема продадено рекламен простор на нивните дресови.
Пред почетокот на 2011 сезона, секоја екипа ги објави новите дизајни на нивните дресови. Обезбедувачот на дресови за лигата, Адидас, ги поднови сите екипи со нови дизајни од висока технологија, како што направија и со НБА пред почетокот на нивната сезона.
НБА Локаутот од 2011 година започна на 1 јули, 2011 година. За разлика од претходниот локаут, кој влијаеше врз ВНБА, претседателот Лорел Џ. Ричи потврди дека овој локаут нема да има влијание врз ВНБА. Ако НБА сезоната е скратена или откажана, 2012 ВНБА сезона (вклучувајќи ги сите екипи со сопственици од НБА) ќе се одигра како што е планирано.
Меѓународно влијание
[уреди | уреди извор]Голем број на меѓународни играчи играле во ВНБА како што се:
- Светлана Абросимова, Русија - освои титула со Сторм во 2010 година
- Елена Баранова, Русија - прв меѓународен играч во ВНБА (1997 година), еднократен Ол-Стар (2001 година)
- Ерика де Соуза, Бразил - еднократен Ол-Стар (2009 година)
- Изиане Кастро Маркез, Бразил - еднократен Ол-Стар (2010 година)
- Марго Дудек, Полска - највисока жена да заигра во ВНБА со 7’ 2” (2,18 метри)
- Сандрин Груда, Франција
- Лорен Џексон, Австралија - двократен шампион(2004, 2010 година), трикратен МВП и осумкратен Ол-Стар
- Анет Јекабсон-Жогота, Летонија
- Јелена Левчанка, Белорусија
- Мвади Мабика, Демократска Република Конго - освои титули со Спаркс во 2001 и 2002 година
- Хамчету Маига-Ба, Мали - освои титула со Монархс во 2005 година
- Евантија Малтси, Грција
- Разија Мујановиќ, Југославија
- Ева Немцова, Чешка
- Тича Пеничеиро, Португалија - освои титула со Монархс во 2005 година и четирикратен Ол-Стар
- Кетрин Рес, Италија
- Пени Тејлор, Австралија - двократен шампион (2007, 2009 година) и четирикратен Ол-Стар
- Теми Сатон-Браун, Канада - двократен Ол-Стар
- Амаја Валдеморо, Шпанија
- Ен Ваутерс, Белгија
- Софија Јанг, Сент Винсент и Гренадини - четирикратен Ол-Стар
- Женг Хаиксиа, Кина
За забелешка е тоа што некои од овие играчи, меѓу кои Абросимова, Левчанка, Маига-Ба, Пеничеиро, Сатон-Браун и Јанг играа колеџ кошарка во САД.
Важни настани
[уреди | уреди извор]Важни настани во ВНБА | ||||
---|---|---|---|---|
Настан | Играч | Тим | Датум | Информација |
Прв потпишан играч | Шерил Свупс | Хјустон Кометс | 23 октомври, 1996 | Потпишана од лигата и доделена на Хјустон. |
Први постигнати бодови | Пени Толер | Лос Анџелес Спаркс | 21 јуни, 1997 | Ги постигна првите бодови во лигата преку скок шут од основната линија. |
Прв трипл дабл | Шерил Свупс | Хјустон Кометс | 27 јули, 1998 | 14 бода, 15 скокови, 10 асистенции |
Прва забранета блокада | Силвија Фаулс | Чикаго Скај | 3 јуни, 2008 | Обид да блокира положување на Лиза Лесли. |
Прво забивање | Лиза Лесли | Лос Анџелес Спаркс | 30 јули, 2002 | Забила во противнапад против Мајами. |
Најмногу бодови во кариера | Тина Томпсон | Хјус., ЛА, Сиет. | 1997–се уште | 6,751 бода |
Најмногу скокови во кариера | Лиза Лесли | Лос Анџелес Спаркс | 1997–2009 | 3,307 скокови |
Најмногу асистенции во кариера | Тича Пеничеиро | Сакр., ЛА, Чика. | 1998–се уште | 2,560 асистенции |
Најмногу бодови во натпревар | Дајана Тауреси Лорен Џексон |
Финикс Мекрјури Сиетл Сторм |
10 јули, 2006 24 јули, 2007 |
47 бода |
Најмногу скокови во натпревар | Чамик Холдсклов | Вашингтон Мистикс | 23 мај, 2003 | 24 скокови |
Најмногу асистенции во натпревар | Тича Пеничеиро | Сакраменто Монархс | 29 јули, 1998 | 16 асистенции |
