Ринеја
| Ρήνεια | |
|---|---|
| Географија | |
| Архипелаг | Киклади |
| Површина | 14 км2 |
| Највисоко место | 136 м |
| Држава | |
Грција | |
| Област | Јужен Егеј |
| Округ | Миконос |
| Демографија | |
| Население | 0 (2001) |
| Поштенски код | 846 00 |
| Обласен код(ови) | 22890 |
| Регистарска табличка | EM |
Ринеја (Ρήνεια), антички Ренеја (старогрчки: Ῥήνεια) или Ренаја (Ῥηναῖα),[1] или Рена (Ῥήνη),[2] — грчки остров на Кикладите. Се наоѓа веднаш западно од островот Делос и понатаму југозападно од островот Миконос. Ринеја е административно дел од Миконос, исто како што е и Делос. Неговата површина е 14 км2. Имал малку население до 1980-тите, но, моментално островот е ненаселен.
Во античко време, островот бил покорен од тиранинот Поликрат од Самос и бил посветен на Делискиот Аполон. Јужната половина на островот била некрополата Делос.[1] Во шестата година од Пелопонеската војна (426 пр.н.е.), Атињаните го прочистиле Делос. Тие ги отстраниле сите гробници од островот и забраниле умирање на Делос на религиозна основа. Било прогласено дека отсега е незаконско било кое живо суштество да се роди или да умре на Делос, и дека секоја трудница треба да биде пренесена на островот Ренеја за да се породи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2
Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Delos“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray. - ↑ Лундски универзитет. Дигитален атлас на Римското Царство. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална веб-страница на општина Миконос (in English and Greek)
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||