Црква „Св. Јован Крстител“ - Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Св. Иван Крстител
Црква
„Свети Иван Крстител
МестоСтрумица
ЗемјаМакедонија
ВероисповедКатолицизам
Историја
Осветена2008
Архитектура
Завршена2015
Управа
ЕпархијаАпостолски егзархат во Македонија

Црквата Свети Иван Крстител е Католичка црква која се наоѓа во Струмица, Македонија. Црквата се наоѓа на периферијата на градот, до патот Радовиш-Струмица-Валандово.

Христијанскиот храм започнал да се гради на 7 јуни 2008 година[1]. Темелите на црквата ги поставиле претставникот на Светиот Престол во Македонија, архиепископот Сантош Абрил Кастело и скопскиот бискуп Киро Стојанов .

Изградбата на црквата завршила во 2015 година, кога била осветена од страна на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов на 5 јули истата година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]