Најмногу победи во кариери за тренер | Ван Чанселор | Хјустон Кометс | 1997–2006 | 211 победи |
Најмногу бодови постигнати од екипа | N/A | Финикс Меркјури | 24 јули, 2010 | 127 бода во победа по двојни продолженија против Минесота |
Највисока победа | N/A | Сиетл Сторм | 7 август, 2010 | Победа со 46 бода разлика (111-65) над Тулса |
Најголема посетеност на еден натпревар | N/A | Детроит Шок | 16 септември, 2007 | 22,076 во петтиот натпревар од Финалето во 2007 |
Екипи
[уреди | уреди извор]ВНБА започна со 8 екипи во 1997 година, и по серија од проширувања, стеснувања и преселувања во овој момент се состои од 12 екипи. Севкупно 18 франшизи беа дел од лигата во историјата на ВНБА. Повеќето ВНБА екипи се поврзани со НБА екипа од истиот пазар и тие екипи се познати како сестрински екипи. Во овие екипи вклучени се Индијана Пејсерс и Фивр, Лос Анџелес Лејкерс и Спаркс, Минесота Тимбервулфс и Линкс, Њујорк Никс и Либерти, Финикс Санс и Меркјури, Атланта Хокс и Дрим, Сан Антонио Спарс и Силвер Старс и Вашингтон Визардс и Мистикс. Од сите овие екипи само Дрим и Спаркс се со различен сопственик. Иако се сместени на ист Пазар. Чикаго Скај не се поврзани со Булс, што може да се забележи од арената во која играат (Скај играат во Олстејт Арена во близина на Роузмонт, додека Булс играат во Јунајтед Центар). Веќе непостоечките Шарлот Стинг, Мајами Сол, Портланд Фајр, Кливланд Рокерс, Орландо Миракл, Хјустон Кометс и Сакраменто Монархс исто така беа посестрени екипи со Хорнетс, Хит, Трејл Блејзерс, Кавалиерс, Меџик, Рокетс и Кингс, соодветно. Детроит Шок беше сестринска екипа на Пистонс сè до моментот кога сопствениците на екипата ја продадоа на инвеститори кои ја преселија екипата во Тулса, Оклахома. Екипата не е поврзата со НБА екипата од Оклахома, Тандер, но сопствениците на Шок ја оставија отворена вратата за идна соработка. Шок се една од две екипи која дели Пазар со екипа од Развојната Лига на НБА, делејќи со филијалатана Тандер, Тулса 66ки. Спаркс исто така делат со Лос Анџелес Ди-Фендерс. Сиетл Сторм беше сестринска екипа на сега преселените Суперсоникс.
Заклучно со 2011 ВНБА сезона, Лос Анџелес Спаркс, Њујорк Либерти, Финикс Меркјури и Сан Антонио Силверстарс (порано познати како Јута Старз) се единствените постоечки франшизи основани во 1997 година.
Поранешни екипи
[уреди | уреди извор]- Шарлот Стинг - 1997-2006 (веќе не постои)
- Кливленд Рокерс - 1997-2003 (веќе не постои)
- Детроит Шок - 1998-2009 (преселени, станаа Тулса Шок)
- Хјустон Кометс - 1997-2008 (веќе не постои)
- Мајами Сол - 2000-2002 (веќе не постои)
- Орланди Миракл - 1999-2002 (преселени, станаа Конектикат Сан)
- Портланд Фајр - 2000-2002 (веќе не постои)
- Сакраменто Монархс - 1997-2009 (веќе не постои)
- Јута Старз - 1997-2002 (преселени, станаа Сан Антонио Силвер Старс)
Потенцијални додавања
[уреди | уреди извор]Во 2007 година, инвеститори направија напор да ја оживеат Колорадо Чил, успешна франшиза во веќе непостоечката НВБЛ, како нова екипа во ВНБА. Во Септември 2007 година, инвеститорите на Чил објавија дека не собрале доволно пари за да се приклучат на ВНБА во 2008 сезона.
Во август 2008 година, Норм Фридмен, кој се занимаваше со кошарка последниве 35 години, застана на чело на група инвеститори кои беа заинтересирани да донесат ВНБА франшиза која ќе игра во Рајкох Колосеум во Торонто, Онтарио, Канада. "Шансите ни се подобри од 50%", изјави Фридмен. Лигат е доста позитивна, а истовремено и јас, дека екипа во Торонто ќе успее.
