Смиловци: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°29′31″N 21°41′36″E / 41.49194° СГШ; 21.69333° ИГД / 41.49194; 21.69333
Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отповикани уредувањата на 89.205.120.26 (разговор), враќајќи на последната преработка на Brsjakovski
Ознака: Отповикување
Ред 19: Ред 19:
}}
}}


'''Смиловци''' — село во областа [[Клепа]], во [[Општина Чашка]], во околината на градот [[Велес]]. Кнеле је најак во Смиловци.
'''Смиловци''' — село во областа [[Клепа]], во [[Општина Чашка]], во околината на градот [[Велес]].


== Географија и местоположба ==
== Географија и местоположба ==

Преработка од 10:29, 23 април 2020

Смиловци

Новоизградени куќи во селото

Смиловци во рамките на Македонија
Смиловци
Местоположба на Смиловци во Македонија
Смиловци на карта

Карта

Координати 41°29′31″N 21°41′36″E / 41.49194° СГШ; 21.69333° ИГД / 41.49194; 21.69333
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Чашка
Област Клепа
Пошт. бр. 1414
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29069
Надм. вис. 410 м
Смиловци на општинската карта

Атарот на Смиловци во рамките на општината
Смиловци на Ризницата

Смиловци — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

Патоказ за селото Смиловци

Селото се наоѓа во областа Клепа, во југоисточниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, недалеку од поранешниот регионален пат Велес-Прилеп.[1] Селото е ридско, на надморска височина од 410 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 31 километар.[1]

Селото се наоѓа на планината Бабуна, во подножјето на Штрби Камен. Поставено е кон северозапад и опкружено е од сите страни со планини така што климата е невообичаено блага за околното поднебје.

Историja

Во XIX век, Смиловци било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 14,7 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.126 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 186 хектари.[1]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[1]

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смиловци имало 350 жители.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиловци имало 216 жители.[3]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување, населено со македонско население. Во 1961 година селото броело 190 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 19 жители.[1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Смиловци живееле 20 жители, сите Македонци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 216 168 184 190 85 36 24 19 20
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]


Родови

Смиловци е македонско село.

Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се

  • Треневци (3 к.), Цветковци (1 к.), Шкуртовци (4 к.) и Димковци (2 к.) наведените родови во селото се староседелски. Во родот Шкуртовци се знае следната генеологија Ангеле (жив на 65 год. во 1966/67година) Анте-Пане-Мане-Бошко-Ангелко, основачот на родот.
  • Деспотовци (3 к.), Северџиновци (2 к.) и Тошовци (2 к.) доселени се од соседното село Поменово.
  • Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Никодин кај Прилеп.
  • Јасеновци (1 к.) доселени се од сега раселеното село Јасеново.
  • Топузовци (1 к.) доселени се од селото Степанци.[9]



Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Извор.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Извор.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Смиловци, се наоѓале и селата Владиловци, Долно Врановци, Извор, Крњино, Мартолци, Поменово, Попадија, Стари Град и Степанци. Општината Извор постоела и во периодот 1950-1952 година.

Изборно место

Селото е опфатено во рамки на изборното место бр. 2244 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селски објект во селото Владиловци, во кое влегуваат и населените места Владиловци, Крнино, Поменово, Попадија и Степанци.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 49 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Археолошки локалитети[12]
Цркви

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 277. Посетено на 27 август 2018.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 158.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 118-119.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име попис.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован. Област Бабуне и Тополке. Скопје.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 27 август 2018.
  11. „Локални избори 2017“. Посетено на 27 август 2018.
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски