Саат-кулата во Струмица се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“ и е изградена како дел од неговата реконструкција во 2010 година. Кулата е висока 18 метри и има форма на рамностран триаголник. Таа има три часовници, сите со димензии од 2 метри. Часовниците поседуваат GPS-навигација која е поставена за прикажување на точното време. Како дел од кулата бил планиран и мал водопад.[1] Кулата е донација од компанијата Адора инженеринг.[2] Покрај кулата стојат јарболи со знамињата на Општина Струмица, НАТО, Европската Унија и нејзините земји-членки.