Во 2008 година, произлегоа вести дека ВНБА се фокусира на Нешвил, Тенеси како можно место за проширување. Поранешниот Претседател Дона Орендер тврдеше дека Тенеси е логично место, посочувајќи на успехот кој женската колеџ кошарка го имаше во таа област.
Градот Балтимор, Мериленд може да добие ВНБА екипа во иднина. Градоначалникот на Балтимор, Шејла Диксон, објави дека ВНБА и кажале дека балтимор може дад оби екипа за проширување на ВНБА ако се изгради нова сала во градот. Поранешниот Претседател Орендер објави дека лигата ќе се обиде да обезбеди сопственик за екипа во областа околу Заливот во Сан Франциско во блиска иднина.
ВНБА Драфт
[уреди | уреди извор]Секоја пролет ВНБА драфтот се одржува во штаб на ЕСПН во Бристол, Конектикат. Од 2005 до 2008 година, драфтот се одржа во градот домаќин на Финал Форот во жнеската колеџ лига. Во 2009 и 2010 година, драфтот се одржа во штабот на лигат во Сикокус, Њу Џерси. Во моментов драфтот трае три рунди и секоја од 12 екипи во лигата (со исклучок на тргувања) добрива по 3 избора.
Редоследот на драфто на екипите кои се пласирале во плејофот претходната година се заснова на скорот на тие екипи. Екипата која имала најдобар скор ќе бира последна.Бидејќи осум екипи се квалификуваат за плејофот, последните осум избори се одлучуваат по овој метод. Останатите први четири избори, се избираат на сличен начин како во НБА Драфт Лотаријата по процес на влечење на ливчиња за екипите кои не се пласирале во плејофот.
Редовна сезона
[уреди | уреди извор]По зимската пауза, екипите од1уваат кампови за обука во мај. Камповите за обука им даваат можност на тренерскиот кадар да ги процени играчите (особено руки играчите), да ги испита силните и слабите страни на екипата, да ги подготви играчите за ригорозната редовна сезона и да го состави списокот од 11 жени кои ќе ја започнат редовната сезона.
По камповите за обука, се одигруваат неколку егзибициони натпревари. Редовната сезона во ВНБА започнува во мај. За време на редовната сезона секоја екипа игра 34 натпревари, по 17 на домашен и гостински терен. Секоја екипа игра со три екипи од истата конференција по 4 пати (12 натпревари) и со две екипи од истата конференција по пет пати (10 натпревари). Потоа секоја екипа игра со шестте екипи од другата конференција по двапати (12 натпревари). Како и во НБА, секоја екипа е домаќин и гостува на секоја друга екипа барем еднаш секоја сезона.
ВНБА Ол-Стар Натпревар (Сите Звезди)
[уреди | уреди извор]Во Јули, редовната сезона се паузира за да се прослави годишниот ВНБА Ол-Стар Натпревар. Натпреварот е дел од настан која трае цел викенд и се одржува во град по избор секоја година. Самиот натпревар се игра на теренот на ВНБА екипа по избор. На Ол-Стар натпреварот звезди од Западната Конференција се соочуваат со звезди од Источната Конференција. За време на сезоната, навивачите имаат можност да гласаат за играчите кои би сакале да ги видат како стартери на натпреварот. Во 2004 година, на место на традиционалниот Ол-Стар Натпревар се одржа Натпреварот кај Радио Сити. Ол-Стар Натпреварот од 2006 година беше прв натпревар на кој се користеа специјално изработени дресови со цел да се прикаже логото од десетгодишницата на лигата. Заради Олимпијадата, немаше ВНБА Ол-Стар Натпревар во 2008 година. Во 2010 година, се одржа егзибиционен натпревар наречен Звезди на Сонцето.
Набргу по Ол-Стар паузата е крајниот рок за тргување. По овој датум, на екипите им е забрането да изменуваат играчи до крајот на сезоната, иако тие сè уште можат да потпиПуваат и отпуштаат играчи. Често на крајот на рокот за тргубање се случуваат големи размени, со што ова е еден прилично напорен ден за Генералните Директори.
