Плоштад „Гоце Делчев“ (Струмица): Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°26′19.5″N 22°38′13.8″E / 41.438750° СГШ; 22.637167° ИГД / 41.438750; 22.637167
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 44: Ред 44:
| completed_date =
| completed_date =
| opened_date =
| opened_date =
| inauguration_date = [[10 декември]] [[2010]]
| inauguration_date = 10 декември 2010
| renovation_date =
| renovation_date =
| demolition_date =
| demolition_date =
Ред 81: Ред 81:
| references =
| references =
}}
}}
'''Плоштадот „Гоце Делчев“''' e главниот [[плоштад]] во градот Струмица, југоисточна [[Македонија]] и еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 [[квадратни метри]]. Плоштадот бил реконструиран во 2010 година и тогаш добива речиси целосен нов изглед. Главната знаменитост е [[Споменик Гоце Делчев (Струмица)|споменикот „Гоце Делчев“]], поставен во 1970-тите години, по кој и го добива името. Освен главниот отворен простор, плоштадот има и подземен дел со сообраќајница и паркинг за возила. Денес се користи за различни манифестации и настани, меѓу кои секоја година на него се одржуваат и [[Струмички карневал|Струмичкиот карневал]] и Струмица Опен Фестивал.
'''Плоштадот „Гоце Делчев“''' e главниот [[плоштад]] во градот Струмица, југоисточна [[Македонија]] и еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 [[квадратни метри]]. Плоштадот бил реконструиран во 2010 година и тогаш добива речиси целосен нов изглед. Главната знаменитост е [[Споменик Гоце Делчев (Струмица)|споменикот „Гоце Делчев“]], поставен во 1970-тите години, по кој и го добива името. Освен главниот отворен простор, плоштадот има и подземен дел со сообраќајница и паркинг за возила. Денес се користи за различни манифестации и настани, меѓу кои секоја година на него се одржуваат [[Струмички карневал|Струмичкиот карневал]] и Струмица Опен Фестивал.


== Историја ==
== Историја ==
Ред 90: Ред 90:


=== Реконструкција ===
=== Реконструкција ===
Во 2010 година плоштадот бил реконструиран. Зафатот речиси целосно го променил изгледот на плоштадот. Тој бил поделен на две нивоа од кои првото е подземна сообраќајница со паркинг простор која го решила сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.
Во 2010 година плоштадот бил реконструиран. Зафатот речиси целосно го променил изгледот на плоштадот. Тогаш истиот бил поделен на две нивоа од кои првото е подземна сообраќајница со паркинг простор која го решила сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.


Надземниот дел од плоштадот бил поплочен со [[гранит]] и добил неколку знаменитости. [[Споменик Гоце Делчев (Струмица)|Споменикот „Гоце Делчев“]] бил задржан, но биле направени промени така што подлогата добила нов изглед и двете платна со фигури на комити биле додадени на левата и десната страна од подлогата. Зад споменикот било изградено плато на кои се поставени две фонтани. Плоштадот исто така добил [[Саат кула (Струмица)|Саат-кула]] со три часовници и бронзена фигура „[[Струмичанка под маска (споменик)|Струмичанка под маска]]“ како симбол за [[Струмички карневал|Струмичкиот карневал]].
Надземниот дел од плоштадот бил поплочен со [[гранит]] и добил неколку знаменитости. [[Споменик Гоце Делчев (Струмица)|Споменикот „Гоце Делчев“]] бил задржан, но биле направени промени така што подлогата добила нов изглед и двете платна со фигури на комити биле додадени на левата и десната страна од подлогата. Зад споменикот било изградено плато на кои се поставени две фонтани. Плоштадот исто така добил [[Саат кула (Струмица)|Саат-кула]] со три часовници и бронзена фигура „[[Струмичанка под маска (споменик)|Струмичанка под маска]]“ како симбол за Струмичкиот карневал.


На центарот од отворениот простор на плоштадот била поставена и бакарна ѕвезда во чест на македонскиот фудбалер [[Горан Пандев]], роден во Струмица, кој истата 2010 година ги освоил титулите од [[Лига на шампиони во фудбал|Лигата на шампионите]] и [[Светско клупско првенство во фудбал|Светското клупско првенство]] во дресот на [[ФК Интер]].<ref>{{нмс|title=Од обичен до европски изглед - плоштад „Гоце Делчев“|url=http://www.strumicacity.com/2012/10/25/%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4/|work=www.strumicacity.com|date=25 октомври 2012|accessdate=2 јануари 2019}}</ref> Ѕвездата била откорната и украдена во ноември 2018 година од непознати сторители.<ref>{{нмс|title=Откорната и украдена ѕвездата на Горан пандев од струмичкиот плоштад|url=https://sdk.mk/index.php/sportski-prikazni/otkornata-i-ukradena-zvezdata-na-goran-pandev-od-strumichkiot-ploshtad/|work=www.strumicacity.com|date=1 ноември 2018|accessdate=2 јануари 2019}}</ref>
На центарот од отворениот простор на плоштадот била поставена и бакарна ѕвезда во чест на македонскиот фудбалер [[Горан Пандев]], роден во Струмица, кој истата 2010 година ги освоил титулите од [[Лига на шампиони во фудбал|Лигата на шампионите]] и [[Светско клупско првенство во фудбал|Светското клупско првенство]] во дресот на [[ФК Интер]].<ref>{{нмс|title=Од обичен до европски изглед - плоштад „Гоце Делчев“|url=http://www.strumicacity.com/2012/10/25/%D0%BE%D0%B4-%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4-%D0%BF%D0%BB%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B4/|work=www.strumicacity.com|date=25 октомври 2012|accessdate=2 јануари 2019}}</ref> Ѕвездата била откорната и украдена во ноември 2018 година од непознати сторители.<ref>{{нмс|title=Откорната и украдена ѕвездата на Горан пандев од струмичкиот плоштад|url=https://sdk.mk/index.php/sportski-prikazni/otkornata-i-ukradena-zvezdata-na-goran-pandev-od-strumichkiot-ploshtad/|work=www.strumicacity.com|date=1 ноември 2018|accessdate=2 јануари 2019}}</ref>

