СВИФТ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на SWIFT

СВИФТ (англиски: SWIFT, Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication) претставува здружение за меѓународни меѓубанкарски финансиски телекомуникации. Тоа е банкарска мрежа и софтвер за размена на пораки кој го употребуваат повеќе од 10.800 финансиски институции и корпорации во повеќе од 200 земји. SWIFT овозможува размена на стандардизирани пораки меѓу меѓународните финансиски институции кои се однесуваат на плаќања, тргување со хартии од вредност итн. Седиштето на SWIFT е во Белгија, но има канцеларии во светските најголеми финансиски центри.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

  • 1973 – основање на SWIFT. Во канцеларија со површина од 40 квадратни метри, во центарот на Брисел, како амбициозна идеја била основана фирмата SWIFT. Идејата била прифатена од 239 банки во 15 земји, со што SWIFT ја започнала својата мисија за создавање меѓународна врска за обработка на податоци и комуникација и заеднички јазик за интернационални финансиски трансакции. Carl Reuterskiöld бил првиот извршен директор на SWIFT.
  • 1974 – основање и започнување на партнерствата. Бројот на членки пораснал на 503 во 17 земји но сè уште ниту една порака не била разменета.
  • 1975 – нагласок врз сигурноста и доверливоста, поради што се воспоставиле правила кои ги дефинираат одговорноста и обврските, како и оперативните практики. Бројот на членки изнесувал 515 од 17 земји, но сè уште без ниту една разменета порака.
  • 1976 - отворен првиот оперативен центар. Секој оперативен центар има свои објекти и е способен да ги надополнува останатите со цел да обезбеди високо функционирање и достапност на системот.
  • 1977- SWIFT е пуштен во етерот. Првата порака ја испратил Алберт, Принцот на Белгија. Почетната група на членови пораснала на 518 комерцијални банки во 22 земји, а во оваа година биле испратени 3.400.000 пораки.
  • 1978 - остварени првите 10 милиони испратени пораки. Дополнително, во оваа година биле испратени 21.600.000 пораки, а бројот на членови пораснал на 586 членки во 25 земји.
  • 1979 – Отворањето на оперативниот центар во Северна Америка. Бројот на членови изнесувал 683 од 30 земји, а бројот на разменети пораки достигнал 34.500.000.
  • 1980 - прво приклучување на земјите од Азија. Хонгконг и Сингапур ги започнале своите први операции, а бројот на членови достигнал 786 во 36 земји, со 46.900.000 разменети пораки.
  • 1981 - претставена програмата „ST 100“. Овозможувањето на програмата и софтверот биле во рацете на целосно поседуваната подружница „SWIFT Terminal Services“. Веќе се остварени 900 членови од 40 земји и 62.500.000 пораки.
  • 1982 - Финансиската стабилност е постигната. Приходите од членство се зголемиле, а приходите за првпат ги надминале оперативните трошоци.
  • 1983 - Илјадитиот член - Banque Nationale de Belgique. Членството на централните банки само уште повеќе го зголемиле успехот на SWIFT.
  • 1984 - Знаење за во иднината. SWIFT ја надградил услугата на своите клиенти преку зголемување на информираноста за услугите.
  • 1985 – Сателитска комуникација за овозможување на услугите.
  • 1986 - Лансирање дополнителни услуги, како „Ecu Netting system“ за потребите на „Ecu Banking Association“. Оваа услуга била обебедена од новата подружница SWIFT, „Service Partners“. Бројот на членкитепораснал на 2.161 од 61 земја, со 192.010.000 пораки.
  • 1987 – SWIFT навлегува и кај обврзниците. Членките изгласале одлука за проширување на корисниците, вклучувајќи брокери и дилери, менувачници, централни депозитари и клиринг-институции. Истовремено, во оваа година бил издаден првиот „BIC directory“.
  • 1988 – разрешување на телефонските проблеми и комуникации.
  • 1989 - Зголен бројот на членови на 2.814 во 78 земји и 296.070.000 разменети пораки.
  • 1990 - Нови достигнувања и напредувања, како „Electronic Data Interchange and Interbank File Transfer“ и автоматизирање на операциите со обврзници.
  • 1991 - Признавање на SWIFT од страна на „Smithsonian“. Број на членови достигнал 3.243 во 87 земји и 365.159.000 пораки.