Награди
[уреди | уреди извор]Околу почетокот на Септември завршува редовната сезона и започнува гласањето за поединечните награди. Наградата за Шеста Жена за Годината се доделува на најдобриот резервен играч (мора да започне повеќе натпревари од клупата за резервни играчи отколку како стартер). Наградата за Руки на Годината се доделува на најдобриот играч во својата прва сезона. Наградата за Играч со Најголем Напредок се доделува на играчот кој покажал најголем напредок од претходната сезона. Наградата за Одбранбен Играч на Годината се доделува на играчот кој одиграл најдобро во одбраната. Ким Перот Наградата за Спортски Дух се доделува на играчот кој покажал најголем спортски дух на и надвор од теренот. Наградата за Тренер на Годината се доделува на тренерот кој направил најголема позитивна разлика за својата екипа. Наградата за Најкорисен Играч се доделува на играчот за кој се смета дека бил најкорисен за (својата екипа) таа сезона.
Исто така се избираат Се-ВНБА екипите, Се-Одбранбените Екипи и Се-Руки Екипата, секоја од по пет играчи. Има две Се-ВНБА екипи, составени од најдобрите играчи на секоја позиција, од кои најпосакуван е ппрвотимскиот статус. Има две Се-Одбранбени екипи, кои се составени од најдобрите одбранбени играчи на секоја позиција. Има една Се-Руки екипа, составена од најдобрите играчи во својата прва сезона без разлика на позицијата.
Сезони во Олимписка година
[уреди | уреди извор]За време на годините во кои се одржуваат Летните олимписки игри, ВНБА паузира еден месец во средината на сезоната со цел да им дозволи на играчите да вежбаат и играат за своите национални екипи. Во скоро време, за време на Летните олимписки игри одржани во Пекинг, Кина во 2008 година, лигата паузираше поголемиот дел од месецот Август. Сезоната траеше од 17 Мај, 2008 година до 14 Септември, 2008 годуна (Олимписката пауза беше од 28 јули, 2008 година до 27 август, 2008 година). ВНБА Плејофот и ВНБА Финалето се играа сè до октомври.
ВНБА Плејоф
[уреди | уреди извор]ВНБА Плејофот во моментов започнува кон крајот на Септември, со по четири екипи од секоја конференција. Да се биде повисок носител си има свои предности. Бидејќи првиот носител игра со четвртиот, а вториот носител игра со третиот, да се биде повисок ностел значи полесен противник во првото коло. Екипата со подобар скор во редовната сезона ја има предноста од домашен терен. Првите две кола се играат по турниски формат во кој секоја екипа игра со соперник во серија подобар-од-три, во која првата екипа која ќе победи на два натпревари се пласира во следното коло, додека другата екипа е елиминирана од плејофот. Во првото коло играат првиот против четвртиот носител и вториот против третиот. Во второто коло победниците од претходното коло од истата конференција играат меѓу себе. По ова преостанува само една екипа од секоја конференција. Во двете кола, серијата подобар-од-три се игра по шемата 1-1-1 за домашен терен, што значи дека повисокиот носител ќе игра на домашен терен на првиот и третиот натпревар, додека другата екипа игра на домашен терен на вториот натпревар. По оваа шема се игра од 2010 година (за разлика од претходниот 1-2 формат кај што понискиот носител беше домаќин на првиот натпревар).
ВНБА Финале
[уреди | уреди извор]Последното плејоф коло, серија подобар-од-пет помеѓу шампионите на двете конференции е познато како ВНБА Финале и се одржува секоја година, во моментов на распоред во октомври. Секој играч од победничката екипа добива шампионски прстен. Дополнително, лигата доделува Награда за Најкорисен Играч на ВНБА Финалето. Ова коло се игра по шема 2-2-1, што значи дека една екипа ќе ја има предноста од домашен терен во првиот, вториот и петтиот натпревар, додека другата екипа игра дома на третиот и четвртиот натпревар. По оваа 2-2-1 шема се игра ВНБА Финалето од 2005 година.
Играчи и тренери
[уреди | уреди извор]Во 2011 година, една и пол деценија по започнувањето на ВНБА, само два играчи се сè уште активни од уводната сезона во 1997 година: Шерил Свупс и Тина Томпсон. Томпсон го држи рекордот за најмногу години во лигата (петнаесет). Лиза Лесли има одиграно најмногу натпревари од драфт класата од 1997 година и ја помина целата своја кариера (1997-2009) со Лос Анџелес Спаркс. Тенџела Смит има одиграно најмногу натпревари во кариерата (415).
