Карл Хајнрих Граун
Карл Хајнрих Граун | |
---|---|
Carl Heinrich Graun | |
Роден(а) | 7 мај 1704 Варенбрик, Маркгрофовија Бранденбург |
Починал(а) | 8 август 1759 Берлин, Кралство Прусија | (возр. 55)
Националност | Германец |
Образование | „Св. Крст“, Дрезден |
Занимање | композитор, тенор |
Активен период | 1726 – 1756 |
Познат(а) по | италијански опери, капелмајстор на Фридрих Велики |
Сопружник | 2 |
Деца | 1 ќерка, 4 сина |
Роднини | Јохан Готлиб Граун (брат) |
Карл Хајнрих Граун (германски: Carl Heinrich Graun; 7 мај 1704 – 8 август 1759) — германски композитор и тенор. Заедно со Јохан Адолф Хасе се сметаат за најважните германски композитори на италијански опери во своето време.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Граун е роден во Варенбрик, тогаш во Маркгрофовијата Бранденбург. Во 1714 г. по примерот на брат му Јохан Готлиб Граун се запишал на училиштето при црквата „Св. Крст“ (Кројцкирхе) во Дрезден и пеел во тамошниот хор и хорот на Дрезденската опера. Учел пеење кај Кристијан Пецолд, а композиторската наобразба ја стекнал кај Јохан Кристоф Шмит. Во 1724 г. се преселил во Брауншвајг, каде пееел во операта и искомпонирал шест оперски дела за таа установа. Во 1735 г. се преселил во Рајнсберг во Бранденбург, откако ја искомпонирал операта „Огледало на верноста“ (Lo specchio della fedeltà) по повод венчавката на тогашниот престолонаследник Фридрих (подоцна крал Фридрих Велики) и Елизабета Кристина во дворецот Залцдалум во 1733 г. Работел како капелмајстор на Фридрих Велики во Берлин од неговото доаѓање на престолот во 1740 г., па сè до крајот Грауновиот живот.
Искомпонирал поголем број опери. Неговата „Цезар и Клеопатра“ (Cesare e Cleopatra) била изведена на самото отворање на Берлинската државна опера во 1742 г. Операта „Монтезума“ (Montezuma, 1755) ја искомпонирал по либрето на кралот Фридрих. Неговите дела денес ретко се изведуваат, иако неговата страсна кантата „Смртта на Исус“ (1755) мошне често се изведувала во Германија по неговата смрт. Меѓу останатите Граунови дела се концертите и трио-сонатите. Бил познат по особената дарба за ускладување на текстот со музиката, веројатно поради тоа што бил пејач.[2]
Граун се оженил двапати. Од првиот брак имал ќерка која станала певица, а од вториот брак имал четири сина. Неговиот пра-пра-пра-правнук Владимир Набоков се истакнал како еден од најпознатите романописци на XX век.[3]
Дела
[уреди | уреди извор]Сценски дела
[уреди | уреди извор]- „Полидор“ (Polydorus; 5 чина, 1726–28)
- „Ифигенија во Авлида“ (Iphigenia in Aulis; 3 чина, 1728)
- „Скипион Африканецот“ (Scipio Africanus; 3 чина, 1732)
- „Огледало на верноста“ (Lo specchio della fedeltà; 3 чина, 1733)
- „Фараонот Тубет“ (Pharao Tubaetes; 5 чина, 1735)
- „Роделинда, кралица на Лангобардите“ (Rodelinda, regina de' langobardi; 3 чина, 1741)
- „Цезар и Клеопатра“ (Cesare e Cleopatra; 3 чина, 1742)
- „Артаксеркс“ (Artaserse), либрето на Пјетро Метастазио (3 чина, 1743)
- „Катон во Утика“ (Catone in Utica), либрето на Метастазио (3 чина, 1743)
- „Александар и Пор“ (Alessandro e Poro), либрето на Метастазио (3 чина, 1744)
- „Луциј Папириј“ (Lucio Papirio; 3 чина, 1744)
- „Адријан во Сирија“ (Adriano in Siria), либрето на Метастазио (3 чина, 1746)
- „Демофонт“ (Demofoonte), либрето на Метастазио (3 чина, 1746)
- „Гај Фабрициј“ (Cajo Fabricio; 3 чина, 1746)
- „Отмени свечености“ (Le feste galanti, 1747)
- „Цина“ (Cinna; 3 чина, 1748)
- „Отмената Европа“ (L'Europa galante, 1748)
- „Ифигенија во Авлида“ (Ifigenia in Aulide; 3 чина, 1748)
- „Анџелика и Медоро“ (Angelica e Medoro; 3 чина, 1749)
- „Кориолан“ (Coriolano; 3 чина, 1749)
- „Фејтон“ (Fetonte; 3 чина, 1750)
- „Митридат“ (Il Mithridate; 3 чина, 1751)
- „Армида“ (L’Armida; 3 чина, 1751)
- „Британик“ (Britannico; 3 чина, 1751)
- „Орфеј“ (L'Orfeo; 3 чина, 1752)
- „Судот на Парис“ (Il giudizio di Paride; 1 чин, 1752)
- „Сила“ (Silla; 3 чина, 1753)
- „Семирамида“ (Semiramide; 3 чина, 1754)
- „Монтезума“ (Montezuma; 3 чина, 1755)
- „Аециј“ (Ezio), либрето на Метастазио (1755)
- „Закрвените браќа“ (I fratelli nemici; 3 чина, 1756)
- „Меропа“ (La Merope; 3 чина, 1756)
Други дела
[уреди | уреди извор]- „Те фалиме Тебе Боже“ (Te Deum)
- „Иде едно јагненце и вината ја презема“ (Ein Lämmlein geht und trägt die Schuld) — страсна кантата (о. 1730)
- „Дојдете да видите“ (Kommt her und schaut) или „Голема страст“ (Große Passion, 1730)
- „Смртта на Исус“ (Der Tod Jesu) — страсна кантата (1755)
- „Божиќен ораториум“ (Oratorium in Festum Nativitatis Christi)
- „Велигденски ораториум“
- „Шест италијански кантати“
- Концерт за хорна, гудала и чембало во де-дур
- Уметнички песни (1743)
- Симфонија во це-дур
- Концерт за виол
- Концерт за чембало во це-мол
- Жига во бе-мол
Литература
[уреди | уреди извор]- John W. Grubbs (1972): The Sacred Choral Music of the Graun Brothers, 1972
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The New Grove Dictionary of Opera vol. 2 p. 519
- ↑ Sulzer, Johann Georg (1774). Allgemeine Theorie der Schönen Künste (1. Auflage. изд.). Leipzig: Weidmann; Reich.
- ↑ Speak, Memory, Vladimir Nabokov, Vintage International, 1989, p. 54.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Карл Хајнрих Граун“ на Ризницата ? |
- Слободни партитури од Карл Хајнрих Граун од проектот „Меѓународна библиотека на партитури“
- Карл Хајнрих Граун — слободни партитури на CPDL
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.
|