Драма (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Драмски округ)
Драма
Περιφερειακή ενότητα Δράμας
Округ
Општини во округот Драма
Општини во округот Драма
Драма во Грција
Драма во Грција
Координати: 41°15′N 24°10′E / 41.250° СГШ; 24.167° ИГД / 41.250; 24.167Координати: 41°15′N 24°10′E / 41.250° СГШ; 24.167° ИГД / 41.250; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
Админ. центарДрама
Површина
 • Вкупна3.468 км2 (1,339 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно86.621
 • Густина25/км2 (65/ми2)
Поштен. бр.66x xx
Повик. бр.252x0
ISO 3166GR-52
Рег. таб.ΡΜ
Мреж. местоpedramas.eu

Драма (грчки: Περιφερειακή ενότητα Δράμας) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Источна Македонија и Тракија во Грција. Административен центар е градот Драма. Подрачјето на округот се приближно совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Драмско“. Ова е најсеверниот округ во Егејска Македонија и еден од двата најисточни (другиот е Кавала). На север се граничи со Пиринска Македонија и Смољанската област во Бугарија. Таа граница ја образуваат Родопите.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот е прилично планински. Во него се наоѓа дел од Славјанка (Алиботуш или Орвилос) на северозапад, Сминица (Меникио) во западниот дел и Боздаг (Фалакро) во североисточниот. Реката Места (Нестос) го сече округот од север кон исток. Во северниот дел кон Смољанската област е сместена шумата Карадере (Елатија), каде преовладува обичната смрча (Picea abies), белиот бор (Pinus sylvestris), црниот бор (Pinus nigra) и балканската бука (Fagus moesiaca). Шумарството во овој крај е мошне развиено, претежно за добивање на дрвена граѓа. Типични живот ни за Карадере се кафеавата мечка (Ursus arctos), големиот тетреб (Tetrao urogallus) и лештарката (Bonasa bonasia)[1].

Административно, округот Драма се граничи со окрузите Скеча (Ксанти) на исток, Кавала на југ, Сер на југозапад и запад и Пиринска Македонија (Благоевградска област) и Смољанската област во Бугарија на север. Јужните и западните делови на округот се претежно прекриени со земјоделска површина.

Општини[уреди | уреди извор]

Округот Драма се дели на 5 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 28 населени места и сочинуваат околу 16% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 16.000 Македонци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Разработка на трансграничен природен парк в Родопите“. Архивирано од изворникот на 2007-06-25. Посетено на 2014-07-04.
  2. Законска реформа „Каликратис“ PDF

Надворешни врски[уреди | уреди извор]