Членовите на Се-Децениската Екипа на ВНБА беа избрани во 2006 година на десетгодишниот јубилеј на лигата од 30 кандидати избрани од навивачи, медиуми, тренери и гласови од други играчи. Целта на екипата беше да ги вклучи десетте најдобри и највлијателни играчи од првата деценија на ВНБА, при што во обзир беше земен и спортскиот дух, работата за заедницата, раководни способности, и придонес за развојот на женската кошарка.
Во 2011 година се избраа играчи за Топ 15 Екипа на ВНБА на 15-годишниот јубилеј на лигата од 30 кандидати во сличен стил како за Се-Децениската Екипа.
Над 30 играчи имаат постигнато повеќе од 3 000 бода во нивните кариери. Само три ВНБА играчи ја имаат достигнато бројката од 6 000 бода: Тина Томпсон, Лиза Лесли и Кејти Смит.
Во 2007 година, Пол Вестхед, од Финикс Меркјури стана прв човек кој освоил шампионски титули како тренер и во НБА и во ВНБА. Во 2008 година, 50-годишната Ненси Либерман стана најстар играч кој заиграл на еден ВНБА натпревар. Таа потпиша седумдневен договор со Детроит Шок и забележа скор од две асистенции и две изгубени топки во девет минути на теренот.Таа го сруши својот рекорд од 39 години во 1997 година пред да се пензионира.
Правила и прописи
[уреди | уреди извор]Правилата се управувани по стандардните кошаркарски правила одредени од НБА, со неколку позначајни исклучоци:
- Линијата за три бода е на 20 стапки и 6,25 инчи (6,25 метри) од средината на кошот. Ова е истото растојание која што се употребува во моментов под ФИБА правилата, но ФИБА ќе го зголеми ова растојание за три бода на 22 стапки и 2 инчи (6,75 метри) важечки од 1 Октомври, 2012 година (за национални натрпеварувања).
- По пропис ВНБА топката е минимум 28,5 инчи (72,4 сантиметри) обем, 1 инч (2,54 цемтиметри) помала од НБА топката. Од 2004 година, оваа големина се користи за сите женски натпреварувања на сениорско ниво ширум светот.
- Четвртините се во траење од по 10 минути наместо 12.
- Правилото за одбранбени 3 секунди не постои
Натпреварите се поделени на четири четвртини од по 10 минути наспроти првобитните две полувремиња од по 2- минути, што е слично со ФИБА правилата (многу ВНБА играчи играат во Европските или Аврсталиските лиги, кои ги користат ФИБА правилата).
Се појави нов тренд ВНБА правилата да се истоветуваат со слично НБА правило. Па така започнувајќи со 2006 ВНБА сезона:
- Екипата која ќе го освои почетниот скок за топка, ќе ја започни четвртата четвртина со посед на топка. Противникот ќе го има првиот напад во втората и третата четвртина. Претходно, според форматот од две полувремиња, двата периоди започнуваа со скок за топката, најверојатно за да се елиминира можноста една екипа намерно да ја изгуби топката на почетокот со цел да го има првиот напад во второто полувреме. Ова не претставува проблем со правилото четири четвртини затоа што екипата која ќе ја освои топката на стартот го има и првиот напад во последната четвртина.
- Времетраењето на еден напад се намали од 30 на 24 секунди. Промената на ова правило значеше напуштање на правилата слични на колеџ кошарката и прифаќање на НБА правилата. ФИБА исто така го користи правилото од 24 секунди за еден напад.
2007 ВНБА сезона вклучи неколку нови промени:
- Времето за кои една екипа мора да ја пренесе топката преку средината на теренот беше намалено од 10 на 8 секунди.
- Судија може да им дозволи тајм-аут и на играч и на тренер.
- За лична грешка при која играчот има непречен пат до кошот се доделуваат две слободни фрлања и топка од страна. Претходно се доделуваше само едно слободно фрлање и топка од страна.
Во 2012 година, ВНБА го додаде правилото за фаул блокада од под кошот.
Бизнис
[уреди | уреди извор]ВНБА Претседатели
[уреди | уреди извор]- Вал Акермен, 1997-2005
- Дона Орендер, 2005-2010
- Лорел Џеј Ричи, 2011-се уште
Познати спонзорски договори
[уреди | уреди извор]На 1 Јуни, 2009 година, Финикс Меркјури станаа првата екипа со договор со позната марка. Екипата постигна партнерство со ЛајфЛок да ги носи нивните дресови и тренерки. Тоа беше првата позната марка на некој дрес во ВНБА историјата.