  • 1992 - Надминување на поставените цели. Бројот на членови изнесувал 3.582 во 94 земји и 405.541.000 пораки.
  • 1993 – Зголемување на бројот на членови за нови 404 во нови 12 земји.
  • 1994 – Додадена вредност за купувачите преку зголемување на услугите.
  • 1995 - Навлегување во нова област: птворена нова канцеларија во Франкфурт и ширење во Азија и Тихиот Океан.
  • 1996 - Намалување на трошоците, управување со ризикот и подобрување на автоматизацијата. Вкупно 5.632 корисници во 151 земја и 688.000.000 пораки.
  • 1997 – Зголемување на работењето: 6.176 корисници во 164 земји и 812.000.000 пораки.
  • 1998 – Обновување на сегментите во SWIFT.
  • 1999 - Остварени 6.797 корисници во 189 земји и 1.059.000.000 пораки.
  • 2001 - Пуштен во употреба „SWIFTnet“. Остварени 7.457 корисници во 196 земји и 1.534.000.000 пораки.
  • 2002 - Испратена првата „SWIFTNet FIN“ порака. На 15 август 2002 година бил пуштен во употреба „SWIFTNet 4.0“. Достигнати 7.601 корисник во 198 земји и 1.817.000.000 пораки.
  • 2003 - Прославени 30 години од основањето. Австралија го прифатила „SWIFTNet“, а подоцна тоа го направила и Италија. Системот „SWIFTNet“ достигнал 200 земји-кориснички.
  • 2004 - SWIFT-заедницата преминалацелонсо кон „SWIFTNet IP Platform“, со што префрлањето кон „SWIFTNet“ било целосно завршено. На SWIFT му била доделена награда за “Dream Team”. Вкупно 7.667 корисници од 202 земји и 2.299.000.000 пораки.
  • 2005 - Објавено намалување на цените на услугите од 8%. Достигнати 7.863 корисници во 204 земји и разменети 2.518.000.000 пораки.
  • 2006 - Починал Carl Reuterskiöld, првиот генерален директор на SWIFT. „SWIFTNet“ услужните трговски услуги влегле во пробната фаза. Вкупно 8.105 корисници во 207 земји и 2.865.000.000 пораки.
  • 2007 - Најавен новиот генерален директор, Lázaro Campos. Веќе достигнати 8.332 корисници од 208 земји и 3.501.000.000 пораки.
  • 2008 - Попаметен и поедноставен SWIFT. Архитектурата на дистрибутивната програма успешно ја завршиал првата фаза. Лансирањето на „Alliance Lite“ им обезбедил побрз пристап на корисниците до SWIFT, а бил воведен и „Alliance Integrator“. Бројот на членови достигнал 8.830 од 209 земји и 3.855.000.000 пораки.
  • 2009 - Ефикасноста е предност. Отворена канцаларијата во Сеул и лансирање на „Innotrible“. Веќе 400 организации ја порачале платформата „Alliance Lite“. Раст на 9.281 корисник од 209 земји и 3.760.000.000 пораки.
  • 2010 - Прва аквизација на SWIFT во историјата. SWIFT ја купила „Arkelis“, со што било зголемено портфолиото на услугите.
  • 2011 - Појак и поиновативен SWIFT. Лансирањето на „SWIFTRemit“, првата вистински глобална платформа за плаќање од физичко лице на физичко лице. Остварени 10.118 корисници од 210 земји и 4.431.099.899 пораки.
  • 2012 - Промени. На 1 јули, Gottfried Leibbrandt го наследил Lázaro Campos како генерален директор на SWIFT. SWIFT го прифатил и првиот член во одборот кој потекнува од Кина. Достигнати 10.279 корисници во 212 земји и 4.589.109.272 пораки.
  • 2013 - Година на годишнини. SWIFT наполнил 40 години од основањето, форумот за стандарди - 10 години, а „Innotrible“ наполнил пет години. Бил отворен нов оперативен центар во Швајцарија и нов корпоративен центар за услуги во Куала Лумпур. Повеќе од 10 500 корисници од повеќе од 200 земји и повеќе од 5 милијарди пораки.
  • 2014 - SWIFT ја завршил архитектурната програма за дистрибуции. Успешно била намалена цената на услугите на SWIFT за 50% во споредба со 2010 година. Повеќе од 10.800 корисници од повеќе од 200 земји и повеќе од 5,6 милијарди пораки.[2]
  • 2016 - на неколку банки од Иран повторно им било дозволено да се поврзат во мрежата на СВИФТ, откако во март 2012 година на иранските банки им бил забранет пристапот до СВИФТ, во согласност со санкциите кон Иран.[3]

Структура на пораките преку СВИФТ[уреди | уреди извор]

SWIFT пораките се структурни пораки коишто се типски класифицирани. За секоја порака, одредените типови на полиња се различно дефинирани. По правило, SWIFT пораките се состојат од пет дела, a секој дел има свое име:[4]

