Лиза Лесли

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лиза Лесли
Лесли во декември 2010
Лесли во декември 2010
Позиција Центар
Висина 1,96 м
Тежина 77 килограми
Лига ВНБА
Број 9
Роден 7 јули 1972 (1972-07-07) (41 г.)
Гардена, Калифорнија
Националност САД Американско
Средно училиште Средно Училиште Морнингсајд
Колеџ Универзитет Јужна Каролина
Професионална кариера 1997–2009
Поранешни тимови Лос Анџелес Спаркс (1997–2009)
Награди
  • 4 пати Олимписка златна медалистка (1996, 2000, 2004, 2008)
  • 2 пати ВНБА Шампион (2001, 2002)
  • 3 пати ВНБА МВП Награда (2001, 2004, 2006)
  • 8 пати ВНБА Ол-Стар (1999–2003, 2005, 2006, 2009)
  • 8 пати Прв тим Ол-Стар (1997, 2000-2004, 2006, 2008)
  • 4 пати Втор тим Ол-Стар (1998-1999, 2005, 2009)
  • 2 пати Прв одбранбен Ол-Стар тим (2006, 2008)
  • 2 пати Втор одбранбен Ол-Стар тим (2005, 2009)
  • Прва кошаркарка со забивање во ВНБА
  • Прва ВНБА кошаркарка со 6,000 поени

Лиза Дишон Лесли-Локвуд (родена на 7 јули, 1972 година) е поранешен aмерикански, професионален, женски, кошаркарски играч во ВНБА. Таа е трикратен ВНБА МВП и четирикратен освојувач на златниот Олимписки медал. Избрана како седми збор на првиот ВНБА драфт во 1997 година по одличната кариери на Универзитетот од Јужна Калифорнија таа забележа седум настапи на ВНБА Ол-Стар натпреварит и освои две ВНБА титули во своите единаесет сезони со Лос Анџелес Спаркс, пред да се пензионира во 2009 година.[1] Лесли, со своите 6 стапки и 5 инчи височина е првиот играч да забие на еден ВНБА натпревар. Таа се сметаше за пионер и камен-темелник на лигата за време на нејзината ВНБА кариера. Во 2011 година, навивачите ја изгласаа како еден од најдобрите 15 играчи во историјата на ВНБА.

Рани години[уреди]

Лесли е ќерка на Кристин Лорен Лесли, која започна свој камионџиски бизнис за да ги израсне своите три деца и Волтер Лесли, полупрофесионален кошаркар. Волтер го напушти семејството кога нејзината мајка беше трудна четири месеци со неа. Мајката на Лесли беше висока 6 стапки и 5 инчи. Лесли има две сестри, Диони, која е пет години постара и Тифани, која е осум години помлада. Лесли играше кошарка на машката екипа во основно училиште. Исто така играше и со женската екипа со скор од 33 победи и 1 пораз.

Кариера[уреди]

Средно школо[уреди]

Додека да појде во основно училиште во Калифорнија, таа израсна над 6 стапки и 1 инч, но не беше заинтересирана за спортски активности освен топка на јаже и јаже за прескокнување. Нејзин сон беше да стане телевизиски известувач за време.[2]

За време на првите недели од пследните години во основното училиште, другарка од одделението ја молеШе Лесли да помогне на кошаркарската екипа. На првиот ден од пробите на екипата, на играчите им беше кажано да се поделат на две групи за вежби со положување: левучари и деснаци. Лесли беше единствениот левучар во групата на левучари, па од тогаш таа реше да игра со десната рака за да не биде единствениот левучар. Оваа одлука и донесе предност, затоа што така таа стана вешта со двете раце. Во осмото одделение, таа се префрли во училиште без женска кошаркарска екипа, па така се приклучи на екипата со момчиња. Успехот во оваа екипа и даде самодоверба во нејзините играчки способности.

На 14 години, дури и пред да започне со средното училиште во Морнингсајд, таа прими повеќе од сто писма за рагрутирање од разни колеџи, меѓу кои и некои од врвните програми од Дивизија 1 како што се Универзитетот од Тенеси и Стенфорд Универзитетот. Лесли го продолжи своето образование во 1986 година со запишување во Средното Училиште Морнингсајд во Инглвуд, Калифорнија. Веднаш се забележа нејзиното влијание во женската кошаркарска екипа во која таа беше стартер на сите натпревари. Таа исто така најде време да се приклучи на одбојкарската екипа и да се натпреварува во атлетика. Успеа да се квалификува на државното првенство во трката на 400 метри и скок во височина.