Други екипи потоа ги копираа Меркјури со што конечната бројка на екипи со спонзори изнесуваше пет:
- Лос Анџелес Спаркс - Фармерс Осигурување
- Њујорк Либерти - Фоксвудс Казино
- Финикс Меркјури - ЛајфЛок
- Сиетл Сторм - Бинг
- Вашингтон Мистикс - Инова Здравствен Систем
На 22 август, 2011 година, ВНБА објави голем договор ширум целата лига со Буст Мобајл. Договорот овозможи логото на Буст Мобајл да се стави на дресовите на десет од дванаесте екипи (освен Финикс и Сан Антонио) и рекламирање на сите терени и сали. Извори потврдија дека договорот е повеќегодишен, осум-цифрен договор.
Финансии
[уреди | уреди извор]Досега ВНБА не го повтори паричниот успех на НБА, иако цел и е профитабилност. Додека некои екипи прават профит (а други не се во загуба) повеќето од екипите во ВНБА губат пари секоја сезона. Загубите се потпомогнати од НБА. Во 2003 година, произлегоа вести дека НБА троши до 12 милиони долари годишно да и помогне на ВНБА да си ги плати загубите. Во 2007 година, се процени дека екипите губат од 1,5 милиони до 2 милиони долари годишно.
Сепак, во статија од 12 Март, 2009 година, комесарот на НБА, Дејвид Штерн, изјави дека во лошата економија, НБА е далеку понепрофитабилна од ВНБА. Губиме големи суми на пари кај голем број на екипи. Ја буџетираме ВНБА без да претрпиме загуби оваа година.
Платежен лимит
[уреди | уреди извор]Во 2008 година, се донесе нов шестгодишен заеднички договор помеѓу играчите и лигата. Платежниот лимит за целата екипа во 2010 изнесуваше 827 000 долари (иако подоцна беше спуштен на 775 000 долари) До 2013 година (шестата година според овој договор), лимитот за целата екипа ќе биде 900 000 долари. Во 2010, минималната плата за играч со искуство поголемо од три години е 51 000 долари, додека минималната плата за играч со искуство поголемо од шест години е 101 500 долари (за првпат во историјата на лигата играчите се во можност да заработат повеќе од 100 000 долари). Минималната плата за руки играчите е 35 190 долари. Многу ВНБА играчи заработуваат повеќе од оваа сума со играње во Европските или Австралиските женски кошаркарски лиги за време на меѓусезоната во ВНБА.
Бонуси
[уреди | уреди извор]За одредени достигнувања , ВНБА им доделува бонуси на играчите. Ова е список на некои од бонусите кои ги доделува лигата (сумата е по играч)
- ВНБА шампион: 10 500 долари
- Вицешампион: 5 250 долари
- Најкорисен играч: 15 000 долари
- Руки на годината: 5 000 долари
- Член на Се-ВНБА Првата Екипа: 10 000 долари
- Учесник на Ол-Стар натпреварот: 2 500 долари
Продажба
[уреди | уреди извор]Ова е список на најдобро продавани дресови од почетокот на 2011 сезона па сè до Ол-Стар паузата.
- Маја Мур - Минесота
- Кендис Паркер - Лос Анџелес
- Есенс карсон - Њујорк
- Лорен Џексон - Сиетл
- Силвија Фаулс - Чикаго
- Мерион Џоунс - Тулса
- Дајана Тораси - Финикс
- Сју Бирд - Сиетл
- Беки Хемон - Сан Антонио
- Тина Чарлс - Конектикат
Посетеност
[уреди | уреди извор]Просечната посетеност во лигата за 2011 година изнесуваше 7 950 луѓе по натпревар. Постеноста се движи горе долу, но општо се намали од околу 10 000 во раните години до околу 8 000 во скоро време. Највисока посетеност забележа лигата во својата втора сезона (1998 година) од околку 11 000 навивачи по натпревар, а прсечната посетеност на лигата на сите времиња изнесува 9 769 навивачи по натпревар.
