Прејди на содржината

Кусороб

Координати: 40°52′N 24°5′E / 40.867°N 24.083°E / 40.867; 24.083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кусороб
Μεσορόπη
Поглед на селото
Поглед на селото
Кусороб is located in Грција
Кусороб
Кусороб
Местоположба во областа
Кусороб во рамките на Кушница (општина)
Кусороб
Местоположба на Кусороб во Кавалскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°52′N 24°5′E / 40.867°N 24.083°E / 40.867; 24.083
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаКушница
Општ. единицаПиери
Надм. вис.&10000000000000310000000310 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно467
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кусороб или Косруп (грчки: Μεσορόπη, Месоропи) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 467 жители (2021).

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во југозападните падини на планината Кушница, околу 20 км југоисточно од гратчето Правишта, на надморска височина од 310 м.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Кусороб било грчко село во Правишката каза на Драмскиот санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кусороб:

Косруп, христијанско село; една црква, едно училиште. Дел од населението се занимава со земјоделство, а другиот со ткаенини од кожа (мутафчилак). Жителите се Грци. Од градот е на растојание од 4 часа.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кусороб имало 780 жители Грци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кусороб или Косруп (Koussorob, Kosroup) имало 755 Грци.[5]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.478 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 866 лица.[2]

Во 1923 г. во селото биле населени десеттина бегалски семејства (вкупно 47 бегалци).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 1.456 жители.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Обработливите површини на селото се мошне ограничени поради својата местоположба. Главни земјоделски производи се тутун и пченица. Во минатото, сточарството било поразвиено, но денес нема посебно значење.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.400 1.309 1.207 802 735 648 610 456 467
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 28 квадратни километри.[2] Општината Кусороб била приклучена во општината Пиери во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.

Селото припаѓа на општинската единица Пиери со седиште во селото Моштијан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кусороб, во кој е единствено село.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Полициска станица

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Махмуд-агиниот мост кај селото

Мостови

Личности

[уреди | уреди извор]

Родени во Косоруб

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 228.
  3. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 50.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 232–233. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]