Полска култура

Од Википедија — слободната енциклопедија

Полската култура се однесува на културата што се развивала на територијата на Полска, гледано историски, поради нестабилноста на државните граници и периодот на поделби . Се однесува и на културата создавана и од полската дијаспора. Таа е дел од европската култура . Нејзиниот специфичен карактер е резултат на мешањето на влијанијата на западноевропските и источните култури, особено на Блискиот Исток, како и на сопствените обичаи кои ги одликуваат полските традиции.

Уметност[уреди | уреди извор]

Музика[уреди | уреди извор]

Паркот Кралски бањи - Палата на вода
Рудник за сол Виличка“

Најчесто споменуваните полски композитори на класична музика се [1] : Фредерик Шопен, Карол Шимановски, Кшиштоф Пендерецки, Збигњев Прајснер, Војчех Килар , Игнаси Јан Падеревски, Хенрик Виенијавски, Кржиштоф В. Лутославски .

Литература[уреди | уреди извор]

Почетоците на полската литература во средниот век[уреди | уреди извор]

Средновековната литература во Полска била под влијание на западните земји и христијанството . Во првиот период од нејзиниот развој (до крајот на XII век), литературата се развивала само на латински и најчесто била анонимна. Прозата се состоела од хагиографски дела (на пр. Житието на св. Војчех Брунон од Кверфурт ), епистолографски, молитвени и историографски дела ( Kronika Galla Anonima, Chronica Polonorum Kadłubka ). Поезијата беше повремена, панегирична, литургиска и жалобна. Во вториот период (XII-XIV век) во литературата се развиле проповедите. Се појавиле и првите дела на народен јазик ( Псалтир Флоријањски, Богуроџица ), кој се користел и во усните преданија. Полскиот јазик еднакви права стекнал дури во третиот период (XIV-XVI век), кога настанале делата како т.н. Плач на светиот крст и медитација во Пршемишл. Беа направени и полски преводи на Библијата [2] .

Ренесанса[уреди | уреди извор]

Првично, ренесансната литература во Полска била создадена на латински, од старана странски автори ( Филип Калимах, Конрад Селтис ) но и Полјаците ( Миколај Хусовчик, Анджеј Кжицки ). Книжевните дела напишани на полски се појавуваат сè почесто од околу 1543 година, кога писателите како Миколај Реј, Анджеј Фрич Модржевски и Станислав Хозјуш почнале да добиваат поголемо признание. Граѓанската литература исто така била популарна во овој период. Врвот на развојот на ренесансната литература примаѓал на периодот помеќу 1565-1590 година. Најважни писатели во тоа време биле: Лукаш Горницки, А.П. Нидецки и Јан Кочановски . Последниот, создавајќи песни, епиграми и трагедии, станал татко на полскиот литературен јазик. Од 1590 година до почетокот на XVII век, во полската литература се наѕирал крајот на ренесансата [3] .

Барок[уреди | уреди извор]

Полската барокна литература (XVII век) се состои од неколку трендови, на пр. религиозен тренд, кој се развива под влијание на контрареформацијата ( елегии, амблеми, проповеди, песни, хагиографски дела, парафрази на библиски книги, индивидуални и медитативни текстови, на пр. Sęp Szarzyński ). Вториот тек на барокната литература беше дело на Језуитите (главно латински - епиграми, оди, песни, но и преводи, на пр. Библијата на Јакуб Вуек ). Во рамките на овој тренд биле напишани и религиозни и политички трактати ( Жалбата ), молитвеници и драматуршки текстови за училиштата. Сарматската креативност била уште еден тренд (традиционалните форми кои се однесуваат на средниот век, развојот на аристократијата и витешката поезија, посебно популарни биле домашните хроники и дневници). Поезијата изрази чувство за минливоста на љубовта и среќата ( Roxolanki Zimorowica ). Биле созадените и првата еротика ( Ј.А. Морстин ). Во литературата на барокотсе појавува и хуморот (најчесто анонимни) опус, во кој доминираат пародија, сатира и гротеска [4].

Просветителство[уреди | уреди извор]

Епохата на просветителството во Полска започнала во првата половина на XVIII век и била поврзана со кризата на благородничката демократија и заканата за независното постоење на државата, па оттука и голем дел од полската литература од тој период се занимавала со граѓанските и политичките прашања. Познати автори во тој период биле Игнаси Красицки и Адам Нарушевич. Овие писатели (како и Францишек Бохомолец, Јулијан Урсин Ниемчевич и Францишек Заблоцки ) биле поврзани со класицизмот, повикувајќи се на античките дела. Ова движење во тој период представува официјален книжевен правец во Полска, кој исто така бил поддржан и од кралот . Паралелно со овој правец се појавува и сентиментализмот, пропагиран од аристократијата на Чарториски во Пулави . Познати автори на овој правец биле Францишек Карпињски и Францишек Дионизи Книазенин. Најпопуларните жанрови на оваа епоха биле: ода, идила, басна и сатирата. Создавани биле и херојски поеми како и првите полски романи [5] .

