Карјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карјани
Село
Карјани is located in Грција
Карјани
Карјани
Координати: 40°45′5″N 23°58′57″E / 40.75139° СГШ; 23.98250° ИГД / 40.75139; 23.98250Координати: 40°45′5″N 23°58′57″E / 40.75139° СГШ; 23.98250° ИГД / 40.75139; 23.98250
ДржаваГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОпштинаКушница
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2011)
 • Вкупно591
ДемонимКарјанец/ка

Карјани или Карјан (грчки: Καριανή, Каријани, до 1928 година Κάργιανη, Карјани)[1] - село во Егејскиот дел на Македонија, Грција, дел од општината Кушница, област Источна Македонија и Тракија со 591 жител (2011г.).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е расположено недалеку од западниот брег на Струмскиот Залив.

Историја[уреди | уреди извор]

Северозападно од селото е расположена крепоста Палеокастро (букв. Стар Замок), објавена за споменик на културата. Во 1980 година крепоста била објавена за споменик на културата.[2]

На крајот на XIX век Карјани е грчко-турско село во Правишката каза на Османлиската Империја. Александар Синве („Грците во Османлиската Империја. Статистичка и етнографска студија“), кој што се заснова на грчки податоци, во 1878 година пишува, дека во Карајани живеат 720 грци. Кон 1900 година според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Карјани (Каријан) живеат 150 Турци, 400 Грци и 50 Цигани.[3][4]

Селото потпаѓа во Грција после Втората балканска војна во 1913 година. Во 20-тите години турското население се иселува по спогодбата за размена на население меѓу Грција и Турција после Лозанскиот договор и на негово место се населени Грци бегалци од Турција. Во 1928 година селото е мештанско-бегалско со 44 семејства со 173 луѓе.[5]

Попис
Година Жители
2001 696
2011 591

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάργιανη -- Καριανή
  2. „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Α1/Φ18/68159/3413/4-12-1979 - ΦΕΚ 93/Β/31-1-1980“ (грчки). Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 26 јануари 2021.
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 47.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.