Дренич
| Дренич Αντιφίλιπποι | |
|---|---|
Поглед на селото | |
|
Местоположба во областа | |
| Координати: 40°57′N 24°13′E / 40.950°N 24.217°E | |
| Земја | Грција |
| Област | Источна Македонија и Тракија |
| Округ | Кавала |
| Општина | Кушница |
| Општ. единица | Правишта |
| Надм. вис. | 100 м |
| Население (2021)[1] | |
| • Вкупно | 782 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Дренич или Дранич (грчки: Αντιφίλιπποι, Антифилипи, до 1927 г. Δρανίτσι, Драници[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 782 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во североисточните падини на планината Кушница, околу 7 км северозападно од гратчето Правишта, на брегот на поранешното езеро Берекетли Ѓол, на надморска височина од 100 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Според Тодор Симовски, во минатото покрај турското население живееле и Македонци-муслимани, кои во изворите погрешно се воделе како „Турци“.[3] Во XIX век Дренич било мешано село во Правишката каза на Драмскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дренич:
| „ | Дранич, муслиманско село; една џамија, едно муслиманско училиште. Жителите се Помаци. Од градот е на растојание од половина час.[4] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дренич имало 400 жители Турци.[5]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 509 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 438 лица.[3]
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 123 бегалски семејства (вкупно 460 бегалци) од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.[3][6] Во 1927 година, името на селото било променето во Антифилипи (Αντιφίλιπποι)[2], според неговата местоположба — спротивно од древномакедонскиот град Филипи.
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 878 жители.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението произведува тутун, пченица, пченка и други земјоделски производи.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
| Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 832 | 951 | 960 | 802 | 859 | 813 | 1.073 | 869 | 782 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11 квадратни километри.[3] Општината Дренич била приклучена во општината Правишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кушница.
Селото припаѓа на општинската единица Правишта со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дренич, во кој е единствено село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- 1 2 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 3 април 2025.
- 1 2 3 4 5 6 7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. i дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 225.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 49.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 2012-06-30, Посетено на 2025-04-03
| ||||||||||||||||||||||||||||||