Медиумски пренос
[уреди | уреди извор]Во моментов се врши преност на ВНБА натпревари ширум САД преку АБЦ, ЕСПН2 и НБА ТВ. Во раните години, две мрежи посветени за жени, Лајфтајм и Оксиџен исто така пренесуваа натпревари вклучувајќи го и првиот натпревар во ВНБА. НБЦ исто така прикажуваше натпревари од 1007 до 2002 година како дел од нивниот НБА на НБЦ пренос пред лигата да ги продаде правата за пренос на АБЦ/ЕСПН.
Во Јуни, 2007 година, ВНБА го продолжи договорот со ЕСПН. Новиот телевизиски договор важи од 2009 до 2016 година. Минимум 18 натпревари ќе се пренесуваат на АБЦ, ЕСПН и ЕСПН2 секоја сезона, а правото за пренос на првиот натпревар во редовната сезона и Ол-Стар натпреварот ги држи АБЦ. Дополнително, ќе се врши пренос на минимум 11 натпревари од плејофот на некоја од трите телевизии.
Заедно со овој договор, лигата дојде до својата прва наплата за права на пренос за женска кошаркарска лига. За осумте години од овој договор, милиони и милиони долари ќе им бидат исплатени на екипите во лигата.
За време на 2010 сезона, сите телевизиски преноси се прикажуваа на ЕСПН или ЕСПН2, освен првиот натпревар од ВНБА Финалето, кое што беше на АБЦ. Четвртиот натпревар беше закажан за АБЦ во случај да се одигра.
В0 2011 година, натпреварот за отворањето на сезоната помеѓу Финикс и Сиетл, како и Ол-Стар натпреварот беа прикажани на АБЦ. Некои екипи нудат натпревари на локално радио, додека сите екипи имаат пренос на некои натпревари на локални телевизии:
- Атланта - Фокс Спортс Саут, СпортСаут
- Чикаго - Комкаст Нетворк 100
- Конектикат -ЦСН Њу Ингланд (Нова Англија)
- Индијана - Фокс Спортс Индијана
- Лос Анџелес - Прајм Тикет
- Минесота - Фокс Спортс Норт
- Њујорк - МСГ Нетворк, МСГ Плус
- Финикс - Фокс Спортс Аризона
- Сан Антонио - Фокс Спортс Саутвест
- Сиетл - КОНГ 6/16
- Тулса - Кокс Канал
- Вашингтон - ЦСН Мид-Атлантик
ВНБА Пристап во Живо
[уреди | уреди извор]Во 2009 година, ВНБА отпочна со ВНБА Пристап во Живо, пренос на ЊНБА.цом кој им дава можност на навивачи ширум целиот свет пристап до повеќе од 200 натпревари во живо на интернет за времетраење на ВНБА сезоната. Сите натпревари на ВНБА Пристап во Живо се архивираат за подоцнежно гледање по потреба. Секој натпревар (освен оние кои се пренесуваат на АБЦ, ЕСПН или ЕСПН2, коишто се достапни на ЕСПН3.цом) се достапни преку овој систем. Првпат употребата на Пристапот во Живо беше претсезонскиот натпревар помеѓу Е Лига и Чикаго Скај на кој системот функционираше како што беше планирано.
Пред 2011 сезона, Пристапот во Живо претрпе огромни промени. Системот стана посигурен о многу нови функции беа додадени. Некои од нив се можност за паузирање и премотување, слика-во-слика, четири екрани и рачна про,ема ма битратот. Само два дена пред почетокот на 2012 сезона беше објавено дека корисниците на Пристапот во Живо ќе мора да платат 4,99 долари за да го користат овој сервис.
Гледаност
[уреди | уреди извор]На првиод ден од 2008 сезона (17 Мај) АБЦ го пренесе натпреварот помеѓу Лос Анџелес Спаркс и Финикс Меркјури за да ја прикаже руки сензацијата Кендис Паркер. Натпреварот го гледаа нешто повеќе од 1 милион гледачи.
Рејтинзите сè уште се слаби во споредба со НБА натпреварите. Во 2008 година, ВНБА во просек имаше само 413 000 гледачи, во споредба со 1, 46 милиони гледачи на ЕСПН и над 2,2 милиони на АБЦ за НБА натпревари.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Женска национална кошаркарска асоцијација“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- ВБНА Статистика на Basketball-Reference.com Архивирано на 14 февруари 2021 г.
- Онлајн секција на ВБНА Архивирано на 17 март 2012 г.
- Официјални промени во лигата во 2006
- Професионално кошаркарско пребарување Архивирано на 3 ноември 2012 г.
- WNBAcards.com
|