Романтизам[уреди | уреди извор]

Насловна страница на Пан Тадеуш, 1834 година

Моментот на губењето на независноста во 1795 година имал значително влијание врз полската литература, кој повеќе имал за задача на одржување на националната свест. Под влијание на германскиот и англискиот романтизам, бил формиран и развиван полскиот романтизам, кој првично се судира со класицизмот и постстаниславскиот сентиментализам, а потоа доминира до 1863 година. По периодот на поделбата биле колекционирани приказни, легенди и народни песни ( Оскар Колберг ). Литературата претрпува промени со падот на Ноемвриското востание: книжевноста од тој момент била поделена на домашна литература ( историски романи на Крашевски, приказни за благородништвото на Ржевуски, комедии за манири на Фредро ) и литература на дијаспората, каде што се појавуваат важни дела за полската литература: Џиади и Пан Тадеуш од Мицкевич, Кордијан на Словацки, Не-божествена комедија на Красињски . Настапил брз развој на лирската поезија, вклучувајќи ја и мистичната поезија, кога се појавуваат жанрови како романтична драма, дигресивна поема и ред други. Сите подоцнежни книжевни епохи се однесуваат на дела создадени во овој период [6][7]

Позитивизам[уреди | уреди извор]

Падот на јануарското востание во 1864 година обично се смета [8] како почеток на позитивизмот во Полска. Политичката ситуација во земјата, безнадежноста за враќање на независноста со помош на вооружен отпор и интересот за научните откритија ја променија улогата на полската литература од тој период. Таа требала да биде првенствено корисена и да одговори на актуелните настани и општествени проблеми. Важноста на поезијата се намалила (иако сè уште има автпри кои пишуваат, на пр Марија Конопничка, Адам Асник ), а најценетиот литературен жанр бил реалистичниот роман (на пр. Meir Ezofowicz и On the Niemnem на Елиза Ожешкова и The Doll на Болеслав Прус ). Напишани биле и бројни раскази ( Конопничка, Сиенкиевич, Прус), како и историски романи, како што се: „Фараон“ на Прус или „Со оган и меч“, „ Потоп“, „Господин Володијовски “, „Крстоносци “, „Кво Вадис“ од Хенрик Сиенкевич [9] .

XX век[уреди | уреди извор]

Полска има четворица добитници на Нобеловата награда за литература во XX век: Хенрик Сиенкиевич, Владислав Рејмонт, Чеслав Милош и Вислава Шимборска . Други важни писатели од овој период се: Станислав Игнаси Виткиевич, Бруно Шулц и Витолд Гомбрович, кои се вбројуваат меѓу авангардата. Креаторот на научната фантастика Станислав Лем, кој во своите дела предвидел огромен број научни откритија кои подоцна станале факти: биотехнологијата, Интернетот како и виртуелната реалност. Патешетвеникот Ришард Капушчински, чии репортажи ги покажуваат другите култури и нации биле надалеку ценети и преведени на други јазици. Понатаму како значајни писатели се појавуваат : Збигњев Херберт, Славомир Мрожек, Јарослав Ивашкевич, Леополд Тирманд, Стефан Чвин, Јержи Прокопиук , Роберт Стилер , Анджеј Валигорски , Марија Павликовска - Јаснорзевска, Тадеуш Бои- Зиелински, Тадеуш Ружевич, Јузев Мачкиевич, Андржеј Бобковски, Зофиа Налковска, Кржиштов Камил Бачински, Станислав Барањчак, Адам Загајевски, Tадеуш Конвицки, Стефан Виехецки, Андржеј Стасјук и Јержи Сосновски.

Филм[уреди | уреди извор]

Театар[уреди | уреди извор]

Филозофија[уреди | уреди извор]

Првиот познат полски филозоф бил Вителон, меѓутоа, вистинскиот развој на полската филозофија е поврзан со основањето на Краковската академија - која како и другите централноевропски универзитети.Најпознатите полски средновековни филозофи се занимавале првенствено со практичната филозофија, особено со социјална и политичко-религиозна мисла поврзана со концилијаризмот. Главен застапник бил Матеуш од Краков како и други клучни претставници на ова движење: Павел Влодкович, Јан з Луџиска и Јан Остророг. Врз основа на шпекулативната филозофија, која претпоставува постоење на натприроден творец, се создаваат сите главни филозофски правци на доцната схоластика, односно томизмот, албертизмот и скотизмот, а најважни претставници: Јан од Глогов, Јакуб од Гостинин, Јан од Стобница ) и номинализмот претставници: Јан од Парадиж, Бенедикт од Хесен ).

