Орфан

Координати: 40°46.34′N 23°57.4′E / 40.77233° СГШ; 23.9567° ИГД / 40.77233; 23.9567
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Орфано)
Орфан
Ορφάνι
Улица во Орфан
Улица во Орфан
Орфан is located in Грција
Орфан
Орфан
Местоположба во областа
Орфан во рамките на Кушница (општина)
Орфан
Местоположба на Орфан во Општина Кушница и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°46.34′N 23°57.4′E / 40.77233° СГШ; 23.9567° ИГД / 40.77233; 23.9567
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаКушница
Општ. единицаОрфан
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно656
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Орфан или Орфано (грчки: Ορφάνι, Орфани) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на јужните падини а планината Кушница, недалеку од брегот на Струмскиот Залив, наречен и Орфански Залив по селото. Крај Орфан минува Орфанска Река која набгру се влева во заливот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во антиката и средновековието[уреди | уреди извор]

Веднаш источно од Орфан се наоѓаат урнатините на античкиот град Фагрис. Јужно од селото е средновековната Орфанска тврдина.

Во Османслиското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Орфан било мало турско село в Правищката каза. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Орфан живеел 20 Турци, и напишал за селото:

Орфан е речиси запустено турско село. До скоро во него беа останати само 4 турски куќи. Веројатно сега и тие ги нема.[2]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1918 г. Антон Страшимиров напишал:

Ова е Орфано: ние пак сме до брегот на Егејот. А четириаголникот со назабените и шарено бојадисани ѕидови се гробиштата на тукашната мала грчка колонија. Со земјиштето владееле турски бегови, но парите течеле и во грчки куќи: по целиот крај Орфано е познато како гнездо на ориенталното гниење на жените и мажите. Во нивната декадентост луѓето ја воспеваат смртта и многу си ги украсуваат гробиштата.[3]

Во 1920-тите турското население е иселено по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени понтиски Грци од Турција. Во 1928 г. е заведено се состоело од староседелци (од малата грчка колонија) и дојденци со вкупно 32 семејства од 119 жители.[4] ВО 1940 г. нивниот број се покачил на 476 жители. Следната 1941 г. бугарската окупациска власт попишала 512 жители.[5]

Во 1962 г. е изградена нова црква „Успение на пресв. Богородица“.

Месности во Општина Орфан преименувани со указ на 5 мај 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Тулумба[6] Τουλούμπα Гефирија Γεφύρια[7] месност Ј од Орфан[6]
Бурнали[6] Μπούρναλι Ипсома Ὕψωμα[7] возвишение (149,7 м), З од Орфан[6]
Бајрела[6] Μπαϊρέλα Лофискос Λοφίσκος[7] возвишение (159 м), С од Орфан[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 476 548 648 410 576 669 708 656
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Според податоци на Тодор Симовски од 1990-тите, околината на селото изобилува со маслинови насади од кои добиваат маслинки и масло. Се произведувало многу тутун, нешто пченица, а сточарството било слабо развиено.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X. На етнографската карта на К’нчов името на селото е обележано како Орфано.
  3. Страшимировъ, Антонъ (1918). Въ южните земи. София: Издава Благотворителния фондъ „Борис князь Търновски“ при щаба на Х п. Бѣломорска дивизия. стр. 184–185.
  4. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  5. 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). „Правишка околија“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 231-232.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  7. 7,0 7,1 7,2 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)