Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Секирник
Изглед
Св. Никола Чудотворец | |
---|---|
Црква „Свети Никола Чудотворец“ | |
Поглед кон црквата | |
Место | Секирник |
Земја | Македонија |
Вероисповед | Католицизам |
Архитектура | |
Завршена | 2007 |
Црква „Св. Никола Чудотворец“ — католичка црква што се наоѓа во селото Секирник, Општина Босилово.
Црквата започнала да се гради во 2006 година. Пред тоа цели седум години траел отпорот на месното население за обновување на овој храм со образложение дека во селото нема католици. Во 1999 година обидот за ставање камен-темелник завршил со брутален напад врз припадниците на Католичката црква. По многу состаноци и преговори, во кои биле вклучени и претставници од МПЦ и државниот врв, и по барање на верниците од католичка вероисповед, црквата во Секирник започнала со својата изградба.
Црквата била осветена во 2007 година од страна на апостолскиот нунциј од Ватикан, монсињор Сантос Абрил и Кастилјо[1].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Осветена новоизградената католичка црква во Секирник“. http://www.utrinski.com.mk. Посетено на 2013-05-03. Надворешна врска во
|publisher=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Секирник“ на Ризницата ? |