Подино

Координати: 41°13′05″N 21°20′34″E / 41.21806° СГШ; 21.34278° ИГД / 41.21806; 21.34278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Подино

Куќи во селото Подино

Подино во рамките на Македонија
Подино
Местоположба на Подино во Македонија
Подино на карта

Карта

Координати 41°13′05″N 21°20′34″E / 41.21806° СГШ; 21.34278° ИГД / 41.21806; 21.34278
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 24 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02093
Надм. вис. 680 м
Слава Рождество на Пресвета Богородица
Подино на општинската карта

Атарот на Подино во рамките на општината
Подино на Ризницата

Подино — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од неговата местоположба, бидејќи се простира во подножјето на планината Орлак.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа речиси во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско-ридско, на надморска височина од 680 метри.[3]

Селото е потпланинско, сместено во подножјето на планината Древеник, сместени помеѓу селата Ивањевци на југоисток и Свето Тодори на северозапад.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Коритов Камен, Липа, Јачмениште, Гладно Поле, Глогче, Асанкалица, Мутавџица, Рувчеица, Забел и Бели Камења.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на две маала, Горно и Долно. Во маалата се групирани родовските куќи.[4]

Подино е оддалечено 18 километри од општинското средиште Могила и 25 километри од градот Битола.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според мештаните, но и според историските извори, некогаш постоеле две села: Горно и Долно Подино. Од страна на мештаните, положбата над денешното село ја нарекуваат Старо Подино.[2]

Првпат овие две села биле споменати во периодот 1650-1750 година.[4]

Старини пронајдени на положбата на денешното село укажуваат дека некогаш тука постоело старо село. На месноста Забел се верува дека постоел манастир и стара црква, кои подоцна биле уништени заедно со тоа старо село. Еден мермерен камен од таа месност сега се наоѓа кај селската чешма.[4]

Денешното Подино е младо село. Било основано од македонски доселеници од раселеното планинско село Старо Подино. Основачи на селото биле Бошевци и Секуловци. Потоа дошле и родови од други села.[4]

Во XIX век, Горно и Долно Подино биле села во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопански објект во селото

Атарот зафаќа простор од 6,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 341 хектар, на пасиштата отпаѓаат 130 хектари, а на шумите 115 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948158—    
1953172+8.9%
1961194+12.8%
1971172−11.3%
1981134−22.1%
ГодинаНас.±%
199176−43.3%
199467−11.8%
200251−23.9%
202124−52.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подино живееле 115 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подино имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Селото е мало и е населено со македонско население. Така, во 1961 година имало 194, а во 1994 година 67 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Подино живееле 51 жител, од кои 48 Македонци и 3 Роми.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 115 96 158 172 194 172 134 76 67 51 24
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Подино е македонско село.[4]

Родови во Подино се: Бошевци (5 к.), Котевци (2 к.) и Секуловци (9 к.), староседелци, кои живееле во Старо Подино. Од родот Секуловци потекнува познатиот револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во Секуловци се знае следното родословие: Илија (жив во 1950-тите на 60 години) Петре-Секуле, од Старо Подино се доселиле Секуле или неговиот татко; Коруновци (5 к.) од Пашино Рувци се населиле најпрво во Бучин, па од таму во Подино; Мицаковци (1 куќа) доселени се 1916 година од селото Пашино Рувци; Штрковци (3 к.), доселени се од селото Вирово, Железник во 1923 година, најпрво во Свето Тодори, па во Подино.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Подино, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Свето Тодори, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0184 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: Секојо (3 к.), живеат во селото Горно Оризари; Равановци (1 к.), живеат во Долно Оризари; Сугаревци (1 к.), живеат во Ивањевци; Пановци (2 к.), живеат во Свето Тодори. Целосно иселени родови се Шишковци, Трајчевци и Станчевци.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2019-09-07.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 238. Посетено на 7 септември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 септември 2019.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 7 септември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 7 септември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Посетено на 17 октомври 2021.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]