Спорт[уреди | уреди извор]

Најпопуларниот спорт во Полска е фудбалот . На 18 април 2007 година, претседателот на УЕФА Мишел Платини објави дека Европското фудбалско првенство 2012 ќе се одржи во Полска и Украина . Полските градови домаќини на натпреварите на овој настан биле Варшава, Познан, Гдањск и Вроцлав . Спидвеј е исто така многу популарна дисциплина, Томаш Голоб, Јарослав Хампел, Јануш Колоџиј и Вислав Јагуш се успешни и на меѓународната сцена. Најуспешните клубови за спидвеј во Полска се Унија Лесно, Стал Горзов, РКМ Рибник, Полонија Бидгошч . Одбојката е исто така реномиран спорт, по освојувањето на Европското првенство во 2003 и 2005 година од страна на женската репрезентација и светските првенства во 2014 и 2018 година и европското првенство во 2009 година на машката репрезентација. Неодамна, скијачките скокови добија на значење благодарение на успесите на Адам Малиш и Камил Штох. Формула 1 благодарение на Роберт Кубица, ракометот поради успесите на полската репрезентација на две последователни светски првенства во 2007 и 2009 година. Како и пливањето благодарение на успесите наОтилија Једжејчак или за женското скијачко трчање, главно поради Јустина Ковалчик .

Обичаи и традиции[уреди | уреди извор]

Кујна[уреди | уреди извор]

Пиероги

Историските промени влијаеле на развојот на специфичните одлики на полската кујна. Низ историјата, полската кујна претрпела регионални влијанија и промени, особено затоа што територијата на Република Полска историски била населена со променлив мозаик на народи. Како резултат на тоа, силно влијаније има од источната, руска кујна (татарско-турска, претходно монголска) но секако германската, француската, италијанската и еврејската кујна имаат удел во создавањето на вкусовите.

Најпопуларните полски јадења (сите се популарни и во соседните земји) вклучуваат: пиероги, голомбки (сарма), бигос (подварок), супи (капушника, крупник, црвен боршч, бел боршч (кисела супа), специјалитети од зелка и компири, леб (ржан и пченичен леб), колачи, зеленчук, овошје (јаболка, круши, разни бобинки, рибизли), бело сирење, како и сите видови месо (главно свинско, живина и говедско), различно приготвено и до помала мера морска и слатководна риба. Специфичен полски десерт е фаворки, а популарни се и други колачи, вклучувајќи бабки, медењаци или крофни .

Меѓу алкохолните пијалоци, вотката направена од житарки и компири ја засенила, претходно популарната медовина . Пивото во Полска е традиционален и вообичаен пијалок, додека виното поретко се конзумира.

Популарен пијалок е чајот (обично црн) кој до неодамна се пиел главно во чаши, често со парче лимон и засладен со шеќер. Чајот во Полска пристигнува од Англија веднаш по неговото појавување во Западна Европа (воглавно холандските трговци). Меѓутоа, неговото ширење им се припишува на руските окупатори во XIX век. Во тоа време, самоварите од Русија се популарни, каде што чајот се појавил како подарок од Кина на царскиот двор, околу 50 години пред неговото ширење во Холандија. Кафето е исто така популарно, кое во Полска почнува да се пие во XVII век, дури и помеѓу пониските општествени слоеви, како што се занаетчиите или богатите селани [10] .

Фусноти[уреди | уреди извор]

  1. „Lista polskich kompozytorów najczęściej wymienianych w internecie“ (англиски).
  2. Słownik literatury staropolskiej: średniowiecze, renesans, barok. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich. 2002. стр. 954–957. ISBN 83-04-04621-0.
  3. Słownik literatury staropolskiej: średniowiecze, renesans, barok. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich. 2002. стр. 800–810. ISBN 83-04-04621-0.
  4. Słownik literatury staropolskiej: średniowiecze, renesans, barok. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich. 2002. стр. 95–99. ISBN 83-04-04621-0.
  5. Słownik literatury polskiego oświecenia. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich. 2002. стр. rozdział= Janusz Maciejewski Oświecenie. ISBN 83-04-04620-2.
  6. Literatura romantyzmu. Warszawa: PWN. стр. 5–23. ISBN 83-01-05357-7.
  7. Słownik terminów literackich. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich. 1998. стр. 482–483. ISBN 83-04-04417-X.
  8. Literatura pozytywizmu. Warszawa: Wydawnictwo Naukowe PWN. 2000. стр. 5. ISBN 83-01-12277-3.
  9. Pozytywizm. Warszawa: Wydawnictwo Naukowe PWN. 2004. ISBN 83-01-13849-1.
  10. Opis obyczajów. Wrocław: Zakład Narodowy im. Ossolińskich. стр. 453–456.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Larousse Gastronomique (англиски). Paris / Nowy Jork: Clarkson Potter / Larousse. 2001 (oryg. wydanie 1938). OCLC 46872358. ISBN 0609609718, ISBN 978-0-609-60971-2. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • Encyklopedia kultury polskiej XX wieku. Tom 1, red. A. Kłoskowska, Wrocław 1991. Tom 2 red. J. Bartmiński, Wrocław 1993.
  • Joanna Knaflewska, Wiesław Kot: Księga kultury polskiej: kultura i nauka, literatura: ilustrowana encyklopedia tematyczna, Wyd. Publicat, 2007.