Уште додека беше сафомор во средното училиште, таа можеше да ја забива топката на отворен терен, иако не можеше да ја опфати топката. Таа беше најдобриот поентер и скокач во екипата и ја предводеше до државното првенство на Калифорнија во 1989 година. Лесли беше толку талентирана што ја поканија да биде дел од Јуниорксата екипа на Сад на Светското Првенство за Јуниори. Во четвртата година од средното образование таа стана најдобар играч во државата. Таа ја предводеше својата екипа до државната титула со просек од 27 поени и 15 скокови по натпревар.

Колеџ[уреди]

Лесли одлучила да остане близу до дома и да учи во гигантот за женска кошарка, Универзитетот од Јужна Калифорнија (УСЦ), од 1990-1994 година. Дипломира на УСЦ во комуникации и подоцна ги заврши мастер студиите во бизнис администрација на Универзитетот од Феникс.

Лесли одиграла вкупно 120 колеџ натпревари, со просек од 20,1 поени, со успешност на шут од 53,4% и погаѓајќи 69,8% од линијата за слободни фрлања. Таа ги постави Пак-10 рекордите за поени, скокови и блокади со вкупно 2 414 поени, 1 214 скокови и 321 блокади. Таа исто така го држи УСЦ рекордот за најмногу блокади во една сезона со 95 блокади.

За време на нејзината колеџ кариера, УСЦ постави ипресивен скор од 89 победи и 31 пораз. Освоија една Пак-10 конференциска титула и настапија на четири НЦАА турнири. Лесли се здоби со Се-Пак-10 признание сите четири години и стана првиот играч во Пак-10 историјата кој бил во првата екипа сите четири години и ја доби престижната награда за Руки на Годината во 1991 година. Лесли исто така беше почестена на државно ниво со освојување на Наградата за Најдобар Играч во својата прва година во 1991 година и признанието за најдобар женски играч во Државата во 1994 година. ВО 1992, 1993 и 1994 година таа исто така се најде и на Се-Американската екипа.

САД Кошарка[уреди]

Лесли беше член на екипата на Сад која се натпреваруваше на Светските Универзитетски Игри во Шефилд, Англија, 1991 година. Лесли беше вториот најдобар поентер во екипата на САД, со просек од 13 поени по натпревар и помогна на екипата водена од Тара Вандервир да стигне до 8-0 скор и да го освои златниот медал.

Таа се натпреваруваше со САД Кошарка како дел од Џоунс Куп Екипата од 1992 година која го освои Златото во Тајпеј за првпат од 1987 година.

ВНБА[уреди]

ВНБА беше соединета во 1996 година и започна со натпревари во 1997 година. Лесли беше избрана на 22 Јануари од Лос Анџелес Спаркс како дел од Почетната Фаза за Поделба.Таа им помогна на Спаркс да стигнат до плејофот пет последователни пати, но екипата не ја освои ВНБА титулата се до 2001 година. Таа година, Лесли ја доби наградата за Спортистка на Годината ( во екипната категорија) од Женската Спортска Фондација.[3]

На 12 јули, 2002 година, Лесли станала првата жена што успеала да ја забие топката на еден ВНБА натпревар. Истата година таа стана прв ВНБА играч со над 3 000 поени во кариерата и им помогна на Спаркс во освојување на втората последователна титула таа сезона. Две сезони подоцна, таа стана првиот играч кој постигнал 4 000 поени во кариерата. Лисли до ден денес е најдобар поентер и скокач во историјата на Спаркс, како и најдобар поентер и скокач на сите времиња во лигата. На 11 Август, 2009 година, таа стана првиот играч кој постигнал 6 000 поени во кариерата.[4] Порано истиот месец, таа станала првиот играч со над 10 000 ПСА (поени + скокови + асистенции), важна статистика за фантазиската игра на ВНБА - Одбери Еден Предизвик.

Лиза Лесли објавила дека се пензионира на крајот на 2009 сезона на 4 Февруари, 2009 година. Спаркс одржаа церемонија за збогување за Лесли за време на нивниот последен домашен натпревар во Септември. На крајот таа заврши со рекордите во лигата за поени со 6 263, скокови со 3 307 и ПСА со 10 444. Во 2011 година, навивачите ја изгласаа како еден од најдобрите 15 играчи во петнаесетгодишната историја на ВНБА.

