Наваса

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Остров Наваса)
Сателитска снимка на островот

Островот Наваса (англиски: Navassa Island, француски: La Navase) е мало, ненаселено островче во Карипското Море. Островот е суверен дел на САД. Владата на САД над нив полага суверенитет, а со островот управува Службата за рибарство и дивеч на САД (U.S. Fish and Wildlife Service). Од другата стране, калифорнискиот стопанственик Бил Ворен (Bill Warren), повикувајќи се на законот на островот Гвано, поднел службена желба да му се признае сопственост над острвот, иако права на островот полага и Хаити.

Островот има површина од 5,2 км2 и се наоѓа околу 160 км јужно од боената база на САД Гвантанамо на локација 18°24′0″N, 75°0′30″W .