Мородвис: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 82: Ред 82:
* Влашки родови: Ванчовци (1 к.) и Паризовци (1 к.) овде живеат од околу 1900 година, пред тоа биле номадски сточари. Сега се занимаваат со земјоделие и секоја куќа чува по 30 овци. Некои влашки родови се преселиле во [[Дорфулија]], [[Овче Поле]].
* Влашки родови: Ванчовци (1 к.) и Паризовци (1 к.) овде живеат од околу 1900 година, пред тоа биле номадски сточари. Сега се занимаваат со земјоделие и секоја куќа чува по 30 овци. Некои влашки родови се преселиле во [[Дорфулија]], [[Овче Поле]].
* Бугарски родови: Анѓеловци (2 к.), Доневци (2 к.) и Ане (1 к.) доселени се од околината на [[Босилеград]]. Првиот род таму живеел во селото [[Караманица]].<ref>{{Наведена книга|title=Кочанска Котлина|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=МАНУ|year=1970|isbn=|location=Скопје|pages=121-122-123-124}}</ref>
* Бугарски родови: Анѓеловци (2 к.), Доневци (2 к.) и Ане (1 к.) доселени се од околината на [[Босилеград]]. Првиот род таму живеел во селото [[Караманица]].<ref>{{Наведена книга|title=Кочанска Котлина|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=МАНУ|year=1970|isbn=|location=Скопје|pages=121-122-123-124}}</ref>

==Администрација и Политика==

Во селото постои изборното место бр. 0891 според [[Државна изборна комисија на Македонија|Државната изборна комисија]].које сместено во објектот на основното училиште с.мородвис

На [[Македонски претседателски избори (2019)|претседателските избори во 2019 година]], на ова изборно место биле запишани вкупно 416 гласачи.


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

Преработка од 16:39, 8 август 2019

Мородвис
Мородвис во рамките на Македонија
Мородвис
Местоположба на Мородвис во Македонија
Мородвис на карта

Карта

Координати 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417° СГШ; 22.44417° ИГД / 41.85417; 22.44417
Регион Кочанско Поле
Општина  Зрновци
Пошт. бр. 2305
Шифра на КО 13023
Надм. вис. 482 м. м
Мородвис на општинската карта

Атарот на Мородвис во рамките на општината
Мородвис на Ризницата

Мородвиссело во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

Мородвис се наоѓа во источниот дел на Македонија, на 10 километри јужно од Кочани, сместено во Кочанската Котлина, поточно во подножјето на Плачковица, широко отворенo кон реката Брегалница и Кочанското Поле. Атарот на селото изнесува 14.521.860 м2. Низ селото тече Морошка река.

Историја

Животот во Кочанската Котлина постоел многу одамна. Постоеле помали и поголеми населеби, меѓу кои Запара, Келенидиј и Армонија, за кои се претпоставува дека егзистрале на овие простори. Најстара населба што ја среќаваме во историските записи, а која постои и денес е населбата Мородвис. На местото каде денес се наоѓа Мородвис, порано постоело Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис, Моробиздон - различни форми на записи за една иста населба.

Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По смртта на Иван Владислав, градот Мороздвизд доброволно се предал на Василиј II кога овој бил во Мосинопол. Ова го пишува во "Кратката историја" (811-1079) од византискиот историчар Јован Скилица каде што се вели: "а таму (во Мосинопол - К. С.) дошле пратеници на населението од Пелагонија, Мороздвизд и Липљан, кои на царот (Василиј II - К. С.) му ги предале градовите". Ова е првиот извор во кој се споменува градот Мороздвизд, 16526г - (1018) година.

По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар, во хрисовулот на Василиј II даден на Охридскиот архиепископ. Во хрисовулот се вели :"... и епископот на Мороздвизд да има во самиот Мороздвизд и во Козјак, Славиште, Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево, 15 клирици и 15 парици." Co оваа грамота Василиј II ја прифатил постоечката црковна административна поделба, со тоа не го уништил значењето на населбата Мороздвизд.

