Тврдина Маркели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маркели
Krepost.JPG
Општи податоци
ГрадКарнобат
ЗемјаБугарија


Тврдината Маркели се наоѓа во близина на градот Карнобат, Бугарија. На ова место се одвила битката помеѓу бугарската војска и војската на византискиот император Константин V Копроним во 756 година. Подоцна, во 792 година Константин VI бил поразен од страна на хан Кардам. Во 811 година, византискиот император Никифор I бил поразен на истото место од хан Крум. Се смета дека тврдината била разрушена во 1090 година за време на кумански напад.