ВНБА награда

  • МВП: 2001, 2004, 2006
  • ВНБА Титули: 2001, 2002
  • МВП на Финалето: 2001, 2002
  • Се-ВНБА Прва Екипа: 1997, 2000-2004, 2006
  • Се-ВНБА Втора Екипа: 1998, 1999, 2005
  • Ол-Стар МВП на Натпреварот: 1999, 2001, 2002
  • Ол-Стар натпревари: 1999-2003, 2005, 2006, 2009
  • Се-Децениска Екипа: 1997-2006
  • Одбранбен Играч на Годината: 2004, 2008
  • Се-Одбранбена Прва Екипа: 2006
  • Се-Одбранбена Втора Екипа: 2005
  • Играч на неделата: 15 (рекорд на лигата)

Меѓународни натпреварувања и Олимпијади[уреди]

Лесли има учество на четири последователни Олимпијади и има освоено четири златни медали. Таа стана вториот женски играч на кошарка со толку златни медали, по Тереза Едвардс. Лесли учествуваше со националната женска кошаркарска екипа на САД која освои злато во 1996 и 2000 година и освои злато на светското првенство. Лесли постигна 35 поени против Јапан во полуфиналето на Олимписките Игри од 1996 година со што го постави Американскиот Олимписки женски рекорд за постигнати поени.

Лесли е една од седумте трикратни Олимпијки за Кошаркарската Репрезентација на САД и една од два играчи со четири златни медали. Таа ја предводеше екипата на САД во поени за време на Олимписките Игри во 2004 година. За време на своите трети Олимписки Игри, таа стана најдобар поентер, скокач и блокер на сите времиња за САД на Олимписко ниво. Секој пат кога таа учествувала на големо меѓународно натпреварување, постигнувала двоцифрен просек на поени. Лесли со 20 години е исто така најмлад играч со учество во Олимписките Проби на САД во 1992 година.

За време на Олимписките Игри во Пекинг во 2008 година, иако службените лице побараа таа да не го направи тоа, Лесли ги носеше претходните три златни Олимписки медали додека и го врачуваа медалот за победата. Членовите на Австралиската Национална Екипа, нејзините противници во финалето, го сметаа чинот на Лесли како грандиозен и за лош спорски дух.[5]

Лесли имаше жесток ривалетет со Лорен Џексон уште од Олимпискте Игри од 200 година кога Австралиската звезда ги откина доградбите на косата на Лесли за време на еден натпревар.

Приватен живот[уреди]

Лиза Лесли се омажи за Мајкл Локвуд во 2006 година. Во 2007 година, таа зеде година отсуство од професионална кошарка поради бременост. Лесли и Локвуд имаат ќерка, Лорен Џоли Локвуд, родена на 15 Јуни, 2007 година.[6] По бременоста, Лесли се врати во форма и во ВНБА за 2008 сезона. Лесли роди второ дете, Мајкл Џозеф Локвуд II на 6 Април, 2010 година.[7]

Лесли исто така е и модел и амбициозна актерка. Таа се појави во Вог и Њузвик, како и многу спорски публикации. Се има појавено во ЕСПН многу пати и има гостувано на неколку врвни телевизиски шоуа како што се Сестра Сестра, Натпреварот и Еден на Еден. Таа е гостин коментатор за Спортска Зона на АБЦ7 Вести од Очевидци во Лос Анџелес и го носи логото на каналот Круг 7 кога е на шоуто. Исто така има глумено во разни реклами. На почетокот на кариерата потпиша моден договор сп модната агенција Вилхелмина. Лиза исто така се појави на шоуто Суперзвезди и таа со нејзиниот партнер Дејвид освоија трето место откако Дејвид го повреди зглобот. Лиза се играше себеси во телевизиската серија Дресот, каде што таа смени тела со момче. Иксто така имаше улога во филмот Мисли како маж, каде што се играше себеси. Лесли е исто така лик со кој може да се игра во оригиналната Кошарка во Дворот, заедно со Кевин Гарнет. Таа е единствениот женски професионалец во Серијата игри Спорт во Дворот, по Бриана Скари, Бренди Частеин и Тифани Милбрет.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]