Во почетокот на 12. век Малешево станал епископски центар на Брегалничката област (епископија). Иако од крајот на 11 век Мороздвизд го изгубил духовното знзчење, животот не замрел. Ова се гледа и од "Теографијата" на Арабјанецот Идризи, запишана кон средината на 12 век. Идризи за Мороздвизд (Форомиздос) вели: "Од Куритус, в десно го изоставаш патот за Ахрисубули (Орфано) и се спушташ на север за градот Фурумиздус (Мородвис), до кој има два дена пат. Последниот е масовен град, распространет на врвот на една височинка. Тој има лозја и непрекинато надоврзани обработливи полиња." Co археолошките ископувања во с. Мородвис, во питоси се најдени зрна грозје и повеќе сорти жита.

Во 60-те или 70-те години на 13. век епископски центар повторно станала населбата Мороздвизд. Тоа траело и во наредниот период, но потоа постепено опаѓало значењето. Српскиот крал Милутин (1282-1321) во првите години од своето владение освои повеќе територии од Македонија, меѓу кои и Брегалничката област. Во 1300 година во Грамотата дадена на скопскиот манастир "Св. Георги Горго", Милутин наведува дека манастирот поседува имот "Авазгово под Мороздвизд, што го придодаде госп. Маноил Царот, со лозја, со ниви, со ливади, со пасишта, со летници, и зимници и со воденици, со планината и со сите права."

Мороздвиздската епископија постоела и за време на српското владеење, но нејзината територија полека се смалувала и го губела значењето што го имала во Брегалничката област и пошироко. Тоа се гледа и од Грачаничката грамота на Милутин при крајот на неговото владеење од 1321 година. Од грамотата се гледа дека кралот Милутин го дарувал Грачаничкиот манастир со села и земја меѓу кои "И по Вранју и по Славиште и по... и по Злетово и Мороздвизд и по . . . и од области грчки крал господар сум и на кралевите на земјите Злетовски, Самоковски и Шуменски татковина и дедовина при Ибар Марица наречен, го зедов тоа и го дадов на владеење или на Липљанските или на Призренските епископии." Дел од Мороздвиздската епископија ја ставил под јуриздикција на Липљанската или Призренската црква.

Во 1341 година владетелот на источниот дел од Македонија Јован Оливар го изградил манастирот "Св. Архангел Михаил", во с. Лесново, a веќе наредната 1342 година го подарил на Хиландарскиот манастир. Co повелбата на Душан, дадена на Лесновскиот манастир "Св. Архангел Михаил" во 1347 година манастирот станал седиште на новосоздадената Злетовска епископија. Кон оваа епископија се спојува територијата на веќе запуштената Мороздвиздска епископија. Во повелбата е опишана границата на Мороздвизд што почнувала од Зрновштица и одела до Воихнино Селиште. Во Зрновштица се подарени две воденици, а половина од водата требало да му припадне на Мороздвизд. Меѓата на Мороздвизд спрема Зрновштица, почнувајќи од Зрновштичката Река, не можелада се утврди, бидејќи имотите на населението од Мороздвизд и Зрновштица била измешана.

Пред да потпадне Македонија под Османлиска власт, со територијата на Брегалничката област и пошироко управувале браќата Дејанови (Јован и Константин Драгаш), чија престолнина била во Велбужд, денешен Ќустендил. Во рамките на оваа држава влегла и веќе запустената населба Мороздвизд. Од овој период ја имаме грамотата на Константин Драгаш дадена во 1381 година на Хиландарскиот манастир според која "селото Мороздвизд заедно со заселците Роковци и Грдовци со сите меѓи и права на тоа село" се дава како имоти на манастирот.

Манастир „Св. Симеон Столпник“ - Мородвис

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мородвис живееле 320 жители, од кои 200 Турци, 90 Македонци и 30 Роми.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мородвис имало 80 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 1994, старосната структура на населението била: од 0-6 годишна возраст има 68, од 18-24 години има 46, а над 64 години има 65 лица.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, во селото имало 549 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 320[1] 80[2] 581 636 637 679 592 533 524 549

Родови

Мородвис е македонско село, а во минатото имало и Турци и Роми, а во селото од поново време има и доселено влашки родови како и Бугари од Босилеградско.

