Лешок: Разлика помеѓу преработките

Координати: 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 97: Ред 97:
|440
|440
|}
|}

=== Родови ===
Лешок е македонско село.

Според истражувањата од 1940тите години, родови во селото се:

''Базовци (1 к.), Стојковци (18 к.), Ѓурлуковци (6 к.), Чочолевци (1 к.), Такаревци (6 к.), Мазарковци (3 к.), Савеввци (4 к.), Тошоќој (3 к.) и Тасевци (1 к.)'' староседелски родови; ''Коларовци (2 к.)'' доселени се од [[Старо Село (Тетовско)|Старо Село]], ја знаат следната генеологија Билбил (жив на 50 год. во 1940тите) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил; ''Качовци (4 к.)'' доселени се од соседното село [[Сетоле]], ја знаат следната генеологија Андро (жив во 1940тите) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот; ''Лалошој (11 к.)'' доселени се од селото [[Непроштено]], таму биле староседелци, ја знаат следната генеологија Мито (жив на 45 год. во 1940тите) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил; ''Гркомановци (4 к.)'' доселени се од селото [[Рогачево]], ја знаат следната генеологија Томе (жив на 40 год. во 1940тите) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци; ''Карапанџовци (3 к.)'' доселени се од некое село во [[Гостиварско|гостиварско;]] ''Китановци (1 к.) и Чапунковци (3 к.)'' доселени се однекаде; ''Николовци (5 к.)'' доселени се од [[Варвара (Тетовско)|Варвара;]] ''Сандаровци (3 к.)'' доселени се од [[Непроштено|Непроштено;]] ''Јоановци (2 к.) и Рошој (2 к.)'' доселени се од селото [[Слатино (Тетовско)|Слатино;]] ''Пејчиновци или Поповци (13 к.)'' доселени се од соседното село [[Отуње]], таму се викале Цанцаловци; ''Цинцаровци (6 к.)'' доселени се од селото [[Сетоле]], ја знаат следната генеологија Форче (жив на 50 год. во 1940тите) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил; ''Нешовци (1 к.)'' доселени се од селото [[Чучер-Сандево|Чучер]], [[Скопско|скопско;]] ''Пашини (4 к.)'' родот го основал предок доселен од селото [[Подбреге|Подбреге;]] ''Зако (1 к.)'' доселен како домазет од селото [[Палчишта|Палчишта;]] ''Здраве (1 к.)'' доселен како домазет од селото [[Мушиково]] кај [[Средска|Средска;]] ''Наљбукои (1 к.)'' стари доселеници однекаде; ''Прнџо (1 к.)'' доселен од селото [[Варвара (Тетовско)|Варвара;]] ''Богојеви (1 к.)'' доселени од [[Рогачево|Рогачево;]] ''Ончев (1 к.)'' доселен од [[Брезно|Брезно;]] ''Филиповци (1 к.)'' доселени од селото [[Јанчиште|Јанчиште;]] ''Стојан (1 к.)'' доселен од селото [[Брезно]] во 1939 година; ''Трпе (1 к.), Стеван (1 к.) и Ѓоре (1 к.)'' доселени се како домазетовци, првиот од [[Теарце]], вториот од [[Сетоле]], а третиот од [[Варвара (Тетовско)|Варвара;]] ''Сибиновци (4 к.)'' доселени се од селото Котлина кај [[Качаник]], ја знаат следната генеологија Ристо (жив на 40 год. во 1940тите) Андро-Спасо-Сибин; ''Коруновци (6 к.)'' доселени се од селото [[Варвара (Тетовско)|Варвара]], ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 45 год. во 1940тите) Стојче-Милован-Корун; ''Богојевци (1 к.)'' доселени се од [[Слатино (Тетовско)|Слатино;]] ''Манојловци (1 к.)'' доселени се од [[Глоѓи|Глоги]].<ref>{{Наведена книга|title=Полог|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=САНУ|year=1976|isbn=|location=Белград|pages=}}</ref>


== Општествени институции ==
== Општествени институции ==

Преработка од 17:58, 22 јануари 2019

Лешок

Лешочкиот манастир

Лешок во рамките на Македонија
Лешок
Местоположба на Лешок во Македонија
Лешок на карта

Карта

Координати 42°3′50″N 21°1′58″E / 42.06389° СГШ; 21.03278° ИГД / 42.06389; 21.03278
Регион Долни Полог
Општина Општина Теарце
Шифра на КО 28041
Надм. вис. 560 м
Лешок на општинската карта

Атарот на Лешок во рамките на општината
Лешок на Ризницата

Лешок е село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово. Познато е по Лешочкиот манастир.

Географиja и местоположба

Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (Тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.

