Бад Либенверда
| Бад Либенверда | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Бранденбург |
| Округ | Елба-Елстер |
| Градоначалник | Томас Рихтер (ДХС) |
| Основни податоци | |
| Површина | 138,41 км2 |
| Надм. височина | 86 м |
| Население | 9.284 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 67 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | EE |
| Пошт. бр. | 04924 |
| Повик. бр. | 035341 |
| Портал | www.badliebenwerda.de |
| Местоположба на градот Бад Либенверда во рамките на округот Елба-Елстер | |
![]() | |
| Координати | 51°31′0″N 13°24′0″E / 51.51667°N 13.40000°E |
Бад Либенверда (германски: Bad Liebenwerda) — бањски град во округот Елба-Елстер, во југозападен Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Шварце Елстер, 57 километри северозападно од Дрезден и 28 километри источно од Торгау.
Историја
[уреди | уреди извор]Првото пишано спомнување на градот е од 1231 како Лиевенверде („Lievenwerde“). Значењето на името е Live или Lieb за живот или сакано и werde од werda што значи остров, високо место во вода. Документот од 1231 го спомнува Ото од Илебург, фогт на Ливенверде и свештеникот Плебан Валтер. Либенверда има замок со шанец, кој е познат како Кула Лубварт. Првото спомнување на Либенверда како град е од 1304. Либенверда бил дел од Изборното кнежевство Саксонија и Кралството Саксонија до 1815; по Виенскиот конгрес областа станала округ во Кралството Прусија. Градот поседува бањи од 1905, а од 1925 го додал зборот „Бад“ (Bad) кон неговото име.
Култура и архитектура
[уреди | уреди извор]Во Бад Либенверда се наоѓа готската црква Св. Никола. Камбанаријата на црквата била повторно изградена кон крајот на 19 век по удар на гром на кулата, кој предизвикал пожар. Кулата Лубварт е најстарата градба во градот. Кулата била изградена околу 1207 како дел од замокот со шанец. Веднаш до кулата е музејот за изложби за композиторот Карл Хајнрих Граун и неговите браќа.
- Бад Либенверда гледан од кулата Лубварт
- Кулата Лубварт
- Главниот плоштад
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
|

