Црква „Пресвето Срце Исусово“ - Битола
Пресвето Срце Исусово | |
---|---|
Катедрална црква „Пресвето Срце Исусово“ | |
Поглед кон црквата | |
![]() | |
Место | Битола |
Земја | Македонија |
Вероисповед | Католицизам |
Архитектура | |
Архит. тип | неоготски стил |
Завршена | 1909 |
Управа | |
Епархија | Скопска бискупија |
Митрополија | Општина Битола |
Свештенство | |
Архиепископ | Киро Стојанов |
Црква „Пресвето Срце Исусово“ — католички храм што се наоѓа во Битола, Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]За основањето на црквата најзаслужни биле лазаристите кои во 19 век започнале со идеја за ширење католичката вера меѓу православното население на Отоманското Царство. Основач на парорхијата во градот бил Жан-Жозеф Лепавек кој во 1857 година го купил хотелот Локанда на Широк Сокак.
За потребите на лазаристите и за малкуте католички верници од градот, истата година во објектов била востановена скромна капелка, сместена на таванот, со димензии од 15х7х4 метри. Уште оттогаш нејзината внатрешност ја красела посебно значајната и ценета икона посветена на „Пресветото срце Исусово“, специјално донесена од Рим. Додека не дошле помошници, духовни браќа на основачот Лепавек, посебен советник и соработник му бил францускиот конзул во Битола, Белег де Буга, кој извесно време и просториите на Мисијата ги користел за потребите на својот конзулат.[1]
Капелката служела до 1870 година кога, заради нараснатите потреби и зголемениот број верници, на истото место бил подигнат сосема нов, наменски објект за црква, изведен во барокен стил. За време супериорот Денис Дипол (1877-1881) во дворот на црквата била подигната и провизорна камбанарија, било поставено и црквено ѕвоно, прво што се огласило во Битола по неколкувековниот молк, предизвикувајќи шок и жестока реакција среде муслиманското население, па набрзина било замолчено и отстрането.[1]
Во 1900 година црквата била опожарена. Потоа следувале административни напори и собирање средства за нејзина обнова. На 27 декември 1909 година, по Младотурската револуција бил обезбеден ферман за изградба на објект и нова камбанарија. Изведбениот план бил подготвен во Париз од познат француски архитект, кој се определил за новоготски француски стил, а изведувачи биле домашни мајстори. Црквата настрадала и за време на Првата светска војна и биле потрошени значителни средства за нејзиното обновување[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Денешната црква датира од 1909 година и истата е во неоготски стил. Главниот олтар од костеново дрво во готски стил бил изработен во Минхен, Германија. Останатите два помали олтари биле изработени во новоготски француски стил. Новиот олтар како и амвонот биле изработени во 1975 год од ореово дрво, а ги изработил Ѓорѓи Караџовски. Камбанаријата на црквата била изградена во периодот 1938 - 1940 г., и е подарок од словенечките верници[2].
Певницата и чесниот престол се дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Стерјовски, Александар (2020). Битола – Градби. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 498-501. ISBN 978-608-65122-8-6.
- ↑ „Католичка црква“. http://www.bitolatourist.info/. Посетено на 2013-05-03. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ Андоновска, Ленче (2007). Значајни личности за Битола. Битола: УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 90. ISBN 978-9989-2783-0-3. Посетено на 16 мај 2025. Занемарен непознатиот параметар
|coauthors=
(се препорачува|author=
) (help)