Историja

Документ со печат од Лешочката селска општинска управа, од 5 јуни 1918 година.

Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 200 семејства, 11 неженети и 22 вдовици, сите христијани.[1]

Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.[2]

Економија

Демографија

Жени од Лешок во народна носија, 1890 година.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешок имало 488 Македонци, егзархисти.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението:[6]

Националност Вкупно
Македонци 435
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 4

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 336[3] 320[4] 580[5] 861 915 785 718 666 542 399 440

Родови

Лешок е македонско село.

Според истражувањата од 1940тите години, родови во селото се:

Базовци (1 к.), Стојковци (18 к.), Ѓурлуковци (6 к.), Чочолевци (1 к.), Такаревци (6 к.), Мазарковци (3 к.), Савеввци (4 к.), Тошоќој (3 к.) и Тасевци (1 к.) староседелски родови; Коларовци (2 к.) доселени се од Старо Село, ја знаат следната генеологија Билбил (жив на 50 год. во 1940тите) Петруш-Божин-Ѓоро, кој се доселил; Качовци (4 к.) доселени се од соседното село Сетоле, ја знаат следната генеологија Андро (жив во 1940тите) Мито-Божин-Мишо-Јанко, основачот на родот; Лалошој (11 к.) доселени се од селото Непроштено, таму биле староседелци, ја знаат следната генеологија Мито (жив на 45 год. во 1940тите) Јастре-поп Симун-поп Китан, кој се доселил; Гркомановци (4 к.) доселени се од селото Рогачево, ја знаат следната генеологија Томе (жив на 40 год. во 1940тите) Самој-Васо-Стојан-Јовче, основачот на родот, во Рогачево биле староседелци; Карапанџовци (3 к.) доселени се од некое село во гостиварско; Китановци (1 к.) и Чапунковци (3 к.) доселени се однекаде; Николовци (5 к.) доселени се од Варвара; Сандаровци (3 к.) доселени се од Непроштено; Јоановци (2 к.) и Рошој (2 к.) доселени се од селото Слатино; Пејчиновци или Поповци (13 к.) доселени се од соседното село Отуње, таму се викале Цанцаловци; Цинцаровци (6 к.) доселени се од селото Сетоле, ја знаат следната генеологија Форче (жив на 50 год. во 1940тите) Столе-Кочо-Богдан, кој се доселил; Нешовци (1 к.) доселени се од селото Чучер, скопско; Пашини (4 к.) родот го основал предок доселен од селото Подбреге; Зако (1 к.) доселен како домазет од селото Палчишта; Здраве (1 к.) доселен како домазет од селото Мушиково кај Средска; Наљбукои (1 к.) стари доселеници однекаде; Прнџо (1 к.) доселен од селото Варвара; Богојеви (1 к.) доселени од Рогачево; Ончев (1 к.) доселен од Брезно; Филиповци (1 к.) доселени од селото Јанчиште; Стојан (1 к.) доселен од селото Брезно во 1939 година; Трпе (1 к.), Стеван (1 к.) и Ѓоре (1 к.) доселени се како домазетовци, првиот од Теарце, вториот од Сетоле, а третиот од Варвара; Сибиновци (4 к.) доселени се од селото Котлина кај Качаник, ја знаат следната генеологија Ристо (жив на 40 год. во 1940тите) Андро-Спасо-Сибин; Коруновци (6 к.) доселени се од селото Варвара, ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 45 год. во 1940тите) Стојче-Милован-Корун; Богојевци (1 к.) доселени се од Слатино; Манојловци (1 к.) доселени се од Глоги.[8]

Општествени институции

Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Црквата „Св. Николај“ во Лешок

Во разни документи се споменува дека во Лешок со околината имало дури 44 цркви. Денес во Лешок има три активни цркви и една капела-параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата-параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).

Археолошки локалитети
  • Кале - населба од доцна антика и среден век;[9]
  • Два Бреста - населба од римско време;
  • Леска - населба и базилика од доцна антика и старихристијаско време;
  • Пепело - населба од римско време;
  • Црквиште - црква од среден век;
  • Црници - некропола од римско време;
  • Депо - депо од среден век;
  • Млака - некропола од среден век;

Редовни настани

Лешочки фолк фест во 2007 година

Личности

  • Никанор (р. ~ 1600) — скопски и полошки митрополит
  • Мирко Спироски (р. 3 февруари 1948) — македонски физиолог и редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
  • Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) — македонски херој од Лешок, убиен од терористите на ОНА.

Култура и спорт

Во селото постојат клубовите ФК Оникс и ОК Лешок, кој настапува во Првата македонска одбојкарска лига.

Иселеништво

Наводи

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.298
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  5. 5,0 5,1 Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски