Кинали

Координати: 40°55′34″N 24°17′54″E / 40.92611° СГШ; 24.29833° ИГД / 40.92611; 24.29833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кинали
Село
Кинали is located in Грција
Кинали
Кинали
Координати: 40°55′34″N 24°17′54″E / 40.92611° СГШ; 24.29833° ИГД / 40.92611; 24.29833
ДржаваГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОпштинаКушница
Надм. вис.&1000000000000008800000088 м
Население (17 јули 2014)[1]
 • Вкупно1.472
ДемонимКиналец/ка

Кинали (грчки: Κοκκινόχωμα, Кокинохома)[2] - село во Грција, општина Кушница, област Источна Македонија и Тракија, односно Егејскиот дел на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Османлиската Империја[уреди | уреди извор]

Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографско-етнографски опис на Македонија“) пишува за Кинали:

Каналија, муслиманско село; има 1 џамија; жителите се помаци. Од градот е на 2 часа растојание.[3]


На крајот на XIX век, Васил К’нчов го определил Канали како село, во кое што меѓу муслиманското население има и 100 – 150 куќи помаци. Согласно статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 година Канали е мешано турско и помашко населба. Во него живеат 300 Македонци-муслимани и 300 Турци. Според грчката статистика, во 1913 година во Кинали (Κιναλή) живеле 577 луѓе.[4][5][6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во периоди 1912-1927 година селото е отселено. Владата на Грција извршувала репресии врз жителите на Правишко, избивајќи или прогонувајќи негрчкото население. Жителите на Кинали емигрирале во Турција. Во 1926 година името на селото е сменето од Кинали (Κίναλη) на Кокинохома (Κοκκινόχωμα). До 1928 година во Канали се населени 152 грчки семејства со 621 човек - бегалци од Турција.[7][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кинали на geonames.org. Посетено на 26 јануари 2021
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κίναλη -- Κοκκινόχωμα
  3. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 51.
  4. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 30.
  5. Кънчов, Васил. „Кавалска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 202.
  6. Λιθοξόου, Δημήτρης. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913 – Μακεδονία“ (грчки). Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 26 јануари 2021.
  7. „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.