  • Македонски родови во селото се: Митевци (1 к.) единствен македонски род останат од турско време; останатите македонски родови доселени се во периодот од 1922 до 1928 година, и од 1954 до 1958 година, тоа се; Здравковци (4 к.), Арсовци (4 к.) и Пепелари (3 к.) доселени се од селото Полаки на Осогово; Цоневци (3 к.) и Василевци (3 к.) доселени се од селото Чурилак или Чеперник на Осогово; Божиновци (5 к.), Веселиновци (3 к.), Сребреновци (2 к.), Крстевци (2 к.), Темелковци (2 к.), Костадиновци (2 к.), Богатиновци (1 к.), Стојменовци (1 к.), Јовчевци (1 к.), Стојчевци (1 к.), Јосифовци (1 к.) и Пешо (1 к.) доселени се од селото Костин Дол на Осогово; Петрушевци (1 к.) доселени се од селото Лешки; Доне (1 к.), Мите (1 к.), Благој (1 к.), Саздо (1 к.), Јане (1 к.), Ефтим (1 к.) и Стојо (1 к.) доселени се од селото Пресека; Блаже (1 к.) доселени се од селото Пантелеј, таму имаат роднини доселени однекаде; Ѓоргијовци (2 к.) и Јован (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Станковци (3 к.), Спасовци (2 к.), Дојчиновци (2 к.), Величковци (1 к.) и Лековци (1 к.) доселени се од кривопаланечкото село Осиче; Илчевци (1 к.) и Захариевци (1 к.) доселени се од селото Саса, кај Македонска Каменица; Стојица (1 к.), Стојмен (1 к.) и Сребреновци (1 к.) доселени се од селото Небојани; Стојиловци (2 к.) и Даче (1 к.) доселени се од околината на Делчево, вториот род таму живеел во Тодоровци; Златковци (2 к.) доселени се од селото Вртешка, кај Радовиш, на Плачковица.
  • Турски родови: Шефик (1 к.) овде живеат уште од турско време; Маџири (3 к.) доселени се во 1978 година од околината на Ќустендил; Афузовци (1 к.) доселени се од селото Блатец; Нијази (1 к.) доселени се од селото Градец; Оризарци (1 к.) доселени се од селото Оризари.
  • Ромски родови: Стамбољанци (16 к.), Качуљари (3 к.) и Струмичани (3 к.) нивните жители кои се припадници на православната вероисповест меѓусебе зборуваат на ромски јазик. Доселени се од североисточна Србија во 19ти век, но од местото на старина не дошле директно тука туку се задржувале и на други место, тоа може да се забележи по родот Струмичани.
  • Влашки родови: Ванчовци (1 к.) и Паризовци (1 к.) овде живеат од околу 1900 година, пред тоа биле номадски сточари. Сега се занимаваат со земјоделие и секоја куќа чува по 30 овци. Некои влашки родови се преселиле во Дорфулија, Овче Поле.
  • Бугарски родови: Анѓеловци (2 к.), Доневци (2 к.) и Ане (1 к.) доселени се од околината на Босилеград. Првиот род таму живеел во селото Караманица.[6]

Администрација и Политика

Во селото постои изборното место бр. 0891 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на основното училиште с.мородвис

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 416 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Во селото Мородвис се наоѓа локалитетот Црквиште.

  • Црква „Св. Троица“ - главната селска црква, изградена и завршена во август 2014 година;[7]
  • Црква „Св. Симеон Столпник“ - главна манастирска црква, изградена и осветена е во 1968 година од тогашниот Митрополит Злетовско-струмички Наум, а во 2002 година црквата повторно е обновена;
  • Етно куќа, пуштена во употреба на 6 јули 2012 година.[8]
  • Дом на култура, реновиран пред 20 години.

Има остатоци од стари воденици и куќи од турско време.

Личности

Паднати борци во НОБ:[9]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 235
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  3. Попис на Република Македонија, 1994 г.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ. стр. 121-122–123-124.
  7. Заврши изградбата на црквата „Св. Тројца“ во село Мородвис
  8. „Освет на „Етно Куќа" во с. Мородвис – Општина Зрновци“. bregalnickaeparhija.org.mk. Посетено на 2019-05-24.
  9. „Откриен нов споменик на жртвите од НОБ во Мородвис“. m.makpress.mk. Посетено на 2019-06-18.

Поврзано

Надворешни врски