  • Основен дел ;
  • Апликативен дел;
  • Кориснички дел;
  • Текстуални пораки;
  • Крај на пораките;

Првите три дела го сочинуваат оној дел којшто се однесува на пораките. Секоја порака мора да го има овој основен дел, додека останатите два дела се опционални. Типот на пораката (Message Type-MT) претставува основа за идентификувањето на соджината на пораката. Притоа, можни се следниве видови пораки:[4]

  • MT0xx Системски пораки (System Messages)
  • MT1xx Плаќања на клиенти и чекови (Customer Payments and Cheques)
  • MT2xx Трансфери на финансиски институции(Financial Institution Transfers)
  • MT3xx Пазари на државни записи (Treasury Markets)
  • MT4xx Инкасо и кеш работи (Collection and Cash Letters)
  • MT5xx Пазар на хартии од вредност (Securities Markets)
  • MT6xx Пазари на записи – Метали и синдикати (Treasury Markets - Metals and Syndications)
  • MT7xx Акредитиви и гаранции (Documentary Credits and Guarantees)
  • MT8xx Патнички чекови (Travellers Cheques)
  • MT9xx Кеш менаџмент и статус на клиентите (Cash Management and Customer Status)

Стандарди[уреди | уреди извор]

Стандардите на СВИФТ се строго дефинирани правила и формати кои ја дефинираат стандардизираната SWIFT-порака, односно описи коишто се однесуваат на процедурата кои мораат да бидат спроведени за да би можело да се обезбеди нормално функционирање на SWIFT-системот и размената на пораки во рамката на оваа мрежа. Со почитувањето на стандардната порака може да се создава, меморира и емитува пораки со правилно вреднување и овласување. Тие стандарди се:[5]

  • ISO 3166- Меѓународен стандард за обележување на државата.
  • ISO 15924- Меѓународен стандард за обележување на писмата.
  • ISO 4217- Меѓународен стандард кој ги дефинира ознаките на валутите кои се важечки према стандардите на ISO.
  • ISO 639- Дефиницијата на кодовите кои се однесуваат за името на јазикот.

Стандардите над пораката значат единствена интерпретација на пораката, односно сите членови на SWIFT-системот на ист начин ги формулираат пораките со кои се разменуваат со целта да се извршат уплати/исплати внатре во земјата и во странство. SWIFT-стандардите за коминикација се сочинети од:[5]

  • Приоритетни кодови: 00-Системски пораки; 01-Итни пораки, со известување, ако не успее да се испорача во 15 минути; 02-Нормален приоритет на пораки; 03-Нормален приоритет, со известување за испорака.
  • Банкарски кодови – Се доделуваат на секоја банка, а има четири поединечни кодови: 1) Банка, 2) Држава, 3) Место, 4) Име на филијалата.
  • Валутни кодови- Усогласени се со меѓународната организација за стандарди (Првите две букви ја означуваат државата, а третата буква името на валутата)
  • Текстуалните кодови - Се подготвуваат однапред или од страна на SWIFT.

Корисници на СВИФТ[уреди | уреди извор]

Постојат три вида на корисници на СВИФТ:[6]

  • Членови, односно акционери со квалификувани организации, кои поседуваат сопственост над акциите на СВИФТ, вклучувајќи банки, овластени брокери-дилери со хартии од вредност и инвестициони институции.
  • Подчленови кои се организации со повеќе од 50% во директна или 100% во индиректна сопственост на членовите-акционери, кои ги исполнуваат критериумите со статутот на SWIFT. Подчленот мора да биде во потполна контрола на членот.
  • Учесници: на учесниците им е дозволено да користат „Specifies Service“ на компанијата доколку ги исполнуваат критериумите кои се дефинирани од генералното собрание, т.е одборот на директори. Тоа се следните институции:
    • Брокери и дилери на хартии од вредност и сродни финансиски институции
    • Централни депозитарни и клиринг-институции
    • Административен фонд
    • Инвестициони институции
    • Брокерски пазар на финансии
    • Финансиски институции коишто не поседуваат акции во SWIFT
    • Учесници во системот на плаќања
    • Берза на хартии од вредност и други соодветни финансиски инструменти.
    • Регистар и трансфер на агенти
    • Берзи
    • Издавачи на патнички чекови

Предности[уреди | уреди извор]

Користењето на услугите на СВИФТ нуди повеќе предности, како:[7]

  • SWIFT овозможува пристап до различни финансиски институции и системи.
  • Временскиот рок на примањето – испраќањето е максимално скратен.
  • Платформата за создавање пораки е повеќекратно употреблива
  • Широка лепеза на пристапни цени.
  • Стандарди кои се користат поддржуваат автоматско и брзо обравотување на пораките.
  • Смалени трошоци за пренос на пораки во однос на пошта.
  • Подобрен кеш менаџмент, поради информациите коишто се тековни и овозможуваат подобро искористување на средствата.