Преработка од 06:27, 14 декември 2019

Плоштад „Гоце Делчев“
Панорама на горниот дел со поглед кон платото и споменикот „Гоце Делчев“ (десно)
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Струмица" does not exist
Општи податоци
ГрадСтрумица
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°26′19.5″N 22°38′13.8″E / 41.438750° СГШ; 22.637167° ИГД / 41.438750; 22.637167
Надм. височина256 м
Пуштена во употреба10 декември 2010
Трошок за обнова~ 3.5 милиони евра
СопственикОпштина Струмица
Технички податоци
Катови2
Подна површина23.485 м²

Плоштадот „Гоце Делчев“ e главниот плоштад во градот Струмица, југоисточна Македонија и еден од најголемите во државата со вкупна површина од 23.485 квадратни метри. Плоштадот бил реконструиран во 2010 година и тогаш добива речиси целосен нов изглед. Главната знаменитост е споменикот „Гоце Делчев“, поставен во 1970-тите години, по кој и го добива името. Освен главниот отворен простор, плоштадот има и подземен дел со сообраќајница и паркинг за возила. Денес се користи за различни манифестации и настани, меѓу кои секоја година на него се одржуваат Струмичкиот карневал и Струмица Опен Фестивал.

Историја

Споменикот „Гоце Делчев“ пред реконструкцијата

Во минатото дел од просторот на денешниот плоштад се користел како градски пазар, а подоцна овде била сместена и автобуската станица. Со проширувањето на Струмица во 1970-тите години, неколку куќи и објекти со неокласичен стил биле разрушени и според новиот урбанистички план плоштината на плоштадот била зголемена.

По повод 100-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на плоштадот бил поставен негов споменик. Реализацијата започнала во 1973 година. Составен е од статуа на Делчев на подлога со негов цитат: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ и две платна со 16 фигури на комити. Споменикот бил завршен во 1976 година.[1]

Реконструкција

Во 2010 година плоштадот бил реконструиран. Зафатот речиси целосно го променил изгледот на плоштадот. Тогаш истиот бил поделен на две нивоа од кои првото е подземна сообраќајница со паркинг простор која го решила сообраќајниот метеж, додека второто ниво е надземен дел со широк отворен простор за пешаци.

Надземниот дел од плоштадот бил поплочен со гранит и добил неколку знаменитости. Споменикот „Гоце Делчев“ бил задржан, но биле направени промени така што подлогата добила нов изглед и двете платна со фигури на комити биле додадени на левата и десната страна од подлогата. Зад споменикот било изградено плато на кои се поставени две фонтани. Плоштадот исто така добил Саат-кула со три часовници и бронзена фигура „Струмичанка под маска“ како симбол за Струмичкиот карневал.

На центарот од отворениот простор на плоштадот била поставена и бакарна ѕвезда во чест на македонскиот фудбалер Горан Пандев, роден во Струмица, кој истата 2010 година ги освоил титулите од Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во дресот на ФК Интер.[2] Ѕвездата била откорната и украдена во ноември 2018 година од непознати сторители.[3]

За реконстукцијата биле потрошени околу 3.5 милиони евра, обезбедени од Општина Струмица. За лиењето со бронза на споменикот „Струмичанка под маска“ средствата ги дала Меѓународната ликовна колонија. Саат кулата е донација од компанијата Адора инженеринг. Плоштадот официјално бил отворен на 10 декември 2010 година, ден пред патрониот празник на Струмица.[4]

Знаменитости

Транспорт

Сообраќајната раскрсница во подземното ниво на плоштадот

Подземниот дел на плоштадот е составен од сообраќајница во „Т“ форма и паркинг простор. Во сообраќајницата минуваат улицата „Моша Пијаде“ и регионалниот пат R2432, кој започнува од раскрсницата меѓу главниот булевар „Маршал Тито“ и „Ленинова“ и води до Вељуса. Подземниот паркинг има капацитет за 80-тина возила и е опремен со заштитни рампи, пешачки влезови, сообраќајна сигнализација и јавен градски тоалет. Овој дел од плоштадот е дел од реконструкцијата во 2010 година.[5]

Наводи

  1. „Споменик „Гоце Делчев". Општина Струмица. Посетено на 26 декември 2018.
  2. „Од обичен до европски изглед - плоштад „Гоце Делчев". www.strumicacity.com. 25 октомври 2012. Посетено на 2 јануари 2019.
  3. „Откорната и украдена ѕвездата на Горан пандев од струмичкиот плоштад“. www.strumicacity.com. 1 ноември 2018. Посетено на 2 јануари 2019.
  4. „„Жикол" ќе го гради новиот градски плоштад во Струмица“. Идивиди. 24 март 2010. Посетено на 27 декември 2018.
  5. „Пуштен во употреба новиот градски плоштад „Гоце Делчев". Општина Струмица. 14 декември 2010. Посетено на 30 декември 2018.

Надворешни врски