Првпат бил споменат во 1251. Во 1547, Битката кај Милберг била водена во близина на Фалкенберг, кога саксонскиот изборен кнез Јохан Фридрих I бил земен како заробеник. Самото село имало мало значење до 19 век. Дворецот ги менувал сопствениците повеќепати, додека не бил купен од општината во 1911. Во 1848 Фалкенберг добил станица на железницата Јитербог - Риза. Железницата Лајпциг/Хале - Ајленбург - Котбус била отворена во 1872 и поминувала низ Фалкенберг, поради што градот станал главна железничка раскрсница и доживеал голем пораст. Втората светска војна донела големи уништувања. Во 1962 на Фалкенберг му биле доделени правата на град. Грбот ги прикажува главните сектори на економијата во градот: енергетиката, железницата и земјоделството.
Голем број на напуштени парни локомотиви се поставени во старото железничко депо на североисток од градот.