Корпоративно управување, организација и менаџмент[уреди | уреди извор]

SWIFT е кооперативна заедница што потпаѓа под белгискиот законски систем. Акционерите го гласаат одборот од 25 независни директори кои ја предводат компанијата и го надгледуваат менаџментот. Извршниот комитет има полно работно време, предводен од главниот извршен директор.[8]

Менаџмент[уреди | уреди извор]

Учесниците на SWIFT избираат одбор од 25 независни директори, кои ја водат компанијата и го надгледуваат менаџментот на компанијата. Директорите се бираат на од годишното генерално собрание на акционери, со мандат од три години и со можен реизбор.[8] На чело на пооделните извршни комитети се наоѓаат:[9]

  • Gottfried Leibbrandt, Главен извршен директор[10]
  • Marcel Bronmans, Главен оперативен директор[11]
  • Javier Pérez-Tasso, Главен извршен на Америка, Англија, Ирска, и нордиските земји[12]
  • Alain Raes, Главен извршен на ЕМЕА и на Азискиот Тихи Океан[13]
  • Christian Sarafidis, Главен извршен директор на маркетинг-секторот[14]
  • Francis Vanbever, Главен извршен финансиски директор[15]
  • Craig Young, Главен извршен директор на технолошкиот сектор[16]

Извршни комитети[уреди | уреди извор]

СВИФТ има шест извршни комитети. Ревизорскиот финансиски комитет (РФК) е надзорен орган за ревизијата на SWIFT-операциите и ја извршува внатрешната контрола. Тој ги покрива следниве области: Сметководство, Финансиски извештаи и контрола, Легална и регулаторен надзор, Безбедност, Буџет, финансии и финснсиски планови на долг рок, Етички програми, Комитет за ризик на франшизи, и Ревизорски надзор. РФК се среќава најмалку четирипати годишно со извршните директори, генералниот совет и генералниот директор на секторот за ревизија, или со делегатите коишто се одобрени од нив.Комитетот за човечки ресурси го оценува перформансот на компанијата и одлучува за нивото на надоместокот којшто ќе го добијат генералните директори и другите клучни извршни директори и вработените. Исто така, СВИФТ има два надворешни ревизори:[8]

  • Ernst & Young, во Брисел. Оваа ревизорска куќа била ангажирана во 2000 година, а мандатот бил обновен во јуни 2005 година, со важност до јуни 2018 година.
  • PwC, во Лондон. Оваа куќа била ангажирана во септември 2003 година, а мандатот бил обновен во 2013 година.

Надзор[уреди | уреди извор]

SWIFT се придржува кон отворени и конструктивни дијалози со институциите што вршат надзор. SWIFT е надгледуван поради важноста на функционирањето на светскиот банкарски систем, поради неговата улога како доставувач на пораки. Со договор со централните банки на земјите од Г-10, Националната банка на Белгија ја врши улогата на главен супервизор на SWIFT. Во 2012 година, оваа рамка била ревидирана така што бил поставен форум за надгледување на SWIFT.[8]

Стратегија[уреди | уреди извор]

По одобрувањето на стратегијата „SWIFT 2020“ на почетокот на 2015 година, SWIFT соопштил дека новата стратегија се концентрира на зголемен раст со задржана совршеност на функционирање. Стратегијата идентификува три главни димензии за раст:[17]

  1. Пораст во „core messaging“ услугите за плакање и безбедност
  2. Ангажман со пазарната инфраструктура
  3. Рапидна експанзија во поглед на справување со финансискиот криминал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-21. Посетено на 2016-01-15.
  2. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-01-15.
  3. „Иранските банки постепено се враќаат во глобалниот платен систем СВИФТ“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 10.
  4. 4,0 4,1 „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-12. Посетено на 2016-02-09.
  5. 5,0 5,1 „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-12. Посетено на 2016-02-09.
  6. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-29. Посетено на 2016-02-09.
  7. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-12-21. Посетено на 2016-02-09.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  9. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  10. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  11. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  12. SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016 Архивирано на 10 ноември 2015 г.)
  13. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  14. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  15. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  16. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.
  17. „SWIFT - официјално мрежно место (посетена на 3.1.2016)“. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 2016-02-09.